Прејди на содржината

Мечкели

Координати: 39°42′47″N 23°12′36″E / 39.7130° СГШ; 23.2099° ИГД / 39.7130; 23.2099
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 18:33, 11 јануари 2024; направена од SpectralWiz (разговор | придонеси) (Создадена страница со: {{Инфокутија Планина|name=Мечкели|native_name=Μιτσικέλι|native_name_lang=el|photo=Lake-Ioannina.jpg|photo_caption=Поглед на планината со Јанинското Езеро|elevation_m=1.810<ref name=oreiv>[http://www.oreivatein.com/oreivatein/page/mountains/mounts2_7.htm Oreivatein.com]</ref>|elevation_ref=|prominence_m=|prominence_ref=|range=|location=Јанинск...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Мечкели
Μιτσικέλι
Поглед на планината со Јанинското Езеро
Највисока точка
Надм. вис.1.810[1] м
Координати39°42′47″N 23°12′36″E / 39.7130° СГШ; 23.2099° ИГД / 39.7130; 23.2099
Географија
Мечкели на карта

Карта

МестоЈанинско, Епир, Грција
Карта

Мечкели или Мицикели (грчки: Μιτσικέλι, Мицикели) — планина во Јанинско, Епир, Грција, дел од венецот Пинд. Сместена е северозападно градот Јанина и нејзиното езеро. Највискиот врв, исто така Мечкели, се издига на 1.810 м надморска височина.[1]

Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ и е членка на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (GR2130008).[2][3]

Потекло на името

Името го добило бидејќи на планината имало многу мечки. Мицикели (Μιτσικέλι) доаѓа од македонскиот збор „мечка“ и грчкиот збор „κελλίον“ што значи дувло.

Географија

Планината се протега во должина од должина од 35 км, од селото Калпаки на северозапад до источниот дел на Јанинското Езеро на југоисток. Мечкели ја образува југозападната граница на областа Загори. Планината се одводнува од реките Тијамис, Водоматица (притока на Војуша) и Арахтос.

Најблиски околни планини се Тимфи на север, Лигос на североисток и Пелистер на исток. Најблискиот град е Јанина, сместен југозападно од планината. Други населени места на планината се Долна Студена и Добра на северозападниот, Чудила и Перивлептос на централниот и Говрица во југоисточниот дел. Автопатот ЕО6 (Лариса - Трикала - Јанина - Игуменица) поминува јужно, а ЕО20 (Кожани - Коница - Јанина) поминува западно од планината.

Северозападно од истоимениот највисок врв се наоѓаат врвовите Каминија (1.748 м), Јаника (1.614 м), Чука (1.586 м), Гифтос (1.456 м), Света Петка (1.397 м), Паратиритирио (1.407 м) и Харамандас (1.190 м).[4] На врвот Мечкели е сместена телекомуникациска кула.

Во јужниот дел на планината се наоѓа пештерата Перама, долга 1.100 м.[5]

Растителен и животински свет

Планината Мечкели е значајна по богатата шума и планинските пасишта. Шумскиот појас е претставен претежно од листопадни дрвја (бука, даб, леска, јавор и габер) како и зимзелени иглолисни дрвја.[6] Јужните падини на планината се подостапни, поради што е многу раширена сечата на дрва која ја пустоши шумата и застапени се само нискостеблести и грмушести растенија. Флората е претставена со околу 65 семејства, 239 родови и 448 видови.[6] Според министерството за животна средина на Грција, во заштитеното подрачје на планината има 8 ендемични видови на растенија.[3] Најчести претставници на животинскиот свет на Мечкели се: волкот, мечката, дивата свиња и срната.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Oreivatein.com
  2. Εθνικό Πάρκο Βόρειας Πίνδου, Ορεογραφία
  3. 3,0 3,1 Υπουργείο Αγροτικής Ανάπτυξης, Μιτσικέλι, Архивирано од изворникот на 2012-01-12, Посетено на 2024-01-11
  4. „Топографска карта на Мечкели“. Грчка национална туристичка организација (ГНТО). Архивирано од изворникот на 2007-03-12.
  5. house, Wapp-development. „Σπήλαιο Περάματος, Ιωάννινα“. www.spilaio-perama.gr (грчки). Посетено на 2024-01-11.
  6. 6,0 6,1 Герасимидис, Ахилес; Коракис, Георгиос (2009). „Contribution to the study of the flora of Mount Mitsikeli“ (PDF). Посетено на 2024-01-11.