Владимир Набоков
Владимир Набоков | |
---|---|
Роден/а | 10 април (22 април) 1899 Санкт-Петербург, Руска империја |
Починат/а | 2 јули 1977 Монтро, Швајцарија |
Псевдоним | В. Сирин, Вивиан Дамор-Блок (Vivian Darkbloom) |
Занимање | поет, писател |
Националност | |
Период | 1921—1977 |
Жанр | сатира, антиутопија, биографија |
Книжевно движење | модернизам, постмодернизам |
мрежно место | |
= www.mochola.org/nabokov/index.htm mochola.org/nabokov] |
Влади́мир Влади́мирович Набо́ков (објавувал дела и под псевдонимот Сирин; 10 април (22 април) 1899, Санкт-Петербург, Руска империја — 2 јули 1977, Монтро, Швајцарија) бил руски и американски писател, поет, преведувач, книжевен публицист и ентомолог.
Набоков бил космополитски руски емигрант кој со извонредното познавање на неколку јазици, ерудицијата и контроверзната проза станал еден од најпознатите и најценети книжевници на 20 век. Самиот Набоков за себе рекол:
Јас сум американски писател роден во Русија и образуван во Англија, каде студирав француска литература откако петнаесетина години поминав во Германија.
Во неговото литературно творештво се вбројуваат стотини поеми, десетици новели, драми, преводи од руски и англиски, литературни критики и есеи. Под влијание на класичната руска и современите европски литератури пишува романи во кои низ многу фантазија и хумор ги спротивставува традиционалниот и модерниот систем на вредности. Поради безобразното отсликување на сексуалниот живот на своите јунаци, сврзуван е и меѓу порнографските писатели. Од дваесетте негови романи, ремек-дела се ,,Дар‘‘, напишан на руски и објавен во 1938, потоа ,,Лолита‘‘ од 1955 и ,,Блед оган‘‘ од 1962 на англиски. Ја објавил и една од најдобрите автобиографии на англиски јазик — ,,Speak, Memory‘‘. Исто така, тој напишал и многу стручни статии за пеперуги.
Меѓутоа, светската слава ја стекнал дури во 1955 со објавувањето на романот ,,Лолита‘‘. За популарноста на романот со тема за опседнатоста на еден средовечен маж со 12 годишно девојче придонел и филмот во режија на славниот режисер Стенли Кјубрик, со Џејмс Мејсон, Шели Винтерс и Сју Лајон. Новата верзија, како своевиден вовед во 100-годишнината од раѓањето на авторот, ја остварил во 1997 Адријан Лине со Џереми Ајронсом, Мелани Грифит и дебитантката Доминик Свајн. Популарноста на главниот лик била таква, што самиот поим Лолита, девојче на прагот на созревањето во жена, станал дел од секојдневниот говор.