Селена Гомес
Селена Гомес | |
---|---|
Гомес во октомври 2009G | |
Животописни податоци | |
Родено име | Селена Мари Гомес |
Роден(а) | 22 јули 1992 Гранд Прери, Тексас, САД |
Жанрови | Поп рок, Р&Б, денс-поп, електропоп |
Занимања | Актерка, пејачка-текстописец, музичар, моден творец |
Инструменти | Вокали, пијано |
Период на активност | 2002–сега |
Издавачи | Hollywood Records |
Соработници | Selena Gomez & the Scene Forever the Sickest Kids |
Мреж. место | selenagomez.com |
Селена Марие Гомес (22 јули 1992 година) е американска глумица, и пејачка, најдобро позната по Алекс Русо добитничката на Еми награда за учеството во телевизиската серија “Волшебници од волшебното место“. Подоцна учествувала во главните улоги во телевизиски филмови: “Уште една приказна за Пепелашка“, “Волшебници од волшебното место - Филмот“, и “Програма за заштита на принцезите“. Таа ја направи нејзината театарска деби улога во филмот “Рамона и Безус“.
Нејзината кариера се проширила во музичката индустрија, Селена е водечки вокал и основач на поп бендот Selena Gomez & the Scene, со која има издадено два студио албуми, “Kiss & Tell“ и “A Year Without Rain“, кои имаат добиено сертифицирано злато од РИАА. До април 2011 г., бендот продал 1,354,000 албуми во Соединетите Држави. Сел исто така придонела за соундтракот во “Ѕвончица“, “Уште една приказна за Пепелашка“, и “Волшебници од волшебното место “ по потпишувањето договор со Холивуд Рекордс. Во 2008 г., Селена била прогласена за амбасадор на добрата волја во УНИЦЕФ.
Гомес е родена во Големата Прерија, во Тексас.[1] Таа е ќерка на поранешна сценска глумица Манди Тифи[2] (моминско презиме Корнет) и на Рикардо Џоел Гомес. Нејзиниот татко е Мексикански Американец а нејзината мајка е со половина италијанско потекло.[3] [4] Во однос на нејзиното шпанско наследство, Гомес изјавува: “Моето семејство има Quinceañeras, и ние одиме на причестување во црква. Правиме се што е католичко, но навистина немаме нешто традиционално, освен што одиме на скара во паркот во недела после црквата.“[5] Нејзините родени родители се развеле кога таа била пет години, и таа била израсната како единствено дете од нејзината мајка.[6] [7] Во 2006 година мајка и се премажила за Брајан Тифи. Таа името го добила по пејачката Селена.[8] [9] Во интервју во 2009 година за People магазинот, изјавила дека нејзиниот интерес за глума се развил како резултат на тоа што ја гледала нејзината мајка како се подготвува и глуми во театерски претстави. Таа се здобила со висока школска диплома преку домашна обука во мај 2010 година. Гомес почнала да носи прстен за невиност кога била 12 години, и го тргнала во 2010 година.
Глумечка кариера
2002-2006 : Барни & Пријателите и рана работа
Гомес ја започна нејзината глумечка кариера кога била седум години играјќи ја Џана во серијата “Барни & Пријателите“.[10][11] Подоцна имала помали улоги во “Деца шпиони 3 –Д: крај на играта“ и ТВ филмот “Шетач, Тексаски ренџер: суд на оган“.[12] [13] Гомес исто така учествувала во главната улога во филмот “Елиминирање на мозокот“.
Во 2004 година, Гомес била откриена од Дизни каналот во национално извидување. Гомес се појави како гостинка на “Лудориите на Зак & Коди“.[14][15] и имала гостински настап кој подоцна се претворил во периодична улога заменувајќи ја Хана Монтана во втората и тртата сезона. Гомес претходно снимила две различни пилот емисии кои биле нус производ на двете претходни Дизни серии. Првата “Што мисли Стиви“ беше нус производ на Лизи Мекваер.[16][17] Гомес ја играла Стиви Санчес, помалата сестра на Миранда Санчес. Другото шоу беше насловено “Арвин“, нус производ на “Лудориите на Зак & Коди“, каде што ја игра Алекса.[18] Ниедна од сериите не беше продолжена.
2007-2009 Волшебници од волшебното место и патот до славата
Во почетокот на 2007 година Гомес учествување во серијата “Волшебници од волшебното место“ како една од трите главни ликови, Алекс Русо.[19] Шоуто премиерно се изведе пред публика од 5,9 милиони, со што стана хит. Многу медиуми почна да ја синхронизираат Гомес како следна Мајли Сајрус, предизвикувајќи некои котраверзии и караници. Гомес објасни дека немало никакви караници и дека таа е одушевена од споредбата, велејќи: “Малку е неизмерно, но навистина мислам дека тоае комплимент . Таа е очигледно многу успешна и мислам дека е прекрасен изведувач. Па да бидеш споредуван со неа, тоа е вистинско задоволство.“
Во 2008 година Гомес се појави во “Уште една приказна за Пепелашка“, директно на ДВД продолжение на филмот на Хилари Даф во 2004 година, во кој глумеше наспроти Дру Сили.[20] Таа исто така имаше мала нарациска улога како една од деведесет и шесте ќерки на Градоначалникот во “Хортон?“[21] кој беше издаден во март истата година. Во април Лејси Роус од Форбес ја рангира Гомес на петтото место на нивната список на Осум најјаки детски ѕвезди, и ја опиша како повеќе талентирана тинејџерка.
