Наксос
Наксос Νάξος | |
---|---|
Местоположба во областа Naxos-port.JPG | |
Координати: 37°3′N 25°29′E / 37.050° СГШ; 25.483° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Јужен Егеј |
Округ | Наксос |
Најг. вис. | 1,003 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. | 18,904 (2.011) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Наксос (Νάξος) — грчки остров и најголем од Киклади. Островот претставувал центар на архаичната Кикладска цивилизација. Островот е познат како извор на ерери, карпа богата со корунд, која во денешно време е една од најдобрите достапни абразиви.
Најголемиот град и главен град на островот е Наксос, со 6.533 жители (попис од 2001 година). Главните села се Филоти, Априрантос, Вивлос, Агиос Арсениос, Коронос и Глинадо.
Историја
[уреди | уреди извор]Митологија
[уреди | уреди извор]Според старогрчката митологија, младиот Зевс бил воспитан во пештера на планината Зас. Хомер споменува за Дија додека Карл Керењи објаснува:
- „Ова име, Дија, што значи „небесно“ или „божествено“, било применувано за неколку мали карпести острови во нашето Егејско Море, кои сите лежеа во близина на поголемите острови, како Крит или Наксос. Името било пренесено дури и на островот Наксос, бидејќи било пошироко претпоставено од било кој друг за да биде брачен остров на Дионис[2].“
Една легенда вели дека пред Тројанската војна, Тезеј ја донел Аријадна на овој остров откако помогнала да го убие Минотаур и да избега од лавиринтот. Дионис (бог на виното), кој бил заштитник на островот, се запознал и се вљубил во неа. Но, на крајот, Аријадна била убиена од Артемида.
Праисторија
[уреди | уреди извор]Пештерата Зас, населена за време на неолитската ера, содржи предмети од камен од Мелос и бакарни предмети. Присуството на злато и други предмети во пештерата им покажало на истражувачите дека местото било населено[3].
Класичен период
[уреди | уреди извор]Во текот на 8 и 7 век п.н.е., Наксос доминирал во трговијата во Киклади. Наксос била првата грчка градска држава која се обидела да ја напушти Делианската лига околу 476 п.н.е. Атина брзо ја отфрлила идејата и насилно ги отстранила сите воени поморски бродови од контролата на островот. Атина потоа побарала сите идни исплати од Наксос да бидат во форма на злато, а не во форма на воена помош.
Херодот го опишува Наксос околу 500 п.н.е. како најпросперитетен грчки остров[4].
Во 502 п.н.е., неуспешниот напад на Наксос од страна на персиските сили довел да неколку истакнати луѓе во грчките градови Јонија да се побунат против Персија во т.н. Јониски револт, а потоа и во војната помеѓу Грција и Персија.
Византиски период
[уреди | уреди извор]Папата Мартин бил затворен на островот Наксос речиси една година откако бил уапсен од страна на византиските власти во Рим, поради неговото одржување на синод на кој го осудил монотелитизмот. Тој бил задржан на островот пред да биде одведен во Цариград за да му се суди. Додека бил на островот, тој му пишувал често на некој Теодор кој живеел во Цариград[5] .
Во времето на Византија, Наксос бил дел од темата Егејско Море, која била основана во средината на 9 век.
Војводство Наксос
[уреди | уреди извор]По завршувањето на Четвртата крстоносна војна, венецијанецот Марко Санудо го освоил островот и наскоро го окупирал остатокот од островите на Киклади. Од сите острови, единствено Наксос пружел отпор, чија опсада на главниот замок продолжила пет недели, кога замокот се предал[6].
Наксос станал седиште на Војводство Наксос, каде Марко Санудо владеел со титулата Војводата од Наксија. Дваесет и еден војвода во две династии владееле со Наксос, до 1566. Венециското владеење продолжило до 1714 година. Под венецијанско владеење, островот бил наречен според неговото италијанско име, Насо.
