Институт за класични студии: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
Создавањето на Институтот за класични студии е тесно врзано со создавањето на Универзитетот во Скопје и неговото јадро - [[Филозофски факултет|Филозофскиот факултет]]. [[Слика:IKS-Skopje.jpg| |
Создавањето на Институтот за класични студии е тесно врзано со создавањето на Универзитетот во Скопје и неговото јадро - [[Филозофски факултет|Филозофскиот факултет]]. [[Слика:IKS-Skopje.jpg|250px|десно|thumb|Институт за класични студии, ФЗФ - Скопје]] Како една од првите шест наставно-научни единици на Историско-филолошкиот оддел при овој факултет, Институтот за класични студиија ја започнува својата дејност во 1946 година, како ''Семинар за класична филологија'', со минимален наставен кадар (проф. д-р [[Михаил Д. Петрушевски]] и асистент Анастас Таховски). Основачот на Семинарот проф. [[Михаил Д. Петрушевски]], воедно станува и '''прв декан''' на [[Филозофски факултет|Филозофскиот факултет]] во периодот '''1946-9''' година. Како раководител, прво на Семинарот, а потоа на Катедрата за класична филологија, професорот Петрушевски создава солидна база за натамошен развој на наставно-научната дејност на Катедрата, снабдувајќи ја Семинарската библиотека со најнужната литература (текстови, прирачници, студии, лексикони, енциклопедии и сл.). Во 1950 год. тој е иницијатор за издавањето на научното списание од областа на класичните студии [http://www.antiquitasviva.edu.mk/ Жива Антика], единствено од овој вид на просторите на тогашна Југославија, при што станува негов главен и одговорен уредник. Ова списание континуирано се издава и денес. Во него објавуваат свои трудови значајни научници од земјата и од странство, а се дистрибуира во научните центри на сите континенти во светот. Поради тоа го има статусот на меѓународно научно списание, атестирано како такво од [[УНЕСКО]]. Преку размената на ова списание Институтот за класични студии остварува соработка со бројни сродни списанија од светот и на тој начин редовно и со најнови вредни наслови од областа се збогатува библиотечниот фонд на Институтот. |
||
До 1956 год. целокупната настава по фундаменталните предмети на Семинарот за класична филологија ја изведува професорот Михаил Д. Петрушевски во соработка со асистентот Анастас Таховски. Во тој период како гости во наставата се приклучуваат и професорите од [[http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%82_%D0%A3%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D1%83_%D0%91%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%83 Филозофскиот факултет]] во Белград - проф. д-р [http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%BD_%D0%91%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80 Милан Будимир] и проф. д-р [http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%88_%D0%9D._%D0%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%9B Милош Н. Ђурић]. Во 1956 год. Семинарот прераснува во ''Катедра за класична филологија'', кадровски подзасилена со изборот на д-р Богдан Стевановиќ, кој ја презема наставата по Историја на старогрчката и римска литература, на Елена Зографска како лектор по старогрчки јазик и на Петар Хр. Илиевски како асистент по Грчка и Латинска историска граматика. Во 1958 год. е избран и лектор по латински јазик - Борка Јосифовска. |
До 1956 год. целокупната настава по фундаменталните предмети на Семинарот за класична филологија ја изведува професорот Михаил Д. Петрушевски во соработка со асистентот Анастас Таховски. Во тој период како гости во наставата се приклучуваат и професорите од [[http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%82_%D0%A3%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D1%83_%D0%91%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%83 Филозофскиот факултет]] во Белград - проф. д-р [http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%BD_%D0%91%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80 Милан Будимир] и проф. д-р [http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%88_%D0%9D._%D0%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%9B Милош Н. Ђурић]. Во 1956 год. Семинарот прераснува во ''Катедра за класична филологија'', кадровски подзасилена со изборот на д-р Богдан Стевановиќ, кој ја презема наставата по Историја на старогрчката и римска литература, на Елена Зографска како лектор по старогрчки јазик и на Петар Хр. Илиевски како асистент по Грчка и Латинска историска граматика. Во 1958 год. е избран и лектор по латински јазик - Борка Јосифовска. |
Преработка од 10:16, 20 февруари 2008
Создавањето на Институтот за класични студии е тесно врзано со создавањето на Универзитетот во Скопје и неговото јадро - Филозофскиот факултет.