Во јуни 2009 година Гомес направи гостинско појавување во една од епизодите- “Сони со шанса“, на нејзината најдобра пријателка Деми Ловато.[22] Истата година Гомес се појави заедно со Ловато во телевизискиот филм “Програма за заштита на принцезите“ кој е во продукција на Дизни каналот.[23] Телевизиското емитување собра 8,5 милиони гледачи[24] со што во тоа време стана третиот најгледан оригинален филм на Дизни каналот. Еден месец подоцна, Гомес заедно со два члена од филмот “Волшебниците од волшебното место“ се појавија на една телевизиска епизода со Хана Монтана и Лудориите на палубата, насловена “Волшебници на палубата со Хана Монтана“. На 28 август два месеца по појавувањето во филмот “Програма за заштита на принцезите“, Гомес се појави во “Волшебници од волшевното место-филмот“, телевизиски филм заснован на шоуто.[25] Филмот премиерно се појави пред публика од 11.4 милиони гледачи со што стана број 1 филм емитуван во 2009 година и втор најгледан филм на Дизни каналот по “Средношколски мјузикал 2“.,[26] [27] [28] Во февруари 2009 година, Гомес потпиша договор со кој ќе учествува во една од двете водечки женски улоги во Рамона и Бизус, филм адаптација на необичните детски роман серии од Беверли Клири.[29] [30] Гомес изјавила дека не е под притисок да учествува во улоги за повозрасни: “ Мислам дека сум целосно свесна за мојата публика и самата јас сум сè уште дете. Не би учествувала во улога во која нема да се чувствувам пријатно, или пак во која мојата публика ќе се чувствува непријатно гледајќи.
Од 2010 до денес: фокусирана на филм
Првиот театриски филм на Гомес “Рамона & Безус“ премиерно бил издаден на 23 јули 2010 година, и добил главно позитивни критики.[31] Во март 2010 година списанието Variety објавило дека Гомес била избрана да учествува во една од трите главни улоги во филмот Монте Карло, заедно со Лејтон Мистер и Кети Касиди.[32] Во филмот Гомес ја игра Грејс , девојка која е помешана со човек од џет-сетот на едно патување за Париз.[33] За да се подготви за улогата Гомес научила да игра поло, и исто така две недели одела на вокална подготовка за да научи два различни Британски акценти.[34] [35] Истата година Гомес потврди дека четвртата сезона од нејзининото хит шоу “Волшебници од волшевното место“, ќе биде последна.
Во февруари 2011 година, Deadline.com изјавија дека Универзалните Слики и Strike Entertainment се здобиле со новелата “Тринаесет причини зошто“ од Џеј Ашер со Гомес приврзана во главната улога. Истиот месец TV Guide објавија дека Гомес ќе направи кратко појавување во претстојниот Мапетс филм. Гомес е поставена за ко-домаќин на MuchMusic Видео Наградите на 19 јуни 2011 година.[36]
Музичка кариера
2009: соло кариера
Во 2008 година Гомес ја сними насловната страна на албумот "Круела Д'Вил" - кој вклучува музичко видео за компилацискиот албум Дизниманиа 6. Гомес сними три песни за филмот “Уште една приказна за Пепелашка“, во којсе појавува и самата. Гомес исто така ја сними песната "Fly to Your Heart" за анимираниот филм “Ѕвончица“ во 2008 година. Во јули 2008 година, пред нејзиниот 16 ти роденден, таа потпиша музички договор со Холивуд Рекордс, музичка издавачка куќа во сопственост на Дизни. Во 2009 година ја сними песната "One and the Same" за филмот “Програма за заштита на принцезата“ дует со Ловато, двете се појавија во филмот. Гомес снимила четири песни, од кои една била соундтрак во филмот “Волшебниците од Веверли“ , а само еден сингл (Magic) од албумот бил издаден. Во мај истата година Гомес ја извела песната “Forever the Sickest Kids“, на дует верзија на песната „Whoa Oh!“ која не се наоѓа на албумот.