Османлиска контрола (1566-1821)
[уреди | уреди извор]Отоманската администрација останала во рацете на Венецијанците; загриженоста на Портата била задоволувана преку враќањето на даноците. Многу малку Турци некогаш се населиле на Наксос, а турското влијание на островот секогаш било мало. Под османлиско владеење островот бил познат како Накша. Османлискиот суверенитет траел до 1821 година, кога островот станал дел од Грција во 1832 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Најголемиот град и центар на островот е Хора, понекогаш нарекуван и град Наксос, со население од околу 11.000 жители. Во општи црти островот има jajцевидна форма и географски се дели на планински Наксос (на исток и север) и рамен Наксос (на запад и југ).
Наксос се пресекува од север на југ од планинско место кое е речиси насекаде голо и карпесто со геолошки формации главно во централниот дел, блиску до Керамоти, додека на југ се формираат два масиви - Зевс (999 метри) и Коронас (997). Друг висок врв е Фанари (908 метри). Зевс е највисоката точка на Кикладите. Планината е природна бариера за влажни воздушни маси кои предизвикуваат значителни дождови на островот. Релативно високите височини ја прават климата помека на лето. Во зима, понекогаш врвовите на Зевс се покриени со снег.
Во западниот дел на островот е сместен полуостровот Стелис (Стелида) кој го затвора Заливот Свети Прокопиј, во северниот дел на кој се наоѓа и пристаништето на главниот град на островот. Првите работи на создавање на пристаништето на Хора започнале во 1919 година преку поврзувањето на островите Палатија, Стронгилис и Вакхос. На север, пристаништето на Панмормос ги брани бродовите од северните ветрови.
Климата е средоземна, со релативно благи зими и многу топли лета[7].
Климатски податоци за Наксос | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 22.2 (72) |
22.3 (72.1) |
25.4 (77.7) |
30.5 (86.9) |
33.6 (92.5) |
36.2 (97.2) |
37.4 (99.3) |
34.0 (93.2) |
33.0 (91.4) |
30.8 (87.4) |
28.8 (83.8) |
24.0 (75.2) |
37.4 (99.3) |
Прос. висока °C (°F) | 14.3 (57.7) |
14.4 (57.9) |
15.7 (60.3) |
18.6 (65.5) |
21.9 (71.4) |
25.7 (78.3) |
26.6 (79.9) |
26.2 (79.2) |
24.6 (76.3) |
21.4 (70.5) |
18.6 (65.5) |
15.8 (60.4) |
20.3 (68.5) |
Сред. дневна °C (°F) | 12.0 (53.6) |
12.1 (53.8) |
13.3 (55.9) |
16.1 (61) |
19.4 (66.9) |
23.2 (73.8) |
24.7 (76.5) |
24.4 (75.9) |
22.6 (72.7) |
19.3 (66.7) |
16.2 (61.2) |
13.7 (56.7) |
18.1 (64.6) |
Прос. ниска °C (°F) | 9.3 (48.7) |
9.3 (48.7) |
10.2 (50.4) |
12.5 (54.5) |
15.4 (59.7) |
19.2 (66.6) |
21.7 (71.1) |
21.7 (71.1) |
19.8 (67.6) |
16.6 (61.9) |
13.4 (56.1) |
10.9 (51.6) |
15.0 (59) |
Најниска забележана °C (°F) | 0.4 (32.7) |
−1.0 (30.2) |
2.0 (35.6) |
5.1 (41.2) |
7.1 (44.8) |
12.0 (53.6) |
14.8 (58.6) |
13.6 (56.5) |
11.2 (52.2) |
7.2 (45) |
4.5 (40.1) |
2.0 (35.6) |
−1.0 (30.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 71.3 (2.807) |
58.6 (2.307) |
49.8 (1.961) |
18.4 (0.724) |
9.8 (0.386) |
2.8 (0.11) |
0.6 (0.024) |
2.8 (0.11) |
5.7 (0.224) |
39.3 (1.547) |
47.4 (1.866) |
69.4 (2.732) |
375.9 (14.799) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm) | 8.4 | 7.7 | 5.7 | 3.1 | 1.4 | 0.5 | 0.1 | 0.1 | 0.6 | 3.0 | 5.0 | 8.6 | 44.2 |
Прос. релативна влажност (%) | 72.0 | 71.2 | 72.0 | 69.5 | 70.7 | 67.8 | 68.7 | 70.2 | 71.1 | 73.2 | 73.8 | 73.3 | 71.1 |
Извор: NOAA[8] |
Геологија
[уреди | уреди извор]Од геолошка гледна точка Наксос е изграден од различни типови кристалинни шкрилци, гнајс, како и мермер. Карпи со плеистоценска возраст се откриваат на полуостровот Стилидас како и на север и североисток, во близина на брегот. Карпи од вулканско потекло се наоѓаат во близина на Енгарес и на други места. Покрај мермерот во централниот дел и североисточниот дел, во близина на Коронос, постојат и депозити од песочник.