Како една од првите шест наставно-научни единици на Историско-филолошкиот оддел при овој факултет, Институтот за класични студиија ја започнува својата дејност во 1946 година, како Семинар за класична филологија, со минимален наставен кадар (проф. д-р Михаил Д. Петрушевски и асистент Анастас Таховски). Основачот на Семинарот проф. Михаил Д. Петрушевски, воедно станува и прв декан на Филозофскиот факултет во периодот 1946-9 година. Како раководител, прво на Семинарот, а потоа на Катедрата за класична филологија, професорот Петрушевски создава солидна база за натамошен развој на наставно-научната дејност на Катедрата, снабдувајќи ја Семинарската библиотека со најнужната литература (текстови, прирачници, студии, лексикони, енциклопедии и сл.). Во 1950 год. тој е иницијатор за издавањето на научното списание од областа на класичните студии Жива Антика, единствено од овој вид на просторите на тогашна Југославија, при што станува негов главен и одговорен уредник. Ова списание континуирано се издава и денес. Во него објавуваат свои трудови значајни научници од земјата и од странство, а се дистрибуира во научните центри на сите континенти во светот. Поради тоа го има статусот на меѓународно научно списание, атестирано како такво од УНЕСКО. Преку размената на ова списание Институтот за класични студии остварува соработка со бројни сродни списанија од светот и на тој начин редовно и со најнови вредни наслови од областа се збогатува библиотечниот фонд на Институтот.
До 1956 год. целокупната настава по фундаменталните предмети на Семинарот за класична филологија ја изведува професорот Михаил Д. Петрушевски во соработка со асистентот Анастас Таховски. Во тој период како гости во наставата се приклучуваат и професорите од [Филозофскиот факултет] во Белград - проф. д-р Милан Будимир и проф. д-р Милош Н. Ђурић. Во 1956 год. Семинарот прераснува во Катедра за класична филологија, кадровски подзасилена со изборот на д-р Богдан Стевановиќ, кој ја презема наставата по Историја на старогрчката и римска литература, на Елена Зографска како лектор по старогрчки јазик и на Петар Хр. Илиевски како асистент по Грчка и Латинска историска граматика. Во 1958 год. е избран и лектор по латински јазик - Борка Јосифовска.
По докторирањето и изборот за доцент на Петар Хр. Илиевски (1961), се избираат уште два асистента: Јани Филовски – по старогрчки јазик и Љубинка Басотова – по латински јазик. Наставниот и помошнонаставниот кадар од Катедрата за класична филологија изведува настава и на другите катедри на тогашниот Филозофски факултет – за историја, за романска филологија и за албанологија, а се држат и курсеви по старогрчки јазик и компаративна лингвистика за наставниците и соработниците на Филозофскиот факултет кои пројавиле интерес за овие дисциплини.
Во академската 1959/60 година на Катедрата за класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје редовно се одржуваат научни состаноци, на кои се презентираат резултатите од научните истражувања на членовите на катедрата од областа на микенологијата - тогаш новата дисциплина во класичната филологија, анализа и критика на текстови, предавања од историјата на литературата, археологијата, митологијата, балканистиката и други. На ваквите состаноци присуствуваат и учествуваат и наставници од другите катедри на Факултетот, како и наставници по класичните јазици од средните училишта.
Почнувајќи од 1958 г. воспоставени се контакти на меѓународно ниво, така што наставниците од Катедрата за класична филологија учествуваат на повеќе меѓународни собири во многу европски земји (Германија, Англија, Бугарија, Италија, Шпанија, СССР, Словенија, Грција, Полска и др.), а пред наставниците и студентите од Катедрата со свои излагања гостуваат професори од странство (Грција, Романија, Бугарија, Полска, САД, Англија и др.). По донесувањето на законот за високо образование од 1977 год., Катедрата за класична филологија е преименувана во Наставно-научна група за класични студии, а од 1988 г. во Институт за класични студии.