Прејди на содржината

Банка на Шпанија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
создавање нова страница
 
JackieBot (разговор | придонеси)
с Fix URL prefix
Ред 15: Ред 15:
}}
}}


'''Банка на Шпанија''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Banco de España'') е национална централна банка и супервизор на шпанскиот банкарски систем. Нејзината дејност е уредена со Законот за автономија на банката на Шпанија<ref>http://http://www.bde.es//</ref>.
'''Банка на Шпанија''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Banco de España'') е национална централна банка и супервизор на шпанскиот банкарски систем. Нејзината дејност е уредена со Законот за автономија на банката на Шпанија<ref>http://www.bde.es//</ref>.


== Историја ==
== Историја ==

Преработка од 20:33, 24 април 2013

Централна Банка на Шпанија (македонски)
Banco de España (шпански)
Седиште
Седиште
СедиштеМадрид
Основана1782
ГувернерЛуис М. Линде
Централна банка наШпанија
Валутаевро
EUR (ISO 4217)

Банка на Шпанија (шпански: Banco de España) е национална централна банка и супервизор на шпанскиот банкарски систем. Нејзината дејност е уредена со Законот за автономија на банката на Шпанија[1].

Историја

Banco Nacional de San Carlos е основана на 2 јуни 1782 година со декрет потпишан од страна на кралот Карлос III . Банката беше основана врз основа на проектите поднесени од грофот на Кабарус, до премиерот, грофот од Флоридабланка. Нејзините цели беа: да обезбеди финансиска подршка на кралството, олеснување на движењето на државниот долг и конвертирање на истиот во готоцина; за снабдување на регулативи и униформи за вооружените сили; да се исплати круната во странство; за борба против лихварство и за обезбедување кредити за трговија и индустрија. Тоа беше една модерна институција за своето време. Нејзиниот капитал бил приватен и бил поделен на акции. Се исплаќаа дивиденди и акционерскиот одбор беше суверен над индивидуалните акционери, вклучувајќи го и самиот крал. Ги издаде првите шпански банкноти, наречени Банко де Сан Карлос гаранции, иако тие не беа добро прифатени од страна на јавноста.

Банка на Шпанија

Со законот од 28 јануари 1856 новата Banco Español de San Fernando е преименувана во Banco de España. Законот ја овласти државата да именува гувернер и двајца заменици гувернери и воспостави систем врз основа на обедување на неколку банки во една централна. Во пресрет на оваа либерализација, претприемачите и трговците почнаа да основаат банки во поголемите шпански градови, па така и Банката на Шпанија ги отвори своите филијали во Аликанте и Валенсија. 1868 година, Министерот за финансии, Лауреано Фигуерола, ја прогласи пезета-поделена на 100 центи како основна единица на шпанскиот монетарен систем. Првите монети се исковани во 1869.

Банка на Шпанија како дел од ЕМУ

На 1 јануари 1999 година, формирајќи ја Европската монетарна унија (ЕМУ) еврото стана валута за единаесет земји на Европската Унија (ЕУ): Шпанија, Германија, Австрија, Белгија, Финска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија и Грција- која единствената валута ја усвои две години подоцна. Земјите-членки учеснички го усвоиа еврото како своја пресметковна единица и оттогаш имаат заедничка монетарна политика.

Процесот на европска интеграција кулминираше на 1 јануари 2002 кога новите евро банкноти и монети биле пуштени во оптек, на местото на старите валути. Настана период на приспособување кон новите меѓународни сметководствени стандарди (МСС) и нивна примена на кредитните институции. Во европската арена, Банката на Шпанија стана полноправен и активен учесник во Eurosystem и разни комитети на Европската Унија (ЕУ) .

Банката исто така беше присутна и во други мултилатерални тела и форуми, како што е Меѓународниот монетарен фонд, Банката за меѓународни порамнувања, Центарот за Латинска Америка за монетарен студии и Базелскиот комитет за банкарска супервизија, се смета за глобален творец на регулаторните и супервизорските стандарди и чија главна цел е да се стандардизираат прудентните пракси на банкарска супервизија низ целиот свет.

Органи на управување

Во согласност со Законот на автономија на Банката на Шпанија, нејзините раководни органи се следниве:

  • Гувернер;
  • Заменик на гувернерот;
  • Управниот совет;
  • Извршна комисија.

Гувернерот ја насочува банката, тој претседава со Управниот совет и Извршната комисија и е правен застапник на Банката пред сите институции и меѓународни организации во кои тој се очекува да учествува. Тој е назначен од страна на кралот, по предлог на премиерот. Неговиот мандат трае шест години, без можност на втор мандат. Моментално гувернер на Банката на Шпанија е Луис М. Линде.

Заменик гувернерот на Банката на Шпанија ги врши должностите утврдени во прописите на Банката и она што ќе му го довери гувернерот. Тој е назначен од страна на Владата по предлог на гувернерот. Мандатот на заменикот гувернер трае паралелно со мандатот на гувернерот во период од шест години, без можност на втор мандат.

Управниот совет на Банката на Шпанија одобрува општи насоки за работата на банката, а особено:

  • оние кои се однесуваат на монетарната политика;
  • предлози за санкции, кои Банката мора да ги поднесе до министерот за економски прашања и финансии;
  • управниот совет ратификува именување на генерални директори на Банката на Шпанија;

Наводи

Надворешни врски