Прејди на содржината

Јужни Словени: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 41: Ред 41:


*{{MNE}} (45% [[Црногорци]], 28.7% Срби, 11.9% Бошњаци и Муслимани по националност, 0.9% Хрвати)
*{{MNE}} (45% [[Црногорци]], 28.7% Срби, 11.9% Бошњаци и Муслимани по националност, 0.9% Хрвати)










Покрај овие, јужнословенски народи има и во:
Покрај овие, јужнословенски народи има и во:

Преработка од 14:44, 4 мај 2017

Јужни Словени
Južni Slaveni/Јужни Словени (бс.)
Южни славяни (бг.)
Јужни Словени (мк. / ср.)
Južni Slovani (сл.)
Južni Slaveni (хр.)
Јужни Словени/Južni Sloveni (цг.)
Јужните Словени (темнозелено) на картата на Европа.
Вкупен број
>40 милиони
Подрачја со значајно население
Мнозинство: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија, Словенија. Малцинство: Грција, Турција, Албанија, Косово.
Јазици
јужнословенски јазици:
босански, бугарски, хрватски, македонски, црногорски, српскохрватски, српски, словенечки
Вероисповед
православие, католицизам, ислам
Сродни народи
Словени

Јужни Словени е заеднички назив за современите словенски народи кои живеат на Балканскиот полуостров. Јужнословенски народи се: Македонците, Бошњаците, Бугарите, Србите, Словенците, Хрватите и Црногорците. Сите овие денешни народи се создадени преку еден етногенетски процес на мешање со други народи, но сепак локалните и светските експерти се едногласни дека словенскиот фактор е доминантен кај сите денешни Јужни Словени.

Историја

Рани извори

Словени во нивната татковина.

Малку е познато за Словените пред 5 век од нашата ера. Нешто што го знаеме за нивната историја пред 500-тите години е поврзана со изворите на Византиските историчари.

Во неговите изворни дела Де Белис, Прокопиус ги опишува словените како високи и цврсти, со светол тен и црвенкасто-руса коса, живеејќи во еден многу примитивен живот. Тие живееле во колиби, често оддалечени едни од други и често го менувале нивното место на живеење. Тие на власт немале само еден лидер, туку подолго време живееле во „демократија“, однсно анархија. Тие најверојатно верувале во повеќе богови, но Прокопиус претпоставувал дека верувале во еден врховен бог. Тој често бил идентификуван како Перун, бог на молњата. Словените се бореле така што право го напаѓале нивниот непријател, вооружани со стрели и мали штитови, но тие не носеле панцири.

Овие информации биле истиснати од страна на историските извори на Стратегикон, кој ги опишал Словените како неорганизирани и луѓе бев лидер, но сепак во голем број. Тој за нив напишал дека се луѓе кои не пуштале лесно да бидат освоени и друг да владее над нив. Тие ги правеле нивните живеалишта во близина на шуми, реки и мочуришта.[1] Јордан вели дека Словените имале нивен дом на Дунав, не далеку од северните порти. Наредна информација за Словените доаѓа од страна на владетелот Константин Порфирогенит, компилацијата историски извори „Чуда на Свети Димитар“ и слично.

Јужнословенски држави

Етнографска карта на Балканот на англиски.

Денес има 7 држави каде Јужните Словени се мнозинство:[2]

Покрај овие, јужнословенски народи има и во:

Население

Јужните Словени се поделени на две етнолингвистички групи: источни и западни Јужни Словени.[3]

Источни: (~9,000,000 жители)

Западни: (~18,000,000)

Религија

Пред доаѓањето на Јужните Словени на Балканот, тие имале политеистичка религија. Словените имале свои богови, митологија и преданија. Дури и денес се зачувани некои остатоци од оваа политеистичка религија. Сепак денес Јужните Словени се следбеници на Христијанството и Исламот. Најголемиот дел се православни (Македонски, Бугари, Срби и Црногорци), а потоа следуваат католиците (Хрвати и Словенци) и на крај муслиманите (Бошњаци, Македонци-муслимани, Помаци).

Јужните Словени по религија:

Галерија

Личности
Места
Носии

Наводи

  1. Fouracre, Paul. The Cambridge Medieval History, Volume I.
  2. CIA - The World Factbook
  3. Mile Nedeljković. Leksikon naroda Sveta. Beograd, 2001.

Поврзано