Ферги (пејачка): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Rescuing 2 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5 |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 45: | Ред 45: | ||
На почетокот од 2009 година, Ферги и групата ја напуштиле [[A&M Records]]; тие останале во [[Interscope Records]].<ref>[[List of former A&M Records artists]]</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.facebook.com/fergie/info|title=Fergie|publisher=Interscope|archive-url=https://web.archive.org/web/20160112001304/https://www.facebook.com/fergie/info|archive-date=January 12, 2016|accessdate=December 10, 2012}}</ref> Петтиот студиски албум на групата, ''The END'' („The ''E''nergy ''N''ever ''D''ies“), бил издаден на 9 јуни 2009 година. Албумот дебитирал на прво место на [[Билборд 200|''Билборд'' 200]].<ref>{{Наведени вести|url=http://www.news.com.au/adelaidenow/story/0,22606,25719032-5018684,00.html|title=Peas Step Out Of Pod|last=Adelaide Now|date=July 1, 2009|work=The Advertiser}}</ref> „Boom Boom Pow“ бил водечки сингл од албумот ''The END;'' синглот се искачил на прво место на топ-листата во САД и станал прв сингл (песна) со ваков успех за групата.<ref name="first">{{Наведен нестручен часопис|access-date=April 8, 2009}}</ref><ref name="second">{{Наведен нестручен часопис|access-date=July 2, 2009}}</ref> |
На почетокот од 2009 година, Ферги и групата ја напуштиле [[A&M Records]]; тие останале во [[Interscope Records]].<ref>[[List of former A&M Records artists]]</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.facebook.com/fergie/info|title=Fergie|publisher=Interscope|archive-url=https://web.archive.org/web/20160112001304/https://www.facebook.com/fergie/info|archive-date=January 12, 2016|accessdate=December 10, 2012}}</ref> Петтиот студиски албум на групата, ''The END'' („The ''E''nergy ''N''ever ''D''ies“), бил издаден на 9 јуни 2009 година. Албумот дебитирал на прво место на [[Билборд 200|''Билборд'' 200]].<ref>{{Наведени вести|url=http://www.news.com.au/adelaidenow/story/0,22606,25719032-5018684,00.html|title=Peas Step Out Of Pod|last=Adelaide Now|date=July 1, 2009|work=The Advertiser}}</ref> „Boom Boom Pow“ бил водечки сингл од албумот ''The END;'' синглот се искачил на прво место на топ-листата во САД и станал прв сингл (песна) со ваков успех за групата.<ref name="first">{{Наведен нестручен часопис|access-date=April 8, 2009}}</ref><ref name="second">{{Наведен нестручен часопис|access-date=July 2, 2009}}</ref> |
||
[[Податотека:Fergie_e_Will.i.am.jpg|мини|240x240пкс| Ферги и Will.i.am настапуваат за време на состанокот на акционерите на Walmart во 2011 година]] |
[[Податотека:Fergie_e_Will.i.am.jpg|мини|240x240пкс| Ферги и Will.i.am настапуваат за време на состанокот на акционерите на Walmart во 2011 година]] |
||
Нивниот шести студиски албум, ''The Beginning'', бил издаден на 30 ноември 2010 година и добил мешани критики.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://musicsearch.comlu.com/blog/?p=1530|title=MusicSearch Blog – Black Eyed Peas Reveal New Album Details!|date=June 10, 2010|publisher=BlackEyedPeas.com|accessdate=September 10, 2010}}{{Мртва_врска|date=March 2024 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref> Спотот за „Just Can't Get Enough“, втор сингл од албумот било објавено на 16 март 2011 година, а било снимено во [[Токио]], една недела пред [[Земјотрес во |
