Јаник Караско
Јаник Фереира Караско | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Јаник Фереира Караско | ||
Роден на | 4 септември 1993 | ||
Роден во | Иксел, Белгија | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Атлетико Мадрид | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Стад Евере | |||
Дигем Спорт | |||
Биршот | |||
Генк | |||
Монако | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012-2015 | Монако | 82 | (15) |
2015- | Атлетико Мадрид | 78 | (17) |
Репрезентација ‡ | |||
2008 | Белгија 15 | 1 | (0) |
2010 | Белгија 17 | 2 | (0) |
2010–2011 | Белгија 18 | 9 | (1) |
2011–2012 | Белгија 19 | 12 | (3) |
2013–2014 | Белгија 21 | 11 | (1) |
2015- | Белгија | 22 | (5) |
Јаник Фереира Караско (роден на 4 септември 1993 година, во Иксел) е белгиски фудбалер, офанзивен крилен играч на Атлетико Мадрид и на белгиската репрезентација.
Технички карактеристики
Класично крило, природен деснак, но може подеднакво добро да игра на двете страни (како лево или десно крило) и дури во централниот дел од теренот како напаѓач или зад напаѓач. Одличното движење и добрата техника му дозволуваат да се претставува како замка за противничките екипи и да се уфрла внатре за да ги завршува акциите со удар.[1].
Клупска кариера
Почетоци и рана кариера
Роден е во Иксел, всушност периферијата на Брисел, од татко португалец и мајка шпанка. Караско започнал да игра фудбал во Стад Евере, мал локален клуб, но по кратко време се префрлил во екипата на Дигем Спорт. Потоа продолжил во младинската школа на екипата на Биршот од Антверпен, а во 2009 година бил купен од Генк, каде одиграл една сезона за малдинскиот тим. Пред почетокот на следната сезона, Монако го доведува Караско, и тој се развивал во нивниот младинскиот тим две години пред да го направи своето деби за првиот тим во 2012 година.[2] Во својата првата сезона во Монако го освоил Гамбардела купот, престижен турнир за младински екипи под 18 години во организација на Француската федерација.
Монако
2012-2014; под водство на Раниери
Во летото 2012 бил повикан во првиот тим на Монако. Своето деби го направил на 30 јули 2012, во победата со 4-0 против Тур, постигнувајќи го својот прв гол како професионален фудбалер токму на овој натпревар носејќи му водство на својот тим од 1-0 во 30-тата минута.[3]. Во истиот натпревар, исто така, му асистирал од корнер на Андреа Раџи за вториот гол на Монако.[4]. Неговите перформанси го прават еден од незаменливите стартери во формацијата на тренерот Клаудио Раниери. На 26 септември 2012 година, во третиот круг од Лига купот против Валенсиен постигнал гол од пенал за израмнување на 2-2 во 45-тата минута, а подоцна Монако изборил пласман во следното коло со победа од 4-2 по продолженија.[5] На 22 декември 2012 година, во победата над Ле Ман со 3-2, постигнал гол и за прв пат во својата фудбалска кариера добил жолт картон.[6] На 13 април, 2013, за прв пат во својата професионална кариера постигнал два гола за победата со 2-0 над Осер.[7] Својата дебитантска сезона во професионалниот фудбал ја завршил со 27 настапи, 6 гола и 6 асистенции во Лига 1, a неговиот придонес се покажал клучен за освојувањето на титулата и промоција во Лига 1.[8]. Во Лига купот постигнал 2 гола, а неговиот тим бил елиминиран во осминафиналето.
Во сезоната 2013-2014, и покрај интересот од голем број клубови за да го напушти Кнежевството, Фереира-Караско продолжил да биде клучен темел во екипата на Раниери. Тој дебитирал во највисоката француска лига на 10 август 2013, во победата со 2-0 против Бордо на Стад Шабан-Делма.[9] На 5 октомври 2013 година, во победата со 2-1 против Сент Етјен, го одбележал својот прв гол во Лига 1.[10] Во следното коло постигнал два гола, во натпреварот против Сошо што завршил 2-2.[11]. Кон крајот на сезоната загубија го загубил местото во стартната постава од колумбиецот Хамес Родригез.