2009-до сега: Selena Gomez & the Scene
Формиран во 2009 година Selena Gomez & the Scene е тинејџерски поп бенд кои го сочинуваат Селена Гомес-пејачка, Етан Робертс свири на гитара, Џои Клемент на бас, Грег Гарман на тапани, и Ден Форест на синтисајзер. “Kiss & Tell“ е деби студискиот албум на бендот и беше издаден на 29 септември 2009 година од Холивуд Рекордс.[37] На 5 март 2010 година албумот добил златна сертификација од РИАА,[38] а синглот "Naturally" добил сертифицирана платина од РИАА на 15 јули 2010 година. Вториот албум на бендот “A Year Without Rain“ беше издаден на 17 септември 2010 година. Овој албум дебитираше на 4 место на Билборд 200 топ листата со продадени 66 000 копии.[39] На 19 јануари 2011 година албумот добил сертифицирано злато од РИАА. Третиот албум на бендот When the Sun Goes Down, бил објавен на 28 јуни 2011година.[40] Гомес преку нејзиниот официјален твитер изјави дека нивниот водечки сингл ќе биде насловен "Кој вели". Синглот претходно бил закажан во живо на премиерата на “Во воздух“ со Рајан Сикрест на 10 март, но бил објавен два дена порано на 8 март. Придружниот видео запис, кој бил режиран од Крис Еплбаум, имаше премиера на 11 март на Дизни Каналот. Синглот ќе добие сертифицирано злато од РИАА на 9 јуни 2011 година.
Други проекти
Човекољубие/ Филантропија
Гомес била вклучена во кампањата за броење на гласови која ги поттикнува тинејџерите да научат повеќе за претседателските кандидати во 2008 година, Барак Обама и Џон МекКејн.[41] Во октомври 2008 година Гомес учествувала во програмата насловена Патека кон Живот во детската болница Св. Јуда.[42] Гомес е портпарол на млекото Borden, таа учествувала во целата печатена кампања и во телевизискитте реклами.[43] Таа е амбасадор на DoSomething.org откако била вклучена во добротворната организација Island Dog, која им помага на кучињата во Порторико. Таа се вклучи во оваа програма за време на снимањето на филмот “Волшебниците од волшевното место“ во Порторико.[44] Гомес е портпарол на државното осигурување за домаќинството, и вклучена е во нивните телевизиски реклами, што се вртат на Дизни каналот, со цел да се подигне свеста и да се биде безбеден возач.[45] Гомес исто така е вклучена во хуманитарна акција во Конго насловена Надеж за Конго, и добротворната организација помага за подигање на свеста за насилството врз жените во Конго.
Во октомври 2008 година, Гомес беше именувана за порпарол на УНИЦЕФ за кампањата Почести или излажи, која ги охрабруваше децата да соберат пари на Ноќта на Вештерките за да им помогнат на децата низ светот. Таа изјави дека била екстремно возбудена што имала можност да охрабри други деца за да направат разлика во светот. Во август 2009 година, седумнаесетгодишната Гомес станала најмладиот амбасадор на УНИЦЕФ некогаш, поминувајќи ја нејзината колешка Хајли Вестенра која имала 18 години. Во нејзината прва официјална теренска мисија, Гомес отпатувала за Гана на 4 септември 2009 година на една недела да сведочи од прва рака за лошите услови на ранливите деца на кои им недостасуваат виталните потреби: чиста вода, храна, образование, и здравствена грижа. Гомес објаснила за време на интервју со Associated Press дека таа сака да ја искористи нејзината моќ како ѕвезда и да ја подигне свеста во Гана. Затоа се чувствувам толку почестена што имам глас којшто децата го слушаат и го земаат предвид. Имаше луѓе на мојата турнеја кои ме прашуваа каде е Гана, и ја бараа на Googlе, и бидејќи јас бев таму сега тие знаат каде е Гана. Па навистина е доста неверојатно. Гомес во улога на амбасадор изјави дека секој ден умираат 25 000 деца од причини кои можат да се спречат. Јас заедно со УНИЦЕФ верувам дека можеме да го смениме тој број од 25 000 на нула. Знам дека можеме да го постигнеме тоа бидејќи во секој момент УНИЦЕФ е на теренот обезбедувајќи им на децата помош за спасување на животот со цел таа цифра нула да стане реалност.
Гомес по вторпат била именувана за портпарол на УНИЦЕФ во 2009 година за кампањата Почести или излажи. Гомес која собра повеќе од $700 000 за добротворната организација во 2008 година изјави дека се надева дека ќе собере еден милион долари во 2009 година. Гомес учествувала во аукција на славните и била домаќинка на серии во живо на Facebook во поддршка на Почести или излажи кампањата за УНИЦЕФ. Гомес ќе се врати како портпарол на УНИЦЕФ за 60-годишнината на Почести или излажи кампањата во 2010 година.