Нивниот шести студиски албум, ''The Beginning'', бил издаден на 30 ноември 2010 година и добил мешани критики.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://musicsearch.comlu.com/blog/?p=1530|title=MusicSearch Blog – Black Eyed Peas Reveal New Album Details!|date=June 10, 2010|publisher=BlackEyedPeas.com|accessdate=September 10, 2010}}{{Мртва_врска|date=March 2024 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref> Спотот за „Just Can't Get Enough“, втор сингл од албумот било објавено на 16 март 2011 година, а било снимено во [[Токио]], една недела пред [[Земјотрес во Сендај (2011)|земјотресот и цунамито]]. На 6 јули 2011 година за време на концерт во Алтон Тауерс во [[Стафордшир]], Black Eyed Peas објавиле дека по завршувањето на нивната тековна турнеја ќе направат пауза на неодредено време.<ref name="Breakup">{{Наведени вести|url=http://www.mtv.co.uk/artists/black-eyed-peas/news/322913-black-eye-peas-take-indefinite-break-william-fergie|title=Black Eyed Peas Take Indefinite Break|date=July 9, 2011|access-date=July 9, 2011|publisher=[[MTV (UK and Ireland)|MTV UK]]}}</ref> |
||
Во мај 2010 година, таа го лансирала нејзиниот прв мирис, ''Outspoken by Fergie'', под директна продажба на компанијата за убавина и козметика, [[Avon Products|Avon]]. |
Во мај 2010 година, таа го лансирала нејзиниот прв мирис, ''Outspoken by Fergie'', под директна продажба на компанијата за убавина и козметика, [[Avon Products|Avon]]. |
Последна преработка од 13:48, 4 август 2024
Ферги | |
---|---|
Ферги во јуни 2018 | |
Роден(а) | Стејси Ен Фергусон 27 март 1975 Хасиенда Хајтс, Калифорнија, САД |
Други имиња | Ферги Духамел (до 2019) |
Занимање |
|
Активен период | 1984–денес |
Сопружник | Џош Духамел (в. 2009; раз. 2019) |
Деца | 1 |
Страница fergie.com |
Стејси Ен „Ферги“ Фергусон (англиски: Stacy Ann Ferguson; родена на 27 март 1975)[1][2] ― американска пејачка и глумица. Прво била дел од групата Wild Orchid, но успех на топ-листите постигнала како дел од хип-хоп групата Black Eyed Peas. Нејзиниот прв соло-албум, The Dutchess (2006), бил комерцијално успешен; три песни од албумот стигнале до прво место на Billboard Hot 100: „London Bridge“, „Glamourous“ и „Big Girls Don't Cry“.[3][4]
Ферги прво глумела во детската телевизиска серија Kids Incorporated и била член на женската група Wild Orchid. Во 2001 година, ја напуштила групата и следната година се приклучила на Black Eyed Peas. Со нив објавила четири студиски албуми. Нејзиниот втор соло-албум, Double Dutchess, бил објавен во 2017 година.
Ферги, исто така, глумела во неколку филмови, како што се Посејдон (2006), Гриндхаус (2007) и Девет (2009). Таа го лансирала нејзиниот прв мирис, Outspoken, под Avon во мај 2010 година. Нејзината линија на обувки, Fergie Footwear, била лансирана во 2009 година.[5][6][7]
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Стејси Ен Фергусон е родена на 27 март 1975 година во Хасиенда Хајтс, Калифорнија.[8]
1984–2002: Телевизија, глума и Wild Orchid
[уреди | уреди извор]Таа го позајмила гласот на Сали Браун во два цртани филма за Чарли Браун: It's Flashbeagle, Charlie Brown (1984) и Snoopy's Getting Married, Charlie Brown (1985), и во четири епизоди од The Charlie Brown и Snoopy Show. Од 1984 до 1989 година, Ферги глумела во музичката ТВ-серија Kids Incorporated и била најдолготраен член од актерската екипа. Таа глумела во првите шест од деветте сезони на серијата.
Ферги подоцна станала член на женското трио Wild Orchid. Групата потпишала договор за издавање музика со Sony Publishing, а во 1994 година потпишале договор за снимање со RCA Records.[9] Групата објавила пет сингла и два помалку успешни албуми. По завршувањето на третиот албум, истиот не бил издаден поради спор со издавачката куќа. Фергусон потоа ја напуштила Wild Orchid.[10]
2003–2006: Black Eyed Peas
[уреди | уреди извор]Во 2002 година, will.i.am ја поканил Ферги да ја испее песната „Shut Up“ за третиот албум на Black Eyed Peas, Elephunk. Ферги ја испеала песната и веднаш се поврзала со триото, па снимила уште пет други песни за албумот. Следната пролет, непосредно пред да биде објавен албумот, претседателот на Интерскоп, Џими Ајовин ѝ понудил на Ферги да стане постојан член на групата како замена за Ким Хил која ја напуштила групата во 2000 година. Групата оттогаш продала повеќе од 50 милиони плочи.
