Прејди на содржината

Едип: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Едип''' ([[грчки]]: ''Οιδιπους'', [[Латински]]: ''Oedipus'') e херој од [[Грчка митологија|грчката митологија]], син на кралот [[Лај]] и [[Јокаста]].
'''Едип''' ([[грчки]]: ''Οιδιπους''; [[латински]]: ''Oedipus'') e херој од [[Грчка митологија|грчката митологија]], син на кралот [[Лај]] и [[Јокаста]].


==Животот на Едип==
==Животот на Едип==

Преработка од 00:14, 4 јануари 2016

Едип (грчки: Οιδιπους; латински: Oedipus) e херој од грчката митологија, син на кралот Лај и Јокаста.

Животот на Едип

Според митот, на тебанскиот цар Лај претскажувачите му претскажале дека синот што ќе му се роди ќе му донесе голема несреќа: ќе го убие него и ќе се ожени за својата мајка. Лај, за да го избегне пророштвото, кога се родил Едип наредил да го однесат и да го остават на планината Китерон. Едип останал жив и го одгледале туѓи луѓе за кои верувал дека му се татко и мајка. Кога пораснал, на една гозба некој пијан гостин му кажал дека луѓето што ги смета за родители, не му се татко и мајка. Сакајќи да ја дознае вистината, Едип отишол во светилиштето Делфи. Штом слушнал дека ќе го убие татка му и дека ќе се ожени за својата мајка, не се вратил дома за да не се исполни претскажувањето. Тој упатил кон Теба и случајно се судрил со Лај на еден крстопат. Во кавгата, Едип го убил царот Лај, без да знае дека му е татко. Потоа, тој ошол во Теба, каде со својата бистрина и поникливост ја одгатнал загатката што ја поставила сфингата:

„Двоножно и четириножно оддава еднакви звуци;

а и со три нозе; менува става сал тоа од сите
коишто се движат по земја, во воздух, или, пак, во море;
сепак, додека потпрено на четири нозе оди

тогаш баш телото негово најмала брзина има“.

Одговорот на гатанката што го кажал Едип гласел:

„Злокрила сфинго, музо на Мрија, нерадо макар,

слушни ја мојата реч - тоа ќе биде твој крај:
Загатнуваш човек, којшто, кога се движи по земјата,
прво - во телото слаб, тој четириножник е;
стар пак, се потпира с бастун ко с трета нога да оди,

грпка носејќи на врат, стуткан во старечки грч“.


Точниот одговор на Едип значел крај и за Сфингата, која сама скокнала во бездната, во која претходно ги фрлила сите луѓе што се обиделе да ја одгатнат загатката и не успеале. За награда што го спасил народот од поморот, Едип го добил престолот и раката на царицата Јокаста, вдовица на царот Лај и негова мајка. По повеќе години среќен живот се појавил страшен помор во Теба. Едип сакал да го открие виновникот за гневот на боговите што вака немилосрдно го казниле градот. Кога дознал дека тој е виновникот, т.е. дека е таткоубиец и родоскверник, самиот си ги ископал очите, а жена му - мајка му, Јокаста, се обесила.

Едип како тема во уметноста

Митот за Едип му послужил на Софокле како содржина за трилогијата: „Цар Едип“, „Едип во Колон“ и „Антигона“.

Наводи


Зевс Оваа статија за старогрчката митологија е никулец.
Можете да помогнете во нејзината дообработка.