Прејди на содржината

Чарлс Камерон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Камеронова галерија“ во Царское Село
Ахатните соби на Катерина Велика во Царское Село
Разумовскиот дворец во Батурин, Украина

Чарлс Камерон (англиски: Charles Cameron; 174319 март 1812) бил шкотски архитект кој го вовел Адамовскиот стил во руската архитектура.

За неговата младост во Европа се знае малку, освен дека учел во Италија и Франција. Откога ја прочитала неговата книга на тема римски бањи, Катерина Велика го повикала во Русија да ја преуреди нејзината летна резиденција во Царское Село. Во истото место ја проектирал и таканаречената „Камеронова галерија“ со Ахатните соби, Висечките градини и Студената бања. Во овие градби, Камерон вешто ја репродуцијал разнобојната декорација на јавните римски бањи. Неговата единствена значајна црква е Софиската (Вознесенска) катедрала. За идниот цар Павле I изградил пространа резиденција, наречена Павловски дворец (Павловск), со помалку едноставна надворешност, но заслепувачки раскошен и лускузен однатре. Во периодот од 1799–1803 го обновил Разумовскиот дворец во Батурин, Украина.

Поврзано

Надворешни врски