Прејди на содржината

Патрај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Tetradrachm of Patraus
Пајонија и племињата.

Патрај (340/335-315 г. п. н.е.) — пајонски крал.[1]

Животопис

Тој бил син на кралот Ликеј, кој бил познат единствено по неговата монетарна продукција и еден натпис на кој се спомува тетрадрахми, како и тетраболи на пајонскиот крал Патрај. Се верува дека бил брат на Аристон,[2] а се споменува дека бил татко на пајонскиот крал Авдолеон. Ковал пари во истиот тежински стандард како и Ликеј. Позната е неговата тетрадрахма на чијшто реверсот е претставен коњаник како прободува паднат непријател, за која се претпоставува дека ја претставува победата на Аристон, братот на Патрај, над персискиот сатрап Сатропат во времето на походот на Александар Ⅲ Македонски.[3]

Поврзано

Наводи

  1. Coin of Patraus
  2. Who's Who in the Age of Alexander the Great: Prosopography of Alexander's Empire by Waldemar Heckel,2006,page 246,"... Satropates' death may be depicted on the coinage of the Paeonian king, Patraus, who appears to have been Ariston's brother (Merker 1965: 44-5; ..."
  3. Патрај

Литература

  • Е. Петрова, Пајонија во Ⅱ и И милениум пр.н.е., Скопје, 1999.