Гомес е вклучена во организацијата Пријателите на Дизни се сменија која промовира пријателско однесување кон животната средина, и се појавува во нивните јавни соопштенија за да ја подигне свеста за причината на Дизни Каналот. Гомес, Деми Ловато, Мајли Сајрус, и Браќата Џонас ја снимија песната "Прати го сега", добротворна песна која служеше како тема за Дизни пријатели за промена во 2009 година. Песната дебитираше на 20 место на HOT 100 топ листата. Дизни пријатели за промена ќе ги насочат сите свои придонеси од песната "Прати го сега" на добротворната акција за животната средина на Дизни Фондацијата за Заштита низ целиот свет. На 6 октомври 2009 година Гомес изненадно го посети основното училиште во Лос Анџелес како дел од програмата "Ден направен подобро" спонзорирана од OfficeMax. За време на посетата Гомес му даде на училиштето награда, и исто така им даде чек со вредност од $1000 за училиштен прибор. Гомес го помина денот со учениците, и разговараше со нив за тоа колку е важно како и поставуваме во заедницата.
Претприемништво и спонзорства
Гомес беше дел од школската модна рекламна кампања на “Сеарс“. Како дел од кампањата Гомес учествуваше во телевизиските реклами. Во август 2009 година исто така беше домаќинка на "Сеарс бира бенд" каде требаше да се изберат пет лица за формирање на бенд "Сеарс бенд во зоздух", кој настапи на доделувањето на МТВ видео музичките награди во 2009 година.
Во октомври 2008 година Гомес лансирала своја сопствена продукциска компанија наречена Јули месечна продукција, која соработувала со XYZ Films за да создаде средства за Гомес. Како дел од договорот Гомес ќе има можност да избира статии, да изнајмува писатели, и да создаде талент пакети кои ќе ги издава во студиата. Исто така како дел од договорот XYZ Films ќе и дозволи на Гомес да учествува во главната улога во најмалку два филма. Магазинот Variety објави дека “Во август XYZ Films потпишаа сличен договор со Time Inc и со менаџмент продукциската компанија Collective за да го финансираат развој на огромна содржина за големите екрани во печатените медиуми. Како дел од договорот помеѓу July Moon-XYZ, Гомес ќе има можност да избере проекти од безграничната библиотека на Time Inc. која вклучува теми како Време, Спортски илустрации, Богатство и Живот.
Во октомври 2009 година Гомес го објави нејзиниот план да лансира нејзина сопствена модна линија наречена "Сон од мода од Селена Гомес". Модната линија беше лансирана во есента во 2010 година. Колекцијата се состои од карактеристични боемиски фустани, цветни блузи, фармерки, здолништа, јакни, шалови и капи, сите направени од рециклирачки или еколошки материјали. Гомес изјави дека модната линија ќе го рефлектира нејзиниот личен стил и ја опишува облеката како убава, женствена и боемска. “Со мојата линија јас сакам да им дадам на клиентите опција да го спојат својот сопствен изглед. Сакам парчиња кои лесно се облекуваат нагоре надолу, и многу е важно тоа што текстилот е еколошки и органски разградлив. Исто така, на сите етикетите ќе има некои од моите инспиративни цитати. Јас пробувам да испратам добра порака.“ Гомес која нема искуство во мода се здружи со дизајнерите Тони Мелило и Сандра Кампос, кои имаат работено со познати модни куќи. Гомес за партнерството изјавува: “Кога ги запознав Тони и Сандра, се чувствував удобно со нив и сега тие ми се како семејство. Тие се толку креативни и ми се допаѓа тоа што можам да ги повикав во било кое време, и да разговарам со нив за се, дури и ако се работи само за менување на копчето. Тие се толку кул во врска со се.“ Брендот ќе биде произведен од Мелило и Кампос здружени со Adjmi Apparel со седиште во Њујорк и формиран од Adjmi CH Brands LLC која е холдинг компанија за брендот.
