Прејди на содржината

Теофраст: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава ky:Теофраст, Феофраст
с r2.7.3) (Робот: Додава br:Theophrastos
Ред 25: Ред 25:
[[be:Тэафраст]]
[[be:Тэафраст]]
[[bg:Теофраст]]
[[bg:Теофраст]]
[[br:Theophrastos]]
[[ca:Teofrast]]
[[ca:Teofrast]]
[[cs:Theofrastos]]
[[cs:Theofrastos]]

Преработка од 14:35, 8 јули 2012

Теофраст

Предлошка:Аристотелијанизам Теофраст (грч.: Θεόφραστος) (372-287 год. п.н.е.) e книжевник и философ, роден во Ерез, град на островот Лезбос, денешна Грција. Вистинското име му било Тиртам. Првиот учител му бил Леосип, ученикот на Зенон. Потоа Теофраст отишол во Академијата на Платон, и на крај преминал кај Аристотел, каде бил најзабележителен меѓу учениците. Новиот учител Аристотел му го променил името од Тиртам → во Ефраст, што значи: кој зборува добро, а потоа заради неговата генијалност и красноречие го нарекол Теофраст т.е. чиј јазик е божествен.

Според Авел Гелиј, кога Аристотел бил обвинет од Еримонд, свештеник на божицата Церес, како непријател на боговите, а за да ја избегне судбината на Сократ, ја напуштил Атина и отишол во Калис, на островот Евбија. Академијата му ја оставил на својот ученик Теофраст од Лезбос, како и сите свои дела за да ги чува како тајна, по што философските и другите книги Теофраст ги издал во името на Аристотел.

Теофраст се прославил во целиот антички период за време на Македонската империја, во Академијата која ја наследил од Аристотел, имал повеќе од 2.000 ученика. Тоа предизвикало завист кај Софокол (не е поетот трагичар), син на Амфиклид, кој тогаш бил претор, па издал Закон против собирањето на групи, забрана за философите да предаваат, под закана со смртна казна. Теофраст и неговите ученици му се потчиниле на овој Закон; но следната година, кога Фелон ја зазел функцијата претор на Атина, Атињаните го укинале овој срамен Закон, го осудиле Софокол да плати казна од пет таланти и им ги вратиле правата на Теофраст и на сите философи.

Негови се две ботанички дела, "Историја на растенијата" во девет книги, "Потекло на растенијата" [1]во шест книги, во кои опишал 550 видови растенија, со што станал основач на ботаниката како наука. Исто така, негово е и делото "Карактери" кое подоцна служело како извор од кој се црпеле известувања за развојот на философските сфаќања. Овие три дела на Теофраст се сочувани до денес, меѓутоа изгубено е делото “За стилот“ кое се занимавало со прашањата на книжевната теорија и стил. Делумно се сочувани делата "Метафизички апории" и "Историја на физиката". Неговите расправи за логиката се коментари и дополнувања на Аристотеловиот "Органон".

Теофраст активно учествувал во политичкиот живот.

Умрел на 85-годишна возраст.

Надворешни врски

Наводи