Прејди на содржината

Википедија:Почетен курс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 06:00, 3 август 2015; направена од YiFeiBot (разговор | придонеси) (Робот: Преместване на 3 междуезикови препратки към Уикиданни, в d:q915263.)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Почетен курс   Уредување   Форматирање   Викиврски   Википроекти   Надворешни врски   Разговорни страници   Не заборавајте   Зачленување   Заклучок    

Почетен курс на Википедија — вовед

Википедија е енциклопедија напишана преку соработката на доброволци, а и Вие можете да дадете свој придонес. Овој почетен курс ќе Ви помогне да станете придонесувач на Википедија.

Следниве страници ќе ви дадат совети за уредувањето и форматирањето на страниците, па стилот и содржината на енциклопедиските статии, а ќе Ве информираат и за заедницата на Википедија и за важни начела и напатствија на проектот.

Ова е почетен курс, а не детален прирачник. Ако сакате повеќе детали, постојат врски до други страници за повеќе информации. За да ги читате како што напредувате, можете да ги отворите во посебно јазиче или прозорец на прелистувачот.

Има врски до страници наречени „песок“ каде што можете да го вежбате она што сте го научиле. Слободно пробувајте и забавувајте се! Никому нема да му пречи ако експериментирате во овие простори за вежбање.