Филмографија
Филмови
Година | Наслов | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
2003 | Деца Шпиони 3-D: Крај на играта | Девојка во воден парк | Мала улога |
2005 | Оди Тексас | Џули | Телевизиски филм |
2006 | Мозокот Запед | Емили Грејс Гарсија | TТелевизиски филм |
2008 | Друга Приказна за Пепелашка | Мери Сантјаго | Главна улога |
2008 | Horton Hears a Who! | Хелга | (Глас) |
2009 | Програмата за Заштита на Принцезата | Картер Мејсон | Главна улога |
2009 | Волшебниците на волшевното место: Филмот | Алекс Русо | Главна улога |
2009 | Артур | Принцезата Селенија | (Глас) (Ја заменила Мадона) |
2010 | Рамона и Бизус[46] | Беатрис „Бизус“ Куимби | Main role |
2011 | Монте Карло[47] | Грејс Бенет | Главна улога |
2011 | Тринаесет причини зашто[47][48][49] | Хана Бејкер[50] | Главна улога |
2011 | The Muppets | Самата | Камео Појава |
Телевизија
Година | Наслов | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
2002–2003 | Barney & Friends | Gianna | Recurring role |
2006 | The Suite Life of Zack & Cody | Gwen | "A Midsummer's Nightmare" (Season 2, episode 22) |
2007–2008 | Хана Монтана | Mikayla | "I Want You to Want Me... to Go to Florida" (Season 2, episode 13) "That's What Friends Are For?" (Season 2, episode 18) "(We're So Sorry) Uncle Earl" (Season 2, episode 22) (uncredited) |
2007–present | Wizards of Waverly Place | Alex Russo | Lead role |
2009 | The Suite Life on Deck | Alex Russo | "Double-Crossed" (Season 1, episode 21) |
2009 | Sonny With a Chance | Herself | "Battle of the Networks' Stars" (Season 1, episode 13) |
Музички видеа
Година | Наслов | Артист | Забелешки |
---|---|---|---|
2008 | "Burnin' Up" | Jonas Brothers | Played Nick Jonas' love interest |
2011 | "The Dance Routine" | The Midnight Beast | Камео |
Дискографија
Синглови
Година | Песна | Позиција | Албум | |||
---|---|---|---|---|---|---|
САД | КАН | |||||
2008 | "Tell Me Something I Don't Know" | 58 | — | Another Cinderella Story | ||
2009 | "Magic" (Originally by Pilot) | 61 | 86 | Wizards of Waverly Place | ||
As a featured artist | ||||||
2009 | "Whoa Oh!" (with Forever The Sickest Kids) | — | — | Non-album single | ||
2009 | "One and the Same" (with Demi Lovato) | 82 | — | Disney Channel Playlist | ||
2009 | "Send It On" (with Demi Lovato, Jonas Brothers, and Miley Cyrus) | 20 | — | Non-album song |
Други песни
Година | Песна | Албум |
---|---|---|
2006 | "Brain Zapped" | Brain Zapped |
2008 | "Cruella de Vil" | Disneymania 6 |
2008 | "Tell Me Something I Don't Know" | Another Cinderella Story |
2008 | "New Classic" (featuring Drew Seeley) | Another Cinderella Story |
2008 | "Bang a Drum" | Another Cinderella Story |
2008 | "New Classic" (Live) (featuring Drew Seeley) | Another Cinderella Story |
2008 | "Fly to Your Heart" | Tinker Bell |
2009 | "One and the Same" (with Demi Lovato) | Disney Channel Playlist |
2009 | "Everything Is Not What It Seems" | Wizards of Waverly Place |
2009 | "Disappear" | Wizards of Waverly Place |
2009 | "Magical" | Wizards of Waverly Place |
2009 | "Magic" | Wizards of Waverly Place |
2010 | "Trust in Me" (From Disney's The Jungle Book) | Disneymania 7 |
we love selena
Музички Видеа
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Cruella de Vil | 2008 | |
Tell Me Something I Don't Know | 2008 | Елиот Лестер |
Fly to Your Heart | 2008 | |
One and the Same | 2009 | Брендон Дикерсон |
Magic | 2009 | Роман Перес |
Send It On | 2009 | |
Falling Down | 2009 | Крис Доли |
Naturally | 2009 | Крис Доли |
Round & Round | 2010 | Филип Енделмен |
A Year Without Rain | 2010 | Крис Доли |
Who Says | 2011 | Крис Еплбом |
Love You Like A Love Song | 2011 | Џереми Џаспер,Џорџи Гривил |
Hit The Lights | 2012 | Филип Енделмен |
Come & Get It | 2013 | Антони Мендлер |
Slow Down | 2013 | Филип Енделмен |
Birthday | 2013 | Бен Ринхен |
Hold On | 2014 | Вилијам Х. Мејси |
The Heart Wants What It Wants | 2014 | Дон Шедфорт |
I Want You To Know | 2015 | Брент Бонакорзо |
Good for You | 2015 | Софи Мулер |
Same Old Love | 2015 | Мајкл Хосман |
Hands to Myself | 2015 | Алек Кешишијан |
Kill Em with Kindness | 2016 | Емил Нава |
Bad Liar | 2017 | Џес Перес |
Fetish | 2017 | Петра Колинс |
Wolves | 2017 | Колин Тили |
Back to You | 2018 | Скот Кудмор |
Taki Taki | 2018 | Колин Тили |
I Can't Get Enough | 2019 | Џејк Шхреиер |
Lose You to Love Me | 2019 | Софи Мулер |
Look At Her Now | 2019 | Софи Мулер |
Rare | 2020 | BRTHR |
Boyfriend | 2020 | BRTHR |
Ice Cream | 2020 | |
De Una Vez | 2021 | Лос Перес, Адријан Перес |
Baila Conmigo | 2021 | |
Selfish Love | 2021 | |
Baila Conmigo (Performance Video) | 2021 | |
