Тонга
Кралство Тонга Puleʻanga Fakatuʻi ʻo Tonga (тонгански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Ko e ʻOtua mo Tonga ko hoku tofiʻa" „Бог и Тонга се моето наследство“ |
||||||
Химна: Ko e fasi ʻo e tuʻi ʻo e ʻOtu Tonga Песната на кралот на Тонганските Острови |
||||||
Главен град | Нукуалофа | |||||
Најголем град | гл. град | |||||
Службен јазик | ||||||
Народности (2018[1]) | ||||||
Демоним | Тонганец | |||||
Уредување | Унитарна парламентарна уставна монархија |
|||||
• | Монарх | Тупоу VI | ||||
• | Премиер | Похива Туионетоа | ||||
Законодавство | Собрание | |||||
Независност | ||||||
• | од британска заштита | 4 јуни 1970 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 748 км2 (175-та) | ||||
• | Вода (%) | 4.0 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2016 | 100,651[2] | ||||
• | Густина | 139 жит/км2 (76-таa) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупен | $655 милиони | ||||
• | По жител | $6,496[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | $493 милиони | ||||
• | По жител | $4,888[3] | ||||
ИЧР (2018) | ▼ 0.717[4] висок · 105-та |
|||||
Валута | Панга (TOP ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+13) | |||||
Се вози на | left | |||||
НДД | .to | |||||
Повик. бр. | +676 | |||||
а. | Според податоците од 2005. |
Тонга (тонгански и англиски: Tonga), официјално Кралство Тонга (Puleʻanga Fakatuʻi ʻo Tonga, Kingdom of Tonga), — независна островска држава во Океанија составена од 176 острови кои се распространети на океанска површина од 700.000 км2. Тонга има вкупна површина од 748 км2 и од вкупно 176 острови, 52 се населени.[5] Кралството има вкупно население од 104.000 жители и главен град на државата е Нукуалофа.
Тонганските Острови се познати и како Пријателски Острови, име кое го добиле по посетата на Џејмс Кук во 1773 како резултат на пријателскиот дочек на месното население. Џејмс Кук пристигнал на островите за време на фестивалот Инаси. Тонга е единствената нација во регионот која официјално не била под колонизација.[6] Иако Тонга е кралство подолг период, во 2010 година државата презела големи чекори кон целосно воведување на стабилна уставна монархија со воведување на реформи. Наскоро, се одржале првите парламентарни избори во државата и тоа резултирало со избор на Сиале Атаонго Туивакано како прв премиер на Тонга.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Во повеќето полинезиски јазици името „Тонга“ значи југ. Името Тонга доаѓа од зборот „Тонгахахаке“ што значи југоисток, и според традицијата се предавало како „ветерот што дува од југоисток“
Историја
[уреди | уреди извор]Тонга ја населил праполинезискиот народ. Во 12 век Тонганците и нивниот водач, Туи Тонга, имале силна почит и влијание во целиот регион во Тихиот Океан што многу историчари ја нарекуваат тогашната државна структура Тонганска Империја. Во 15 век, и повторно во 17 век, избиле граѓански војни. За време на граѓанската војна во 17 век пристигнале холандските истражувачи предводени од Вилем Шоутен и Јакоб ле Мер во 1616. Подоцна, европски морепловци започнале да доаѓаат на островите како на пример капетан Кук во 1773, 1774, 1777, Алесандро Маласпина во 1793 и Валтер Лори Булер во 1822.
Во 1845 младите тонгански војници, ораторот Тауфахау и стратегисти ја обединиле Тонга во кралство. Тој бил именуван со титулата Туи Канокуполу, но бил покрстен со името „Крал Џорџ’. Во 1875 година со помош од мисионерката Ширли Бејкер, тој ја прогласил Тонга за уставна монархија.
Тонга станала заштитена држава со договорот за пријателство потпишан на 18 мај 1900 помеѓу кралот и европските доселеници. За време на Британската Империја, Тонга била дел од Британската Западнопацифичка територија од 1901 па до 1952. Иако Тонга била под заштита на Британија, таа е единствената држава во Тихиот Океан која никогаш не била под комплетно управување од колонизатор и особено не била под влијание на кралицата од Британија.
Договорот помеѓу Тонга и Британија завршил во 1970 година. Во 1970 се приклучила во Комонвелтот и е единствена држава со свој крал, неприфаќајќи ја кралицата од Британија. Во ООН се приклучила во 1999.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Тонга е архипелаг, се наоѓа во Тихиот Океан, јужно од Западна Самоа. Архипелагот е составен од 176 острови од кои 36 се населени. Островите се поделени во три групи: Вавау, Хапаи и Тонгатапу. Најголемиот остров, Тонгатапу, на кој се наоѓа главниот град Нукуалофа, има површина од 257 км2. Геолошки гледано, Тонгоанските острови се од два вида: повеќето имаат варовничка основа од коралските формации, а додека другите се со вулканска основа[7] .
Климата на Тонга е воглавно суптропска со топли периоди од декември до април и во овој период температурата достигнува до 32 °C. Ладниот период е од мај до ноември и температурите сè до 27 °C. Просечните годишни врнежи во Тонга се ос 1.700 до 2.970 милиметри[7] .
