Брестова пеперуга
Брестова пеперуга | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Satyrium |
Вид: | Брестова пеперуга |
Научен назив | |
Satyrium w-album (Knoch, 1782) |
Брестовата пеперуга (Satyrium w-album) — пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот опашкари. Пеперугата ја има и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Оваа пеперуга е по обем мала. Пеперугата е кафена и повеќето од својот живот го поминува високо во крошните на дрвјата. Најдобро може да се види со помош на двоглед. Горниот дел од крилјата е кафеав со мала портокалова дамка во задниот дел. Кај мажјаците има мала бледа дамка во предниот дел. Долниот дел на пеперугата е светлокафена со мала бела линија. Има бела линија во цик-цак форма. Пеперугата има две мали опашки, кои кај женките се поголеми. Секогаш се одмораат со затворени крилја.
Јајцето на пеперугата е полуокругло. Ларвите опстојуваат до јуни, возрасните единки се зелени и кафеави глави. Куклите се формираат на труп или блиски земјата. Куклите се жолтеникаво-кафени. Пеперугите летаат во јули и август.[1]
Распространетост
[уреди | уреди извор]Пеперугата е расширена во северната полутопка. Пеперугата може да се најде во скоро цела Европа, па сè до Јапонија. Ја нема во Северна Америка.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Новоположено јајце
-
Возрасна гасенија
-
Брестова пеперуга
-
Брестова пеперуга
-
Брестова пеперуга при хранење
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Seitz, A. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren) Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
- Davies, Martyn and Ceney, Bryan (1992). The White-letter Hairstreak Butterfly. Butterfly Conservation, Colchester, UK, pp. 27. ISBN 0-9512452-7-9
- The Vale Royal White-letter Hairstreak Project [1] Cheshire Wildlife Trust, UK.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|