999 | 2021 | |
Let Somebody Go | 2022 | Дејв Мејерс |
Calm Down | 2022 |
Награди и номинации
Година | Награда | Категорија | Работа | Резултат |
---|---|---|---|---|
2008 | Alma Award[51] | Outstanding Female Performance in a Comedy Television Series | Wizards of Waverly Place | Номинирана |
Imagen Awards[52] | Best Actress – Television | |||
2009 | NAACP Image Awards[53] | Outstanding Performance in a Youth/Children's Program – Series or Special | ||
Nickelodeon Kids' Choice Awards[54] | Favorite TV Actress | Победник | ||
Young Artist Award[55] | Best Performance in a TV Movie, Miniseries, or Special – Leading Young Actress | Another Cinderella Story | ||
Best Performance in a TV Series – Leading Young Actress | Wizards of Waverly Place | Номинирана | ||
Best Performance in a Voice-over Role | Horton Hears a Who! | |||
Teen Choice Awards[56] | "Choice Summer- Celebrity Dancer" | Another Cinderella Story | Победник | |
"Choice Summer – TV Star-Female" | Princess Protection Program | |||
"Choice Other Stuff – Red Carpet Icon: Female" | Herself | |||
Imagen Awards[57] | Best Actress – Television | Wizards of Waverly Place | Номинирана | |
Alma Award[58] | Special Achievement Comedy – Television – Actress | Победник | ||
Nickelodeon Australian Kids' Choice Awards[59] | Fave International TV Star | Номинирана | ||
2010 | Gracie Award[60] | Outstanding Female Rising Star in a Comedy Series | Победник | |
NAACP Image Awards[61] | Outstanding Performance in a Youth/Children's Program – Series or Special | Номинирана | ||
Nickelodeon Kids' Choice Awards[62] | Favorite TV Actress | Победник | ||
Young Artist Award[63] | Best Performance in a TV Movie, Miniseries, or Special – Leading Young Actress | Princess Protection Program | Номинирана | |
BET Awards[64] | YoungStars Award | Wizards of Waverly Place | ||
American Latino Awards[65] | Favorite American Latino Actor | |||
Teen Choice Awards[66] | Choice TV Actress: Comedy | Победник | ||
Choice Red Carpet Fashion Icon: Female | Herself | |||
Choice Summer: Movie Star- Female | Ramona and Beezus | Номинирана | ||
Imagen Awards[67] | Best Actress – Television | Wizards of Waverly Place: The Movie | ||
Nickelodeon Australian Kids' Choice Awards[68] | Fave TV Star | Wizards of Waverly Place | Победник | |
2011 | NAACP Image Awards[69] | Outstanding Performance in a Youth/Children's Program – Series or Special | Номинирана | |
Nickelodeon Kid's Choice Awards[70] | Favorite TV Actress | Победник | ||
Favorite Female Singer | Herself | Номинирана |
Наводи
- ↑ „Selena Gomez Biography“. The Biography Channel. Архивирано од изворникот на August 19, 2017. Посетено на April 12, 2013.
- ↑ Barney, Chuck (February 7, 2008). „Selena Gomez could be next Disney 'it' girl“. Oakland Tribune. Архивирано од изворникот на March 10, 2008. Посетено на May 14, 2013.
Mandy Teefey, a former stage actress, gave birth to Selena at the age of 16.
- ↑ „Selena Gomez and Jake T. Austin on being latin“. Showbizcafe.com. September 13, 2008. Архивирано од изворникот на April 4, 2023. Посетено на July 4, 2011.
- ↑ „TV: Life is magical for 'Wizards' star“. The Fresno Bee. Архивирано од изворникот на August 8, 2008. Посетено на April 8, 2013.
Because Gomez's father is from Mexico, she has been able to attend many family quinceñeras. But the actress, whose mother is half-Italian, did not have her own.
- ↑ „Star Spotlight: Selena Gomez“. Scholastic. September 26, 2008. Архивирано од изворникот на February 15, 2018. Посетено на June 20, 2010.
- ↑ Barney, Chuck (February 7, 2008). „Selena Gomez could be next Disney 'it' girl“. Oakland Tribune. Архивирано од изворникот на March 10, 2008. Посетено на May 14, 2013.
Mandy Teefey, a former stage actress, gave birth to Selena at the age of 16.
- ↑ Richards, Olly (July 14, 2013). „The wonderful world of Selena Gomez“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на February 10, 2014. Посетено на July 23, 2013.
- ↑ „Selena Gomez's Famous Name“. E!. August 22, 2008. Архивирано од изворникот на December 1, 2009. Посетено на November 5, 2009.
- ↑ Roiz, Jessica Lucia (May 3, 2016). „Selena Gomez Talks Selena Quintanilla; Reveals Why She Was Named After 'Queen of Tejano'“. Latin Times. Архивирано од изворникот на July 10, 2016. Посетено на July 7, 2016.
- ↑ Takeda, Allison (May 16, 2013). „Demi Lovato, Selena Gomez Will Always Be Friends“. US Weekly. Архивирано од изворникот April 7, 2023. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ „From Texas to Hollywood!“. People. July 22, 2009. Архивирано од изворникот на September 13, 2009. Посетено на June 15, 2013.
