Прејди на содржината

Велеслалом: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Македонизација, replaced: km/h → км/ч using AWB
с Историја: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница
Ред 17: Ред 17:


==Историја==
==Историја==
Првиот велеслалом бил одржан на 20 јануари 1935 година во [[Мотароне]], [[Италија]].<ref>Francesco Vida. ''La storia dello sci in Italia''.</ref>. По месец дена, вториот велеслалом бил одржан во [[Мармолада]] во италијанските [[Доломити]].<ref>{{cite web|last=Allen|first=John|title=First Giant Slalom|url=http://skiingheritage.blogspot.com/2010/01/first-giant-slalom.html|work=Skiing Heritage|publisher=International Skiing History Assoc|accessdate=31 December 2011}}</ref>
Првиот велеслалом бил одржан на 20 јануари 1935 година во [[Мотароне]], [[Италија]].<ref>Francesco Vida. ''La storia dello sci in Italia''.</ref>. По месец дена, вториот велеслалом бил одржан во [[Мармолада]] во италијанските [[Доломити]].<ref>{{Наведена мрежна страница|last=Allen|first=John|title=First Giant Slalom|url=http://skiingheritage.blogspot.com/2010/01/first-giant-slalom.html|work=Skiing Heritage|publisher=International Skiing History Assoc|accessdate=31 December 2011}}</ref>


На светските шампионати велеслаломот како дисциплина бил додаде во 1950 година во [[Аспен]], [[Колорадо]], а на зимските олимписки игри бил воведен во 1952 годиниа во [[Осло]], [[Норвешка]]. Оттогаш тој е непрекинато дел од натпреварите на светските шампионати и зимски олимписки игри. Првично, натпреварите во велеслалом се состоеле од едно возење. Второто возење за мажи било додадено во 1966 година, а на зимските олимписки игри во 1968 година. За жени, второто возење било додадено во 1978 година на светските шампионати, а на зимските олимписки игри во 1980 година.
На светските шампионати велеслаломот како дисциплина бил додаде во 1950 година во [[Аспен]], [[Колорадо]], а на зимските олимписки игри бил воведен во 1952 годиниа во [[Осло]], [[Норвешка]]. Оттогаш тој е непрекинато дел од натпреварите на светските шампионати и зимски олимписки игри. Првично, натпреварите во велеслалом се состоеле од едно возење. Второто возење за мажи било додадено во 1966 година, а на зимските олимписки игри во 1968 година. За жени, второто возење било додадено во 1978 година на светските шампионати, а на зимските олимписки игри во 1980 година.

Преработка од 16:55, 16 јули 2020

Ивер Бјеркестранд напаѓа капија во велеслалом

Велеслалом – дисциплина во алпско скијање и даскање. Натпреварувачите треба што побрзо да ја поминат означената патека притоа треба да ги поминат низ поставените врати кои се поставени на поголемо растојание отколку во слалом, но на помало отколку во супервелеслалом.

Велеслаломот и слаломот се техничките дисциплини во натпреварите во алпско скијање за разлика од брзите дисциплини во кои спаѓаат супервелеслаломот и спустот. Техничките дисциплини вообичаено се состојат од две возења на различни патеки, но на истиот терен.

Патека

Висинската разлика на патеката за велеслалом мора да биде меѓу 250 и 450 м за мажи и меѓу 250 и 400 м за жени. Бројот на врати треба да биде 56-70 за мажи и 46-58 за жени. Бројот на промени на правецот на патека за велеслалом е еднаков на 11-15% од висинската разлика на патеката во метри за возрасни, а 13-15% за деца. На пример, патека со висинска разлика од 300 м ќе има 33-45 промени на правецот за трка за возрасни.[1]

Брзина

Олимпиецот Лоте Сејерстед
на трка во велеслалом

Иако не спаѓа во брзите дисциплини, добро трениран натпреварувач може да достигне просечни брзини од 40 км/ч во велеслалом.

Опрема

Горе: скии за велеслалом од 2006,
долу: скии за слалом

Скиите за велеслалом се пократки од оние за супервелеслалом и спуст, а се подолги од оние за слалом.

Историја

Првиот велеслалом бил одржан на 20 јануари 1935 година во Мотароне, Италија.[2]. По месец дена, вториот велеслалом бил одржан во Мармолада во италијанските Доломити.[3]

На светските шампионати велеслаломот како дисциплина бил додаде во 1950 година во Аспен, Колорадо, а на зимските олимписки игри бил воведен во 1952 годиниа во Осло, Норвешка. Оттогаш тој е непрекинато дел од натпреварите на светските шампионати и зимски олимписки игри. Првично, натпреварите во велеслалом се состоеле од едно возење. Второто возење за мажи било додадено во 1966 година, а на зимските олимписки игри во 1968 година. За жени, второто возење било додадено во 1978 година на светските шампионати, а на зимските олимписки игри во 1980 година.

Поврзано

Наводи

  1. http://www.fis-ski.com/data/document/ICR04.pdf
  2. Francesco Vida. La storia dello sci in Italia.
  3. Allen, John. „First Giant Slalom“. Skiing Heritage. International Skiing History Assoc. Посетено на 31 December 2011.

Надворешни врски