Прејди на содржината

DOCSIS

Од Википедија — слободната енциклопедија

Data Over Cable Service Interface Specification (DOCSIS) е меѓународен стандард развиен од страна на CableLabs заедно со следниве компании: ARRIS, BigBand Networks Архивирано на 9 април 2007 г., Broadcom, Cisco, Conexant, Correlant, Intel, Motorola, Netgear, Terayon, и Texas Instruments. DOCSIS го дефинира интерфејсот за комуникација и останатите операции за пренос на податоци низ кабелски систем. На овој начин имаме пренос на податоци со големи брзини низ веќе постоечки кабелски системи (Cable TV (CATV)). Овој стандард се применува од страна на многу кабелски оператори кои обезбедуваат Интернет пристап низ нивната постоечка инфраструктура (хибриден систем на оптички и коаксијални кабли). Првата DOCSIS спецификација 1.1 се појавува во април 1999 година. Поради зголемената потреба од симетрични сервиси во реално време, како што е IP телефонијата, DOCSIS стандардот во декември 2001 се проширува на DOCSIS 2.0. Последната верзија на овој стандард DOCSIS 3.0 објавена во август 2006 година, обезбедува поддршка за Интернет Протокол верзија 6 (IPv6).

Бидејќи постојат разлики помеѓу Европските и Американските CATV системи, DOCSIS стандардите се изменети со цел да бидат применливи во Европа. Овие модификации се објавени под името "EuroDOCSIS". Главната разлика е тоа што Европските кабелски канали се засноваат на PAL TV стандардите на честота од 8 MHz, додека Американските кабелски канали се засноваат на NTSC стандардите на честота од 6 MHz. Повисокочестотниот опсег во EuroDOCSIS архитектурата дозволува поголем опсег да може да се алоцира за пренос на податоци (гледано од гледна точка на клиентите, "downstream" се користи за симнување на податоци додека "upstream" за качување на податоци).

Во Јапонија имаме други варијации на DOCSIS.

Меѓународната организација International Telecommunications Union Telecommunications Standardization Sector (ITU-T) ги усвои двете верзии на DOCSIS како меѓународни стандарди. DOCSIS 1.1 беше ратификувана како ITU-T Препорака J.112 Додаток B; соодветно, DOCSIS 2.0 беше ратификувана како ITU-T Препорака J.122. DOCSIS 2.0/J.122 е вертикално компатибилен со DOCSIS 1.1/J.112 Додаток B.

Забелешка: Додека ITU-T Препорака J.112 Додаток B соодветствува со DOCSIS/EuroDOCSIS 1.1. Додатокот A го опишува претходниот Европски кабелски систем ("DVB EuroModem") кој се заснива на ATM стандардите за трансмисија. Додатокот C ги опишува варијантите на DOCSIS 1.1 кои се дизајнирани за Јапонскиот кабелски систем. ITU-T Препорака J.122 соодветствува на DOCSIS 2.0, J.122 Додаток F соодветствува на EuroDOCSIS 2.0, а J.122 Додаток J се однесува на Јапонската варијанта на DOCSIS 2.0 (аналогна на Додатокот C од J.112).

DOCSIS архитектурата вклучува два главни елемента: кабелски модем (КМ) поставен на страната на корисникот и терминален систем за кабелски модем (ТСКМ) поставен кај кабелскиот оператор.

ТСКМ е уред кој ги вдомува downstream и upstream портите (функционално е сличен на дигитален мултиплексер (DSLAM)). За дуплекс комуникација помеѓу ТСКМ и КМ потребни се две физички порти (за разлика од Ethernet, каде една порта обезбедува дуплекс комуникација). Поради постоење на повратни шумови има повеќе upstream порти отколку downstream порти.

За да може некој кабелски оператор да работи со DOCSIS 1.1 и погоре, тој мора да направи надградба на неговата Хибридна оптичко коаксијална мрежа (ХОК) за да може да подржи upstream сообраќај. Без оваа надградба, стариот DOCSIS 1.0 стандард допушта пренос на податоци низ кабелскиот систем, но со имплементација на upstream преку телефонска линија, т.е. преку "plain old telephone service" (POTS). Ако ХОК веќе е двонасочна или интерактивна, шансите за имплементација на DOCSIS 1.1 стандардот или некоја повисока верзија на стандардот се повисоки.

Личниот сметач на корисникот и соодветните периферни уреди се треминирани, т.е. поврзани на кабелски модем, кој пак е поврзан преку ХОК мрежата со ТСКМ кај кабелскиот оператор. ТСКМ потоа врши насочување на сообраќајот помеѓу ХОК мрежата и Internet. Со користење на ТСКМ, кабелскиот оператор (или Оператори на Повеќе Сервиси - ОПС) може да практикува целосна контрола врз мрежата. Конфигурацијата на KM може да се менува со цел да се задоволат различните потреби на корисниците или условите на мрежата.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]