- ↑ Nessif, Bruna (July 29, 2011). „Time Warp: Spy Selena Gomez in Her First Film Role“. E! News. Архивирано од изворникот на April 4, 2023. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ Angiolillo, Vincent; Rodriguez, Javy (March 17, 2013). „30 Things You Didn't Know About Selena Gomez“. Complex. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ "A Midsummer's Nightmare". The Suite Life of Zack & Cody. Disney Channel. No. 22, season 2. 08:04, 22:04 minutes in.
- ↑ Angiolillo, Vincent; Rodriguez, Javy (March 17, 2013). „30 Things You Didn't Know About Selena Gomez“. Complex. Архивирано од изворникот October 26, 2022. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ Martin, Denise (November 3, 2004). „In search of tweens“. Variety. Архивирано од изворникот March 19, 2021. Посетено на November 4, 2022.
- ↑ Addams Rosa, Jelani (April 10, 2015). „6 Things You Never Knew About "Lizzie McGuire"“. Seventeen. Архивирано од изворникот June 26, 2022. Посетено на August 22, 2022.
- ↑ Orenstein, Hannah (April 22, 2016). „Did You Know There Was a "Suite Life" Spin-Off That Starred Selena Gomez?“. Seventeen. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ „The 25 best Disney Channel Original Series of all time“. Entertainment Weekly. June 15, 2022. Архивирано од изворникот October 26, 2022. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ Whitney, Alyse (January 8, 2018). „Selena Gomez's Bae from "Another Cinderella Story" Celebrates the Movie's 10th Anniversary“. Seventeen. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 25, 2022.
- ↑ Whitney, Alyse (July 13, 2015). „Did You Know These Stars Are the Voices Behind Your Favorite Animated Characters?“. Teen Vogue. Архивирано од изворникот на August 9, 2021. Посетено на June 18, 2013.
- ↑ Amber, Ashley (April 10, 2022). „10 Disney Channel Stars Who Had Cameos Before Leading Roles“. Collider. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ „Selena Gomez and Demi Lovato Team Up“. Yahoo!. June 25, 2009. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 22, 2022.
- ↑ „Princess Protection Program is TV's No. 1 Entertainment Telecast of 2009 in Kids 6–11 and Tweens 9–14“. TV by the Numbers. Архивирано од изворникот на July 31, 2013. Посетено на June 18, 2013.
- ↑ „Wizards of Waverly Place Movie“. Disney Channel. Архивирано од изворникот на January 13, 2010. Посетено на July 12, 2009.
- ↑ Top 100 Most-Watched Telecasts On Basic Cable For 2009. TV by the Numbers. Retrieved February 4, 2011.
- ↑ Andreeva, Nellie (March 16, 2013). „Disney Channel's New 'Wizards Of Waverly Place' TV Movie Draws 5.9 Million Viewers“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на October 29, 2020. Посетено на October 23, 2022.
- ↑ Hibberd, James (August 29, 2013). „Disney's 'Wizards' top cable telecast of the year“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 23, 2022.
- ↑ Vena, Jocelyn (February 6, 2009). „Selena Gomez To Star In 'Ramona and Beezus' Movie“. MTV. Архивирано од изворникот на November 5, 2012. Посетено на October 21, 2009.
- ↑ Alphonse, Lylah M. (February 23, 2011). „The stars of 'Ramona and Beezus' on family, fun, and facing down fear“. The Boston Globe. Архивирано од изворникот на July 20, 2010. Посетено на July 16, 2010.
- ↑ „Ramona and Beezus (2010)“. Rotten Tomatoes. Fandango. Архивирано од изворникот на July 25, 2010. Посетено на August 2, 2010.
- ↑ Garibaldi, Christina (June 30, 2011). „Selena Gomez, Leighton Meester Recall 'Monte Carlo' Perks“. MTV. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 23, 2022.
- ↑ Garibaldi, Christina (June 30, 2011). „Selena Gomez, Leighton Meester Recall 'Monte Carlo' Perks“. MTV. Архивирано од изворникот на October 26, 2022. Посетено на October 23, 2022.
- ↑ cmania (April 22, 2011). „Selena Gomez Practices to Play Polo in Budapest for 'Monte Carlo' Role“. Zimbio. Архивирано од изворникот на May 9, 2010. Посетено на May 7, 2010.
- ↑ Deerwester, Jayme (April 22, 2011). „First look: Selena Gomez stretches out in 'Monte Carlo'“. USA Today. Архивирано од изворникот на December 30, 2021. Посетено на May 7, 2010.
- ↑ Still, Jennifer (May 2, 2011). „Selena Gomez to host MuchMusic Video Awards“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на February 23, 2023. Посетено на February 23, 2023.
- ↑ Copsey, Robert (April 19, 2010). „Music – Album Review – Selena Gomez & The Scene: 'Kiss & Tell'“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на October 20, 2012. Посетено на June 19, 2010.
- ↑ Предлошка:Cite certification
- ↑ „Zac Brown Band Bows at No. 1 on Billboard 200“. Billboard. September 29, 2010. Архивирано од изворникот June 5, 2021. Посетено на February 19, 2015.