Население
[уреди | уреди извор]Година | Население | Промена |
---|---|---|
1981 | 14,037 | – |
1991 | 14,838 | +801/+5.71% |
2001 | 18,188 | +3,350/+22.58% |
2011 | 18,904 | +716/+3.93% |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Туризам
[уреди | уреди извор]Наксос денес пертставува популарно туристичко одредиште. Има голем број на плажи, како што се оние во Агиа Ана, Агиос Прокопиос, Аликос, Кастраки, Микри Вигла, Плака и Агиос Георгиос, повеќето од нив во близина на Хора. Како и другите острови, Наксос се смета за ветровито место совршено за сурфање на ветер. Постојат седум спортски клубови на островот кои ги нудат и овие спортови и други активности за вода.
Земјоделство
[уреди | уреди извор]Наксос е најплодниот остров на Кикладите. Има добро снабдување со вода во регион каде што водата обично е несоодветна. Планината Зевс (1.004 метри) е највисокиот врв на Кикладите. Ова го направи земјоделството важен економски сектор со различни растителни и овошни култури, како и сточарството, што го направи Наксос најосновниот остров во Кикладите. Наксос е добро познат во Грција по сирењето, компирот и Китрон, локален лимон-цитрус.
Спорт
[уреди | уреди извор]- Панаксијакос (спортски клуб)
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Калиник III Цариградски (починал во 1726)
- Никодим Светогорски (1749-1809), светец
- Петрос Протопападакис (1854-1922), премиер на Грција
- Манолис Глезос (роден 1922), политичар, писател
- Јаковос Камбанелис (1922-2011), поет, драматург, лирик и романописец
- Јаковос Нафплиос (1864-1942), кантор
- Кети Чомата (1946-2010), пејачка
- Јоргос Ниниос (роден 1959), глумец
- Стелиос Манолас (роден 1961), фудбалер
- Костас Манолас (роден 1991), фудбалер
- Николаос Микониос, борец во Грчката војна за независност
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Светилиште на Дионис
-
Сфинга од Наксос
-
Кула Криспи
-
Црква Панагија Дросијани
-
Манастир Фенеромени
-
Католичка црква
-
Коронос
-
Филоти
-
Кула во Филоти
-
Аполонас
-
Керамоти
-
Кула
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Kerenyi, Karl (1951). The Gods of the Greeks. стр. 271–272.
- ↑ P Halstead – Neolithic Society in Greece Continuum International Publishing Group, 1999 Retrieved 4 July 2012 ISBN 1850758247
- ↑ Херодот, 5.28,5.31
- ↑ Andrew Ekonomou. Byzantine Rome and the Greek Popes. Lexington books, 2007
- ↑ William Miller, The Latins in the Levant (New York: E.P. Dutton, 1908), p. 43
- ↑ „Climate Summary“. Архивирано од изворникот на 2014-04-29. Посетено на 2018-12-01.
- ↑ „Naxos Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на 2 March 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Наксос“ на Ризницата ? |
- New unpublished Photos from Naxos inclusive Tourist-Infos
- Матична страница (германски) (грчки) (англиски)
- Moving Postcards Naxos Архивирано на 15 јули 2016 г.
- Mulicipality of Naxos and Small Cyclades