Прејди на содржината

Керквудов јаз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Хистограм кој ги прикажува четирите најголеми Керквудови јазови и нивната поделба на внатрешни, средни и надворешни астероиди од главниот појас:
  Внатрешна зона (a < 2.5 )
  средна зона (2.5 AЕ < a < 2.82 AЕ)
  надворешна зона (a > 2.82 AЕ)

Керквудови јазови или Керквудови зони се места во главниот астероиден појас во кои присуството на астероиди е многу мало. Тие одговараат на местата во кои ако би се движел астероидот неговиот период на револуција (орбитален период) би бил во целоброен однос со периодот на револуција на Јупитер (најзабележителни се соодносите 1:2, 3:5, 1:3, 2:7), т.е. тие одговараат на местата на орбитална резонанца со Јупитер.

Керквудовите зони се појавуваат како резултат на гравитациските влијанија на планетите (особено Јупитер и Марс), или орбиталните резонанции на планетите и астероидите, преку зголемено гравитациско влијание на планетите на астероидот, секогаш на исто место од орбитата. Ова доведува до зголемена занесеност на траекторијата на астероидот, кој потоа може да се судри со планета или да биде исфрлен од Сончевиот Систем. Пукнатините во прстените на Сатурн, кои се резултат на гравитациското дејство на сателитите на Сатурн, имаат слично потекло со Керквудовите зони . Астероидите кои се преблиску до Јупитер може да бидат исфрлени од Сончевиот Систем или да бидат туркани кон Сонцето по првата средба со Јупитер.

На пример, има многу малку астероиди со голема полуоска од околу 2,50 ае, период од 3,95 години, при што би направиле три револуции за секоја револуција на Јупитер (оттука, наречена 3:1 орбитална резонанца). Другите орбитални резонанции одговараат на орбиталните периоди чии должини се едноставни соодноси со Јупитер. Послабите резонанци доведуваат само до исцрпување на астероидите, додека скоковите во хистограмот често се должат на присуството на големо семејство на астероиди (види Список на семејства на астероиди ) .

Јазовите прв ги забележал Даниел Керквуд во 1866 година, кој исто така точно го објаснил нивното потекло поради орбиталните резонанци со Јупитер додека бил професор на колеџот Џеферсон во Канонсбург, Пенсилванија.

Повеќето Керквудови јазови се исцрпени, за разлика од резонанците на средно движење на 3:2 резонанците на Нептун со Јупитер, кои ги чуваат телата заробени за време на преселбата на џиновската планета според моделот Ница. Снемувањето на тела од Керквудовите јазови се должи на преклопувањето на ν5 и ν6 секуларните резонанции во рамките на резонанците на средно движење. Како резултат на тоа, орбиталните елементи на астероидите хаотично варираат и еволуираат планетопресекувачки орбити за време од неколку милиони години. Меѓутоа, 2:1 резонанцата на средно движење има неколку релативно стабилни места во рамките на резонанцата. Овие места се губат поради бавната дифузија кон помалку стабилни орбити. Овој процес, кој е поврзан со тоа што Јупитер и Сатурн имаат приближна 5:2 резонанца, можеби би се одвивал побрзо ако орбитите на Јупитер и Сатурн се поблиску една до друга.

Во поново време, релативно е мал бројот на новооткриени астероиди со високо орбитално занесување кои се наоѓаат во рамките на Керквудовите јазови. Вакви примери се:Алинда и Гриква групите. Овие орбити полека го зголемуваат својето занесување во временски период од десетици милиони години и на крајот ќе излезат од резонанцата поради блиските средби со голема планета. Поради ова астероидите се ретки во Керквудовите јазови.

Главни јазови

Најголемите Керквудски јазови се наоѓаат на среден орбатален пречник од:

  • 1.780 ае (5:1 резонанца)
  • 2.065 АЕ (4:1 резонанца)
  • 2.502 АЕ (3:1 резонанца), каде се сместени Алиндските астероиди
  • 2,825 АЕ (5:2 резонанца)
  • 2.958 АЕ (7:3 резонанца)
  • 3.279 АЕ (2:1 резонанца), Хекубов јаз, во кој се сместени Гриква астероидите.
  • 3.972 АЕ (3:2 резонанца), каде што се сместени Хилда астероидите .
  • 4.296 АЕ (4:3 резонанца), каде се сместени Туле астероидите.

Помали и/или потесни јазови се наоѓаат и на:

  • 1,909 АЕ (9:2 резонанца)
  • 2.258 АЕ (7:2 резонанца)
  • 2.332 АЕ (10:3 резонанца)
  • 2.706 АЕ (8:3 резонанца)
  • 3.031 АЕ (9:4 резонанца)
  • 3.077 АЕ (11:5 резонанца)
  • 3.474 АЕ (11:6 резонанца)
  • 3.517 АЕ (9:5 резонанца)
  • 3.584 АЕ (7:4 резонанца), каде што се сместени Кибела астероидите
  • 3.702 АЕ (5:3 резонанца).

Астероидни зони

Јазовите никогаш не можат да се видат на слика на местата на астероидите бидејќи орбитите на астероидите се елипсовидни, а многу астероиди сè уште минуваат низ пречниците што одговараат на јазовите. Густината на астероидите во просторот кај овие јазови не е многу поразлична од соседните региони.[1]

Главните јазови се појавуваат во резонанците 3:1, 5:2, 7:3 и 2:1 на средно движење со Јупитер. На пример, астероид во 3:1 Керквудов јаз би го обиколил Сонцето трипати за секоја обиколка на Јупитер. Послаби резонанци се јавуваат за други вредности на големата полуоска, каде што има помалку астероиди отколку во близина на јазот. (На пример, 8:3 резонанцата за астероиди со голема полуоска од 2,71 АЕ).

Главниот или основниот појас со најголемо присуство на астероиди во астероидниот појас може да се подели на внатрешна и надворешна зона, одделени со 3:1 Керквудов јаз на 2,5 АЕ, а надворешната зона може дополнително да се подели на средна и надворешна зона со 5:2 јазот на 2,82 АЕ:[2]

  • 4:1 резонанца (2.06 АЕ)
    • Зона I на присуство (внатрешна зона)
  • 3:1 резонанца (2,5 АЕ)
    • Зона II на присуство (средна зона)
  • 5:2 резонантен јаз (2,82 АЕ)
    • Зона III на присуство (надворешна зона)
  • 2:1 резонантен јаз (3,28 АЕ)

Веста е најголемиот астероид во внатрешната зона, Церера и Палада во средната зона и Хигија во надворешната зона. 87 Силвија е веројатно најголемиот астероид од Главниот Појас зад надворешната зона.

Поврзано

Наводи

  1. McBride, N.; Hughes, D. W. (1990). „The spatial density of asteroids and its variation with asteroidal mass“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 244: 513–520. Bibcode:1990MNRAS.244..513M.
  2. Klacka, Jozef (1992). „Mass distribution in the asteroid belt“. Earth, Moon, and Planets. 56 (1): 47–52. Bibcode:1992EM&P...56...47K. doi:10.1007/BF00054599.

Надворешни врски