Божо Софрониевски
Божо Софрониевски | ||
Податотека:Bozo sofr.JPG | ||
Роден | 1 март 1922 Волковија, Гостиварско | |
---|---|---|
Починал | 10 ноември 2001 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Мирно лето Мементо | |
Занимање | глумец поет писател |
Божо Софрониевски (роден на 1 март 1922 во Волковија, Гостиварско - починал на 10 ноември 2001 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски и радио глумец, поет, драмски писател и преведувач.
Биографија
Софрониевски е роден во Волковија, Гостивар на 1 март 1922 година. Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во (поранешното) Радио Скопје (денес Македонско радио) при тогашната РТВ Скопје (денес Македонска радио телевизија) каде што работел како радио актер сè до крајот на својот работен век.
Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „Попај“, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р. Македонија - „Мојата гитара“.[1]
Филмографија
- 1961: Мирно лето (Споредна улога)
- 1967: Мементо (Руски офицер)
- 1976: Војвода Спиро Црне (Свештеник)
- 1979: Наши години (Споредна улога)
- 1982: Илинден (Томо)
- 1985: Од зад грб (Таткото на Џемо)
Наводи
Надворешни врски
- Божо Софрониевски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- ↑ ["Благоја Петров Караѓуле" на YouTube од документарецот Песно не заборави ме: Благој Петров Караѓуле, режисер Д. Ѓорѓиоски, МТВ 1996 (28m40s-29m40s)]