2006–2008: The Dutchess
[уреди | уреди извор]Првиот соло-албум на Ферги, The Dutchess, бил издаден во септември 2006 година.[11] „London Bridge“, била песна издадена како водечки сингл на албумот.[12][13] Песната предизвикала контроверзии поради нејзината двосмисленост,[14] но била огромен успех и се нашла на врвот на Billboard Hot 100 (три недели) и стигнала до топ-10 на топ-листите во дванаесет земји.[15] Во спотот за песната учествуваат членовите на Black Eyed Peas, а Ферги нанекоклу сцени е на Тауер бриџ.[16]
Следниот сингл, „<i>Fergalicious</i>", бил издаден на 23 октомври 2006 година.[17] Успеала да стигне до второ место на Billboard Hot 100.[18] Музичко видео ја прикажува Ферги како Вили Вонка во фабрика за слатки.[19] Со третиот сингл, Glamourous, Ферги успеала повторно да се искачи на прво место на топ-листата во САД, а истиот успех го постигнала и со четвртиот сингл, Big Girls Don't Cry; со ова Ферги станала прв соло-изведувач по Кристина Агилера кој успеал да има три хита на прво место од ист албум на US Hot 100.
Во декември 2007 година, списанието Блендер ја избрало Ферги за жена на годината.[20] Во 2006 година, Ферги се вратила на глумата и се појавила во римејкот на Посејдон. Подоцна имала споредни улоги во Гриндхаус (2007) и музичкиот филм Девет (2009). Ферги и другите глумци од Девет биле номинирани за награда од Здружението на глумците на екранот за извонредна изведба на актер во филм. Во 2008 година, Ферги потпишала договор со Brown Shoe за создавање лиценциран бренд за обувки.[21]
2009–2012: Понатамошен успех со Black Eyed Peas
[уреди | уреди извор]На почетокот од 2009 година, Ферги и групата ја напуштиле A&M Records; тие останале во Interscope Records.[22][23] Петтиот студиски албум на групата, The END („The Energy Never Dies“), бил издаден на 9 јуни 2009 година. Албумот дебитирал на прво место на Билборд 200.[24] „Boom Boom Pow“ бил водечки сингл од албумот The END; синглот се искачил на прво место на топ-листата во САД и станал прв сингл (песна) со ваков успех за групата.[25][26]
Нивниот шести студиски албум, The Beginning, бил издаден на 30 ноември 2010 година и добил мешани критики.[27] Спотот за „Just Can't Get Enough“, втор сингл од албумот било објавено на 16 март 2011 година, а било снимено во Токио, една недела пред земјотресот и цунамито. На 6 јули 2011 година за време на концерт во Алтон Тауерс во Стафордшир, Black Eyed Peas објавиле дека по завршувањето на нивната тековна турнеја ќе направат пауза на неодредено време.[28]
Во мај 2010 година, таа го лансирала нејзиниот прв мирис, Outspoken by Fergie, под директна продажба на компанијата за убавина и козметика, Avon.
