Медеја (Еврипид)
Медеја е трагедија од Еврипид, која се вбројува во редот на неговите најдобрите драмски остварувања. Во неа писателот на уверлив и потресен начин ја изнел проблематиката на љубовта и моралните одговорности во бракот. Во оваа трагедија го преработил митот за Медеја на свој начин, правејќи потресен заплет.
Делот од митот што е опфатен во оваа трагедија, Еврипид го претставил вака: Медеја која му го спасила животот на Јасон, а потоа побегнала со него, не може да поднесе тој да ја напушти и повторно да се ожени со ќерката на коринтскиот крал Креонт. На Медеја ѝ било одредено да оди во прогонство, но децата да останат. За да ја наговори да си замине, Јасон ѝ ги нуди и децата, и богатство и секаква друга помош. Се обидувал на сите можни начини да ја оствари својата нова љубов. Но, Медеја ги одбива сите негови понуди, а во душата кова двојна освета.
Во тоа време низ Коринт случајно минува кралот Егеј. Тој на Медеја ѝ нуди гостопримство во Атина, и таа прифаќа. Со волшебен венец и отровен фустан ја убива ќерката на Креонт, а потоа ги убива и децата по тешка душевна борба. Доаѓа Јасон, а Медеја со мртвите деца одлетува на змејско возило.
Изданија на македонски јазик
- Еврипид, Медеја, препев од старогрчки јазик Катерина Колозова, Метафорум: Скопје, 1994;
- Еврипид, Медеја, препев од старогрчки јазик Валериј Софрониевски, ТРИ: Скопје, 2023; ISBN 978-608-230-921-7
|