Географски кординати: 20°S 175°W / 20° ЈГШ; 175° ЗГД
Местоположба на мапа: Океанија
Површина:
Вкупно:
748 км2
Земја:
718 км2
Вода:
30 км2
Споредба на територија: двојно помалку од територијата на Град Скопје
Граници: 0 км
Брег: 419 км
Политички систем
[уреди | уреди извор]Тонга оперира како уставна монархија. Критиките кон монархот на Тонга се воглавно дека е против традицијата и културата на Тонга. Кралското семејство и блиските соработници живеат во богати средини, додека останатото население на Тонга живее во посиромашни средини што го создава незадоволството на народот.
Тонга овозможува бесплатно и задолжително основно образование за деца до 14 години, со мала цена за средно образование. Исто така се овозможуваат стипендии за студирање во странство. Тонга има висок степен на образование, со околу 98% писменост на населението.
Земјата на Тонга е заштитена и не може да се продаде на странци. На најголемиот остров повеќето од територијата е урбанизирана, додека земјиштето на останатите острови е обработлива и погодна за земјоделство. Мажите и жените имаат еднаков пристап кон образованието и здравството во Тонга, но жените не се толку вклучени во поседувањето на земјата, изборните процеси и министерските места. Традиционално, жените имаат поголем социјален статус одошто мажите.
Продемократското движење во Тонга промовира реформи, како што се подобро претставување на парламентот и подобро раководење со државата. Отфрлањето на монархијата не е дел од реформите и монархот е широко прифатен меѓу народот.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Тонга е поделена на пет административни единици: Хапаи, Тонгатапу, Еуа, Ниуа и Ваву. Секоја единица има свој главен град, додека главниот град на државата е воедно и главен град на административната единица Тонгатапу.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Тонганската економија е окарактеризирана со големиот немонетарен сектор и зависи од инвестициите на тонганската дијаспора, воглавно во Австралија, Нов Зеланд и САД. Монетарниот сектор е воглавно во рацете на кралското семејство, особено во телекомуникацискиот и сателитскиот сектор. Поголемот дел од малите бизниси се во рацете на кинеското население.
Индустриското прозиводство на Танга е само 3% од БНП на државата. Во септември 1974 година се отворила првата банка на Тонга.
Демографија
[уреди | уреди извор]Околу 70% од вкупното население на Тонга живее на островот Тонгатапу. Иако, воглавно населението тежнее да се преселува во големите ураби центри како што е Нукуалофа, сепак руралниот живот и понатака опстојува во Тонга. Секојдневниот живот е исполнет со полинезиска традиција, но и со христијански елементи. Поголемот дел од Тонганците методисти, со мала група на католици.
Тонганците се полинезиски народ и претставуваат околу 98% од вкупното население. Остатокот од населението се Европејци, воглавно Британци, мешани Европејци и останати полинезиски народи. Има и мала група на кинези.
Тонганскиот јазик е службен јазик во кралството, заедно со англискиот.
Култура
[уреди | уреди извор]Тонга била население уште пред 3.000 години. Старат култура за време на доселувањето од тој период претрпела многу промени. Пред доаѓањето на европските истражувачи во 1600-тите и раните 1700-тите години, Тонганците биле во близок контакт со околните островски нации, особено со Фиџи и Самоа. Во 1800-тите со доаѓањето на странците и мисонерите, старата тонгоанска култура се променила драстично. Некои од верувањата и обичаите биле отфрлени, а прифатени нови. Со тоа културата на Тонга била помешана како со локално стари елементи така и со нови западноевропски елементи.
Главен и препознатлив елемент од тонгоанската култура е танцот ула.
Тонгоанското население кога зборува за културата тамошна, често користи два термина: „anga fakatonga“ или традиоционален тонгански начин на живот и „anga fakapãlangi“ западниот начин на живот.
Медиуми
[уреди | уреди извор]Светски медиуми
- Тонган Дејли (The Tongan Daily)
Регионални
- Таими о Тонга (Taimi o Tonga) - Тонга, Нов Зеланд, Австралија и САД
Домашни
- Келеа (Kele'a) - весник
- Талаики (Talaki) - весник
- Калоникали (Kalonikali) - весник
- Тауатаина (Tau'ataina) - весник
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The World Factbook: Tonga: Geography“. Архивирано од изворникот на 2018-12-31. Посетено на 16 November 2018.
- ↑ [1]. Tonga 2016 Census Results (11 November 2016).
- ↑ 3,0 3,1 https://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2019/01/weodata/weorept.aspx?pr.x=88&pr.y=5&sy=2017&ey=2024&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=866&s=NGDPD%2CPPPGDP%2CNGDPDPC%2CPPPPC&grp=0&a=
- ↑ „Human Development Report 2019“ (англиски). United Nations Development Programme. 10 December 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-30. Посетено на 10 December 2019.
- ↑ „Official Tongan Government Tourism Website“. Архивирано од изворникот на 2011-10-07. Посетено на 2021-08-16.
- ↑ Country Profile: Tonga. BBC News.
- ↑ 7,0 7,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-13. Посетено на 2009-06-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Тонга на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Портал на владата на Тонга Архивирано на 5 мај 2008 г.
- Законодавство на Тонга[мртва врска]
- Шеф на државата и кабинетот Архивирано на 12 јуни 2007 г.
- Тонганска комора за трговија и индустрија Архивирано на 18 декември 2014 г.
- Министерство за финансии
- Министерство за земја и природни ресурси Архивирано на 13 февруари 2005 г.
- Национална банка на Тонга
- Крунисување на кралот Џорџ Тупоу V Архивирано на 14 ноември 2018 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Тонга“ (англиски)
- Тонга на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.
- Слики од Тонга
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
|