Јаргулица
Јаргулица | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°35′14″N 22°33′42″E / 41.58722° СГШ; 22.56167° ИГД | |
Општина | Општина Радовиш |
Шифра на КО | 22019 |
Надм. вис. | 330 м |
Јаргулица на општинската карта Атарот на Јаргулица во рамките на општината | |
Јаргулица на Ризницата |
Јаргулица — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Географиja и местоположба
Селото се наоѓа во подножјето на планината Готен, оддалечено 11,5 километри јужно од Радовиш.
Историja
Јаргулица е дел од Радовишката каза во Отоманската Империја.
Економија
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Јарулица живееле 356 жители, од кои 200 Турци и 156 Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јаргулица имало 224 Македонци, егзархисти.[2]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Јаргулица живееле 351 жител, од кои 159 Турци и 192 Македонци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 818 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 816 |
Срби | 2 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 764 |
1953 | 365 | — | 417 | 41 | 16 | — | ... | — | 839 |
1961 | 528 | — | 97 | ... | ... | 2 | ... | — | 627 |
1971 | 642 | — | 8 | — | ... | — | ... | — | 650 |
1981 | 742 | — | 1 | — | — | — | ... | — | 743 |
1991 | 774 | — | 2 | — | — | — | — | 1 | 777 |
1994 | 809 | — | 2 | — | — | — | — | — | 811 |
2002 | 816 | — | — | — | — | 2 | — | — | 818 |
Родови
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Македонски
- Староседелци: Ристовци со Филевци, Доневци и Коцевци (7 к.), Митковци со Јовановци, Поцевци и Коцевци (6 к.), Стојановци и Ристовци (6 к.), Малиновци и Стојчевци (1 к.), Мицевци со Милевци, Глигоровци, Јефтимовци, Тушевци и Николовци (9 к.), Доневци и Ѓоргевци (6 к.), и Јовановци (3 к.)
- Доселеници: Наковци (2 к.) и Атанасовци (3 к.) доселени се во различен период од раселеното село Восанци.
Турски
- Доселеници: Михтаровци и Идризовци (10 к.), Рустеновци и Усеиновци (9 к.), Мустафовци и Шерифовци (10 к.) и Аметовци и Усеиновци (8 к.).[6]
Општествени институции
Администрација и политика
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 1621 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 648 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Галерија
-
Поглед на дел од селото
-
Поглед на дел од селото
-
Поглед на дел од селото
Наводи
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски
„Јаргулица“ на Ризницата ? |
|