2014-2015: со доаѓањето на Жардим
Сезоната 2014-2015 за Монако започнала со раскинување на договорот со тренерот Раниери, кој бил заменет со португалскиот тренер Леонардо Жардим. Исто така клубот се разделил со двајцата клучни играчи, колумбијците Радамел Фалкао и Хамес Родригез, по што Фереира Караско бил вклучен во почетната постава на Жардим. Неговиот дебитантски настап за сезоната дошол на 10 август, 2014, во поразот со 2-1 на домашен терен од Лорјан.[12]. На 17 септември го направил своето деби во европските натпреварувања, во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен на Стад Луј II (победа со 1-0).[13]. На 18 октомври, во победата со 2-0 над Евијан, го одбележува својот прв гол за сезоната.[14]. Во следното коло од францускиот шампионат бил прогласен за човек на натпреварот, откако прикажал извонредни перформанси, асистирајќи за првите два гола и бил стрелец на третиот, во победата со 3-1 против Бастија.[15] Во дербито на осминафиналето од Лига купот, против Лион, Фереира Караско го постигнал првиот гол во продолженијата за водство на Монако од 1-0, но подоцна Александре Лаказет го израмнил резултат и го одвел натпреварот во изведување на пенали; Монако победил со 5-4.[16] На 25 февруари 2015 година, за време на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите, го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања, заверувајќи ја големата победа на Монако на гостувањето кај Арсенал во Лондон со 3-1.[17]
Атлетико Мадрид
На 10 јули 2015 бил купен од Атлетико Мадрид за сума од 20 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот.
Репрезентативна кариера
Фереира Караско ја има претставувано Белгија во селекциите под 15, под 17, под 18, под 19 и под 21 година.
На 10 октомври, 2014 бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација, Марк Вилмотс, за натпреварот против Андора во квалификациите за Евроипскот првенство 2016; Белгија победила со 6-0, а Фереира Караско останал на клупата како неискористена замена.[18]. Официјалното деби го имал на 28 март 2015, во победата со 5-0 над Кипар во Брисел, влегувајќи како замена во 69-тата минута на местото на Маруан Фелаини.[19]
Хронологија на репрезентативни настапи и голови
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― [[ фудбалска Selezione {{Naz/ Белгија|d}}|{{Naz/ Белгија|c}}]] | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
29-03-2015 | Брисел | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Белгија |d}}|{{Naz/Белгија |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Белгија |ssb}}px 0px {{Naz/Белгија |ssb}}px">[[File:{{Naz/Белгија |a}}|class=noviewer|{{Naz/Белгија |c}}|20x16px]] | 5 – 0 | <span style="margin:0px {{Naz/ Кипар|ssb}}px 0px {{Naz/ Кипар|ssb}}px">[[File:{{Naz/ Кипар|a}}|class=noviewer|{{Naz/ Кипар|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/ Кипар|d}}|{{Naz/ Кипар|c}}]] | Квал. за ЕП 2016 | - | 69' | |
Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 0 |
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 22 март 2015.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Гол | ||
2012-2013 | Монако | Л2 | 27 | 6 | КФ+ЛКФ | 0+2 | 0+2 | - | - | - | - | - | - | 29 | 8 |
2013-2014 | Л1 | 18 | 3 | КФ+ЛКФ | 4+0 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 22 | 4 | |
2014-2015 | Л1 | 27 | 4 | КФ+ЛКФ | 4+2 | 0+1 | ЛШ | 8 | 1 | - | - | - | 41 | 6 | |
Вкупно во кариерата | 72 | 13 | 12 | 4 | 8 | 1 | 92 | 18 |
Титули
- Лига 2 (1) : 2012-13.
Надворешни врски
- Јаник Фереира Караско на soccerway
- Јаник Фереира Караско на Topforward
- Јаник Фереира Караско на transfermarkt
- Јаник Фереира Караско на Goal.com
- Јаник Фереира Караско на espn
- Јаник Фереира Караско на whoscored
Наводи
- ↑ „Yannick Ferreira Carrasco, l'ultima pepita belga“. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Generazione di Fenomeni - Yannick Ferreira Carrasco, il Monaco si gode i numeri di Ferreira Carrasco“. 3 август 2013 alle 09.26. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ AS Monaco 4 - 0 FC Tours - Yahoo!
- ↑ „AS Monaco 4-0 FC Tours“. 30 јули 2012. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help) - ↑ „Una magia di Ocampos lancia il Monaco agli ottavi di Coppa di Lega“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Le Mans 2-3 AS Monaco“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Auxerre - Monaco : 0-2“ (francese). Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link) - ↑ „Ligue1.com - French Football League - AS MONACO FC“.
- ↑ „FC Girondins Bordeaux 0-2 AS Monaco“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help) - ↑ „AS Monaco 2-1 AS Saint-Étienne“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help) - ↑ „Sochaux-Monaco 2-2, Ranieri perde la vetta“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help) - ↑ calciocritico.it (уред.). „Analisi tattica Monaco-Lorient 1-2“. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Champions: Zenit-Monaco 0-0, Bayer Leverkusen-Benfica 3-1“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Monaco 2-0 Evian“ (француски). Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Bastia-Monaco 1-3: Ferreira-Carrasco (1 goal e 2 assist) spegne l'entusiasmo corso“. 25 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help) - ↑ „Coupe de la Ligue, ottavi di finale: PSG avanti, Lione e Bordeaux eliminate ai rigori“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Фудбалерите на Монако ги шокираа „Топчиите" и го приредија најголемото изненадување во осмина-финалето“. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „Belgio 6-0 Andorra“. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|site=
(help) - ↑ „Белгија 5-0 Кипар“. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|site=
(help)