Прејди на содржината

Бег

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бег — турска воена титула со ранг на полковник. Се употребува да означи ѝ господар, господин, благородник.[1]

Беговите во Отоманското Царство претставувале водачи односно управители на определен регион, провинција или вилает со кои владееле. Неговите територии се нарекувале бејлик или беговина кое одговара на емиратство или кнежевство. Историски во почетокот првите три владетели на империјата имале титула на бегови, а не на султани. Прв кој ја добил титулата султан бил Мурат I во 1383 година. Од тој период, титулата бег започнала да се користи за управниците на провинциите или вилаетите. Важните османлиски провинции имале своја автономија. Градовите, како Бурса и Едрене, имале владетел со титула бег, а подоцна оваа титула ја имал и владетелот на Тунис. Подоцна, во 19 век оваа титула била редуцирана како почесен назив, слично како титулите сер во Англија или Господин во Македонија.

Бегот како тема во народната поезија

[уреди | уреди извор]
  1. Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 67. ISBN 9989-624-46-1. no-break space character во |last= во положба 15 (help)
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 69-74.
  3. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 110-116.
  4. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 169-172.
  5. Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. 89-118.