Премиса
Во една расправа, премиса е тврдење кое е причина (или елемент на множество причини) за, или приговор против, некое друго тврдење. Со други зборови, тоа е исказ кој се зема за вистинит во контекст на расправата со цел на аргументирање кон заклучок. Премисите некогаш се изразуваат експлицитно со појаснување или за нагласок, но почесто се оставаат како неискажано очигледни или подразбирливи, или кои не служат кон концизноста на расправата. На пример, во аргументот:
- Сократ е смртен, бидејќи сите луѓе се смртни
тука очигледно и подразбирливо е тврдењето дека Сократ е човек. Наполно искажано, ова би било:
- Бидејќи сите луѓе се смртни, а Сократ е човек, следи дека Сократ е смртен.
Во овој пример, првите две независни реченици пред запирката (имено, „сите луѓе се смртни“ и „Сократ е човек“) се премиси, додека „Сократ е смртен“ за заклучок.
Во контекст на секојдневната аргументација, рационалната прифатливост на спорен заклучок зависи и од вистината на премисите, и од правилноста на умувањето од премисите до заклучокот.