Амурска Плоча
Амурска Плоча | |
---|---|
Вид | мала |
Движење1 | јужно |
Брзина1 | 10 мм годишно |
Опфаќа | Амур, Јалу, Кореја, Манџурија, Бајкалско Езеро, Јапонско Море, југозападно Хоншу (Кансај, Чугоку), Шикоку, највеќето од Кјушу |
1Во однос на Африканската Плоча |
Амурска Плоча — мала тектонска плоча на северната и источната полутопка.
Плочата е нарчена по реката Амур, која ја образува границата помеѓу Рускиот Далечен Исток и североисточна Кина. На север, запад и југозапад се граничи со Евроазиската Плоча, на исток со Охотската, на југоисток со Филипинската долж Сурушката Бразда и Нанкајската Бразда, потоа со Окинавската и Јангцекјаншката Плоча.[1]
Можно е Амурската Плоча да е одговорна за земјотресот во Хајченг во 1975 г. и оној во Тангшан во 1976 г., двата во Кина.
Граници
[уреди | уреди извор]Амурската Плоча е микроплоча, дел од од Евроазиската, со непозната западна граница. На југ е оградена од Ќинлингшката шевна зона во средна Кина и Бајкалската Раседна Зона и Становојските Планини на север.[2]
Бајкалската Раседна Зона се смета за граница помеѓу Амурската и Евроазиската Плоча. Мерењата со ГПС покажуваат дека плочата бавно се врти надесно. Границата меѓу Охотската Плоча е источната граница на Јапонското Море.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Плочата ги зафаќа североисточна Кина, Корејскиот Полуостров, Јапонското Море, Шикоку, Кјушу, југозападно Хоншу (Кансај, Чугоку), источна Монголија и југот на Рускиот Далечен Исток.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Yu. F. Malyshev, et al. Deep structure of the Amur lithospheric Plate border zone.
- ↑ Barnes, Gina L. (2022). Tectonic Archaeology: Subduction Zone Geology in Japan and Its Archaeological Implications. Archaeopress Publishing Limited. стр. 35–6.
- ↑ Nakamura, K. (1983). „Possible nascent trench along the eastern Japan Sea as the convergent boundary between Eurasian and North American plates“. Bull. Earthq. Res. Inst.