- ↑ „When the Sun Goes Down Reviews, Ratings, Credits, and More at Metacritic“. Metacritic. Архивирано од изворникот на August 9, 2021. Посетено на December 1, 2011.
- ↑ Dagostino, Mark (October 27, 2008). „Selena Gomez: 'I'll be 30 Before I Get My License!'“. People. Посетено на August 6, 2009.
- ↑ „Stars Hit The Catwalk For St. Judes“. Looktothestars.org. October 14, 2008. Архивирано од изворникот на July 14, 2022. Посетено на August 6, 2009.
- ↑ Anitai, Tamar (May 26, 2009). „Have You Seen Selena Gomez's Borden Milk Ads?“. MTV.
- ↑ „Late Night with Jimmy Fallon – Video Blogs – Tonight's Guest: Selena Gomez“. Late Night With Jimmy Fallon. June 2009. Архивирано од изворникот на August 12, 2009. Посетено на August 5, 2009.
- ↑ Oh, Eunice (February 3, 2009). „First Look: Selena Gomez's Cell-Free Safety Pitch – Good Deeds, Selena Gomez“. People. Посетено на August 6, 2009.
- ↑ „Selena Gomez, Joey King Are Beezus and Ramona“. Artistdirect.com. Архивирано од изворникот на 2011-11-23. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ 47,0 47,1 http://www.imdb.com/title/tt1067774/
- ↑ http://www.mtv.com/news/articles/1657538/selena-gomez-13-reasons-why.jhtml
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-02-11. Посетено на 2011-05-19.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-06-23. Посетено на 2011-05-19.
- ↑ „Alma Awards 2008“. AlmaAward.com. 2008. Архивирано од изворникот на 2008-07-30. Посетено на 2009-10-20.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Hbo'S Rodrigo Garcia, Ugly Betty'S Tony Plana And Writer Ligiah Villalobos Of La Misma Luna To Receive Top Honors“. Imagen.org. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ „The 40th NAACP Image Awards“. Naacpimageawards.net. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ „Nickelodeon Kids' Choice Awards 2009 Press Kit“. Nickkcapress.com. 2009-03-30. Архивирано од изворникот на 2016-02-15. Посетено на 2009-08-06.
- ↑ „30th Annual Young Artist Awards“. YoungArtistAwards.org. 2009-06-21. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2009-10-20.
- ↑ „Teen Choice Awards 2009: The Winners“. teenchoiceawards.com/. Посетено на 2009-08-10.
- ↑ „Nominees for 24th Annual Imagen Awards Announced“. Imagen.org. 2009. Посетено на 2009-12-21.
- ↑ „2009 ALMA Award Nominees & * Winners“. Alma Award. Архивирано од изворникот на 2010-06-25. Посетено на 2009-09-19.
- ↑ David Knox (2009-09-20). „2009 Kid's Choice Awards: Nominees: TV Tonight“. TVTonight.au.com. Посетено на 2009-10-20.
- ↑ „2010 Gracie Awards® Winners“. Gracie Allen Award. Архивирано од изворникот на 2013-08-12. Посетено на 2010-02-25.
- ↑ „The 41st NAACP Image Awards“. Naacpimageawards.net. Архивирано од изворникот на 2010-07-30. Посетено на 2010-01-06.
- ↑ „2010 Nickelodeon Kids' Choice Awards“. Nickkcapress.com. 2010-02-14. Посетено на 2010-02-14.
- ↑ „31st Annual Young Artist Award“. youngartistawards.org/. Посетено на 2010-02-22.
- ↑ „YOUNGSTARS AWARD“. Bet.com. 2010-06-27. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2010-06-27.
- ↑ „Welcome to the 4th Annual American Latino TV Awards“. americanlatino.tv. 2010. Архивирано од изворникот на 2013-03-24. Посетено на 2010-06-05.
- ↑ „2010 Teen Choice Awards Winners List“. TeenChoiceAwards.com. Посетено на 2010-06-15.
- ↑ „Winners of 25th Annual Imagen Awards Announced Honoring Latinos in Entertainment, includes Multiple Wins for the Brothers Bratt“. imaged.org. 2010-08-16. Посетено на 2010-08-17.
- ↑ „Australian Nickelodeon Kids' Choice Awards 2010 Winners“. http://www.cambio.com/. 2010-10-10. Посетено на 2010-10-09. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Television Nominees“. Naacpimageawards.net. Архивирано од изворникот на 2012-06-25. Посетено на 2011-03-04.
- ↑ „The Winners“. http://www.nick.com/. 2011-02-10. Посетено на 2011-02-10. Надворешна врска во
|work=
(help)
Надворешни врски
„Селена Гомес“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Селена Гомес на TV.com (англиски)
- Селена Гомес на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Селена Гомес Архивирано на 28 јуни 2012 г. at Disney.com
|