2013–2018: Double Dutchess
[уреди | уреди извор]Во 2013 година, Ферги објавила дека почнала да работи на нејзиниот втор соло студиски албум.[29] Новиот сингл од Ферги, насловен „LA Love (La La)“, бил објавен на 30 септември 2014 година.[30] Песната дебитирала на Billboard Hot 100 на 97-мо место и се искачила до 27.[31] На 22 април 2015 година, пејачката извела песна со Black Eyed Peas на фестивалот за музика и уметност во Коачела 2015 година, како дел од сетот на Дејвид Гета. Во јуни 2015 година Ферги објавила дека го привршува албумот под наслов Double Dutchess.[32][33]
На 1 јули 2016, Ферги објавила нов сингл под наслов „M.I.L.F.$ “.[34] Ферги била инспирирана да ја напише песната по раѓањето на нејзиниот син Ексл.[35] На 2 јуни 2017 година, во една статија на Билборд се шпекулирало дека Ферги си заминува од Black Eyed Peas. Фронтменот на групата will.i.am го отфрлил ова, но изјави дека Ферги паузира од групата и дека одлучила да се сконцентрира на нејзината соло-кариера, а останатите членови работат на спореден проект.[36]
Албумот Double Dutchess конечно бил објавен на 22 септември 2017 година.[37] На 18 февруари 2018 година, will.i.am го потврдил заминувањето на Ферги од групата.[38]
2019–сега: Деловни потфати
[уреди | уреди извор]Во март 2019 година, Ферги била во Торонто за да ги промовира своите две линии на обувки, Fergalicious by Fergie и Fergie Footwear.[39][40] Fergie Footwear е луксузна линија, која се продава во луксузниот оддел како што е Nordstrom, додека Fergalicious од Fergie се продава по пониска цена .[21]
Во 2020 година, винарската визба на Ферги и нејзиниот татко Пат Фергусон, Фергусон Крест, основана во 2006 година,[41] објавила три нови вина наречени 2012 Syrah, 2012 Fergalicious и 2013 Viognier.[42] Вината биле именувани по стихови од песната од Ферги и Блек Ајд Пис.[42]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Ферги е бисексуалка. Таа рече: „Јас сум во шоу-бизнисот уште од мало девојче, па [хомосексуалноста] секогаш ми беше многу нормална. Мајка ми ме научи дека секој човек е Божјо дете. Треба да го живееш својот живот и да не ги осудуваш другите луѓе. Љубовта е голема работа“.[43]
Таа започна да се забавува со актерот Џош Духамел во септември 2004 година.[44][45] Тие се свршиле во декември 2007 година,[46] а се венчале на 10 јануари 2009 година.[47][48][49] Имаат еден син роден на 29 август 2013 година.[50] На 14 септември 2017 година, Ферги и Духамел објавија дека се разделиле претходно истата година.[51] Разводот бил финализиран во ноември 2019 година.[52]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- The Dutchess (2006)
- Double Dutchess (2017)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Fergie: Singer (1975–)“. Biography.com (FYI / A&E Networks). Архивирано од изворникот на September 25, 2020. Посетено на December 7, 2017.
- ↑ Kellman, Andy. „Fergie Biography“. AllMusic. Посетено на December 7, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Singer-Branded Shoes“. TrendHunter.com. Посетено на December 15, 2021.
- ↑ Denley, Susan (September 10, 2015). „Want to meet Fergie? Buy some shoes“. Los Angeles Times (англиски). Посетено на December 15, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ The confusion of whether she was born in Whittier or Hacienda Heights may be due to the local hospital being located in Whittier.
- ↑ Billboard – Google Books. October 12, 1996. Посетено на August 31, 2010.
- ↑ Watson, Margeaux (August 25, 2006). „The Dutchess could launch Fergie into super-celebrity“. Entertainment Weekly. Посетено на September 21, 2017.
- ↑ „Fergie Discography and Lyrics“. Stagestars.net. Архивирано од изворникот на October 12, 2008. Посетено на August 5, 2008.
- ↑ „Going for Adds-CHR/Top 40“. Radio and Records. July 17, 2006. Архивирано од изворникот на February 22, 2015. Посетено на September 17, 2014.
- ↑ „iTunes - Music - London Bridge - Fergie“. iTunes. January 2006. Посетено на September 17, 2014.
- ↑ Sullivan, Caroline (September 8, 2006). „Caroline Sullivan talks to Fergie of the Black Eyed Peas“. The Guardian. Посетено на September 17, 2014.
- ↑ „Fergie - London Bridge - Music Charts“. Music Charts. Посетено на September 17, 2014.
- ↑ Vineyard, Jennifer (July 11, 2006). „Black Eyed Peas' Fergie Gets Rough And Regal In First Video From Solo LP“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2022-05-30. Посетено на September 16, 2014.
- ↑ „Going for Adds-CHR/Top 40“. Radio and Records. October 22, 2006. Архивирано од изворникот на February 22, 2015. Посетено на September 17, 2014.
- ↑ „Fergie and Will.I.Am - Fergalicious - Music Charts“. Music Charts. Посетено на September 17, 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „E! report about Fergie and Blender magazine“. E!. Архивирано од изворникот на December 15, 2018. Посетено на December 19, 2007.
