Прејди на содржината

Камерон Мајер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 05:57, 28 јуни 2020; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Јазична исправка, replaced: = Друмски → = друмски (2), = Возач → = возач)
Камерон Мајер
Мајер на Трката околу Британија 2019
Лични податоци
Цело имеКамерон Мајер
Роден11 јануари 1988(1988-01-11)(36 г.)
Перт, Австралија Австралија
Висина1,81 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Џејко-АИУла
Дисциплинадрумски & велодромски
велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачСпецијалист за хронометри
Аматерски клубови
Мидленд CC
Професионални клубови
2009–2011
2012–2015
2016
2017
2018-
Гармин-Слипстрим
ГринЕЏ
Тим Дименжн Дата
Мичелтон Скот
Мичелтон-Скот
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 етапа ТТТ (2014)
Тур де Франс
1 етапа ТТТ (2013)

Етапни трки

Тур Даун Андер (2011)
Хералд Сан Тур (2015)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2010, 2011)
Последна промена
9 април 2019

Камерон Мајер (англиски: Cameron Meyer; р. 11 јануари 1988) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[1]

Кариера

Започнал со велосипедизам на 13-годишна возраст во 2001 година и првпат настапил за неговата земја на Светското јуниорско велодромско првенство во 2005 година. Бил носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт.[2]

Мајер го освоил неговото прво сениорско светско првенство во бодовната трка во Прушков, Полска. Во 2009 година, избрал да вози на Џиро д’Италија. Тој го освоил хронометарскиот настан на австралискито национално друмско првенство во 2010 година.

Помладиот брат на Мајер, Травис е исто така професионален велосипедист и бил еден од првите потписници за истата екипа заедно со Камерон и сонародникот Џек Бобриџ.[3] По четири сезони со Орика-ГринЕЏ, во октомври 2015 година, Мајер објавил дека ќе се приклучи на Тим Дименжн Дата за сезоната 2016, заедно со сонародниците Нејтан Хас и Марк Реншо.[4]

Мајер најавил дека ќе се повлече од Дименжн Дата на 14 јуни 2016 година наведувајќи лични причини.[5] По кратка пауза одлучил да настапи на велодромската трка Шест дена Лондон со Калум Скотсон и завршил трет.[6] Подоцна настапил за Австралија на Светското велодромско првенство, каде освоил две златни медали во бодовна трка и како дел од австралискиот состав во екипна потера и возел за австралискиот тим на Светското друмско првенство во текот на 2017 година, победувајќи на Дварс дор де Вламсе Арденен и забележувајќи врвни пласмани на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“ и Хералд Сан Тур. Во август 2017 година, Мичелтон-Скот објавиле дека Мајер ќе им се приклучи повторно со тригодишен договор од 2018 година со фокус на Игрите на Комонвелтотот 2018 и Летните олимписки игри 2020.[1]

Достигнувања

Велодромски

2005
1. Национално првенство - медисон
2006
Светски јуниорски првенства
1. Индивидуална потера
1. Медисон
1. Екипна потера
Национални јуниорски првенства
1. Индивидуална потера
1. Бодовна трка
1. Екипна потера
1. Медисон
2008
1. Лос Анџелес Бодовна трка
2009
Светски првенства
1. Бодовна трка
2. Медисон
2. Екипна потера
2010
Светски велодромски првенства
1. Бодовна трка
1. Екипна потера
1. Медисон
Комонвелтски игри
1. Екипна потера
1. Бодовна трка
1. Скреч
2011
Светски првенства
1. Медисон
2. Бодовна трка
Океански првенства
1. Медисон
1. Екипна потера
1. Национално хронометарско првенство
1. Национален медисон првак
Светски куп
1. Медисон
1. Екипна потера
2012
1. Светско првенство - бодовна трка
2016
1. Национален медисон првак (со Сем Велсфорд)
2. Светски куп - медисон (со Калум Скотсон)
3. Шест дена Лондон (со Калум Скотсон)
2017
Светски првенства
1. Бодовна трка
1. Екипна потера
2. Медисон (со Калум Скотсон)
Национални првенства
1. Бодовна трка
1. Екипна потера
2. Индивидуална потера
1. Шест дена Лондон (со Калум Скотсон)
2018
Светски првенства
1. Бодовна трка
3. Медисон (со Калум Скотсон)

друмски

2007
1. Етапа 3 Трка околу Гипсланд
1. Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Етапа 2
1. Етапа 5
2008
1. Краен пласман Трка околу Јапонија
3. Светско хронометарско првенство под 23 години
2010
1. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Оман
2011
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4
2012
2. Национално хронометарско првенство
3. Светски првенство во екипен хронометар
10. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
2013
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
1. Океански друмски првенства
1. Национално првенство во критериум
1. Планински пласман Сиркут де ла Сарт
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
6. Краен пласман Трка околу Турција
10. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 1 (ITT)
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
1. Етапа 2 Тур де Свис
4. Национално друмско првенство
9. Краен пласман Хералд Сан Тур
2015
1. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Спринтерски пласман
1. Етапа 1
Награда за борбеност на етапа 1 Вуелта а Еспања
2016
2. Национално друмско првенство
2017
1. Дварс дор де Вламсе Арденен
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
4. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Критериум Рејсенхут
2018
Игри на Комомвелтот
1. Хронометар
9. Друмска трка
1. Етапа 2 Трка околу Британија
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
2019
1. Етапа 1b (TTT) Сетимана Интернационале Копи е Бартали
3. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Џиро СО 137 136 СО
Тур 130
Вуелта СО СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Cameron Meyer returns to the WorldTour with Orica-Scott“. cyclingnews.com. 5 август 2017. Посетено на 5 август 2017.
  2. AIS Athletes at the Olympics
  3. Australian Associated Press (5 август 2011). „Australian cycling team GreenEdge sign young cyclists Cameron and Travis Meyer and Jack Bobridge“. The Courier-Mail. Посетено на 18 мај 2013.
  4. „News shorts: Meares aiming high for record-breaking Rio Olympics“. Сyclingnews.com. 13 октомври 2015. Посетено на 13 октомври 2015.
  5. http://www.cyclingnews.com/news/cameron-meyer-leaves-dimension-data-citing-personal-reasons/
  6. „Six Day London 2016: Day 6 Results“. Cyclingnews.com. Посетено на 1 ноември 2016.

Надворешни врски