- ↑ 21,0 21,1 Kumar, Kavita (September 3, 2010). „Brown Shoe hopes Fergie line goes "boom, boom, pow"“. STLtoday.com (англиски). Посетено на 2022-07-02.
- ↑ List of former A&M Records artists
- ↑ „Fergie“. Interscope. Архивирано од изворникот на January 12, 2016. Посетено на December 10, 2012.
- ↑ Adelaide Now (July 1, 2009). „Peas Step Out Of Pod“. The Advertiser.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „MusicSearch Blog – Black Eyed Peas Reveal New Album Details!“. BlackEyedPeas.com. June 10, 2010. Посетено на September 10, 2010.[мртва врска]
- ↑ „Black Eyed Peas Take Indefinite Break“. MTV UK. July 9, 2011. Посетено на July 9, 2011.
- ↑ "Fergie: 'I will definitely release a new solo album'", Digital Spy, December 11, 2012.
- ↑ „CHR Available For Airplay“. Архивирано од изворникот на October 28, 2010.
- ↑ „Chart Highlights: Fergie Returns, Enrique Iglesias Hits No. 1“. billboard.com. October 6, 2014. Посетено на October 7, 2014.
- ↑ „Fergie's comeback: A cornucopia of music“. June 17, 2015.
- ↑ „Fergie Is Putting The Finishing Touches On 'Double Dutchess'“. Idolator. March 28, 2016. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на June 10, 2016.
- ↑ „M.I.L.F. $ - Single by Fergie on Apple Music“. iTunes.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Fresh, Mikey (June 2, 2017). „Fergie Takes A Break From Black Eyed Peas To Focus On Solo Career“. Vibe. Billboard-Hollywood Reporter Media Group. Посетено на June 3, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Will.i.am says Fergie out of Black Eyed Peas; could Nicole Scherzinger be the new member?“. Philippine Daily Inquirer. 21 February 2018. Посетено на 6 January 2021.
- ↑ Slone, Isabel (2019-03-27). „We Spoke With Fergie About Her Shoe Line, Motherhood and the True Meaning of Fergalicious“. FASHION Magazine (англиски). Посетено на 2022-07-02.
- ↑ Fergie Talks Favourite TV Show, Dessert And More! (англиски), Посетено на 2022-07-02
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 42,0 42,1 „Fergie New Wines Paired With Her Song Lyrics; Ferguson Crest“. PEOPLE.com (англиски). December 8, 2020. Посетено на 2022-06-10.
- ↑ Voss, Brandon (November 10, 2009). „Fergie: Labels and Love“. The Advocate. Посетено на November 28, 2023.
- ↑ Silverman, Stephen M. (June 19, 2007). „Josh Duhamel Reveals His Pick-Up Line on Fergie“. People.
- ↑ Jones, Isabel (March 17, 2022). „Fergie's Friends Told Her to "Take One for the Team" and Go Out With Josh Duhamel“. InStyle (англиски). Посетено на 2022-06-09.
- ↑ Salkin, Karen; Margaret, Mary (December 27, 2007). „Fergie and Josh Duhamel Engaged“. People. Посетено на August 29, 2013.
- ↑ „Fergie and Josh“. Elle. March 4, 2009. Архивирано од изворникот на August 25, 2010. Посетено на September 12, 2010.
- ↑ „It's Official: Fergie & Josh Are Married!“. People. January 10, 2009. Посетено на January 13, 2009.
- ↑ „Fergie Covers Allure, Talks Therapy With Josh Duhamel“. E! Online. 2015-01-20. Посетено на 2022-06-09.
- ↑ Peoplestaff225 (August 29, 2013). „Josh and Fergie Duhamel Welcome Son Axl Jack“. People. Посетено на February 18, 2020.
- ↑ „Fergie and Josh Duhamel Separate After 8 Years of Marriage: 'We Are and Will Always be United'“. People. September 14, 2017. Посетено на September 14, 2017.
- ↑ Mizoguchi, Karen (November 25, 2019). „Fergie and Josh Duhamel Finalize Their Divorce Over 2 Years After Announcing Separation“. People. Посетено на November 28, 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Ферги — AllMusic (англиски)
- Ферги на Семрежната филмска база на податоци (англиски)