Цитау
Цитау (германски: Zittau) или Житава (чешки: Žitava, полски: Żytawa, горнолужички: Žitawa) — град во југоисточниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија, близу до тромеѓето на Германија, Полска и Чешка. Неговото население брои над 28.000 жители. Дел е од округот Герлиц.
Цитау | |
Градското собрание во Цитау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Герлиц |
Градоначалник | Арнд Фогт |
Основни податоци | |
Површина | 66,74 км2 |
Надм. височина | 242 м |
Население | 24.794 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 372 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GR |
Пошт. бр. | 02763 |
Повик. бр. | 03583 |
Портал | www.zittau.de |
Местоположба на градот Цитау во рамките на округот Герлиц | |
Координати | 50°53′46″N 14°48′26″E / 50.89611° СГШ; 14.80722° ИГД |
Историскиот град на Цитау сè уште ја прикажува неговата првична убавина со многу куќи од неколку периоди во германската архитектура. Познато е градското собрание изградена во италијански стил, црквата на Свети Јован и шталите (Salzhaus) со нивното средновековно наследство. Оваа повеќекатна градба е најстара од ваков вид во Германија.
Историја
уредиЦитау бил еден од шесте членки на Горнолужичкиот Сојуз. Во тоа време градот ја добил специјалната титула - бил наречен „Die Reiche“ („Богатиот“), поради неговиот висок процент на богати граѓани.
Во текот на Антиреформацијата и по 1620 по Битката кај Weisser Berg (Бела Планина) голем број на протестантски бегалци од Бохемија („böhmische Exulanten“) дошле во Цитау, каде протестантските саксонски владетели ги прифатиле. Многу од нив заминале од градот и нашле прибежиште во соседните села, во Дрезден и во Берлин во Бранденбург. Првенството поради скоро целосното уништување предизвикано од Седумгодишната војна, поранешните просперитетни години на градот се видливи само во неколку исклучителни градби и гробиштата, каде се закопани богатите граѓани.
Едно од најважните тргувани добра во XVI век било пивото. Подоцна во XVIII и XIX век, текстилот станал важен, кој традиционално се поврзувал со регионот на Горна Лужица. Во текот на Втората светска војна, во градот се наоѓал камп за принудна работна сила. Тој обезбедувал принудна работна сила за Schoenmann Werke, производител на авионски делови.[2]
По повторното обединување во 1990, повеќето од големите текстилни претпријатија, кои го преживеале времето на ГДР, скоро без ниедна промена и никакви инвестиции, се затвориле во текот на следните години. Градот ја загубил поголемиот дел од неговата економска сила. Па така, ископувањето на јагленот биле прекинато, кое се вршело на периферијата на градот во падините на Житавските Планини, додека сè уште било извршувани од другата страна на границата во Полска. Меѓутоа ова ги зачувало одредени делови на градот од сигурно уништување, кои сега се само напуштени воени гарнизони и училишта. Градот е исто така обесправен од поевтината работна сила од соседните држави.
Главни знаменитости
уреди- Црква „Св. Богородица“ - полуготска црква, која првпат била спомената во 1355.
- Градски дом - проектирана од Карл Фридрих Шинкел и изградена во италијански палацо-стил помеѓу 1840 и 1845.
- Цветен часовник - позната атракција во Цитау, цветниот часовник бил изграден во 1907, од механизмот на часовникот во Старата кула и содржи околу 4.800 растенија, садени трипати години.
- Манастирска црква - била црква на францисканскиот манастир. Нејзиниот висок олтар бил посветен на апостолите Петар и Павле во 1293. Главното црковно крило потекнува од 1480 и било изградено во стил на доцна готика. Во годините 1696, 1731 и 1748, собите за молитви биле изградени на јужната страна на црквата. Овие биле специјални зони за седење за богатите граѓани.
- Маркт - главниот средиштен плоштад[3]
- Црква Свети Јован - првично изградена во 1230 во романескнен стил од Редот на Свети Јован, чиј патрон-светец бил Свети Јован Крстител. Подоцна била посветена на Јован Богослов. Градбата била уништена во 1757 од австриските војници во текот на Седумгодишната војна. Моменталниот објект бил изграден помеѓу 1766 и 1837.[4]
Култура
уредиОколу 3.500 студенти студираат на Универзитет за применети науки Цитау/Герлиц и на независната Меѓународна школа, најмалиот германски универзитет за угостителство, со студенти од соседните Полска и Чешка.
Сообраќај
уредиПатен
уредиГрадот сè уште страда од добра инфраструктура до градот, но се планира директна врска со најблискиот автопат помеѓу Бауцен и Герлиц.
Железнички
уредиЦитау е опслужуван од регионалниот Ostdeutsche Eisenbahn GmbH (ODEG), кој го поврзува Цитау со Герлиц и Котбус, откаде може да се отпатува до Дрезден и остатокот на Германија.[5] Цитау е исто така на железничката линија Лебау-Цитау, која првично била отворена во 1848, што ја прави една од најстарите железнички линии во Германија. Железничката линија Цитау-Ојбин-Јонсдорф е железница на тесен колосек, која носи патници од Цитау со планинските бањски градови Ојбин и Јонсдорф во Житавските Планини.
Поранешни гранични премини
уредиЦитау се наоѓа близу тромеѓето на Германија, Полска и Чешка, каде имало неколку гранични премини помеѓу трите држави. Сепак, граничните и цариските проверки биле отстранети на 21 декември 2007, кога Чешка и Полска станале дел од Шенген-зоната.
Германија-Чешка
уреди- Хартау-Храдек: Се наоѓа во селото Хартау, јужно од Цитау. Овој премин бил единствено за пешаци.
Германија-Полска
уреди- Цитау Хопинштрасе-Сјенијавка: Овој граничен премин се состоел од патен мост над реката Лужичка Ниса, која ја оформува границата помеѓу Германија и Полска, на исток од Цитау.
- Цитау Фриденштрасе-Порајов: Исто така со патен мост над Лужичка Ниса, јужно од Цитау. Полското село покрај границата е Порајов. Овој премин бил користен од граѓаните на Чешка, кои сакале да дојдат во Германија.
- Цитау Лужица-Порајов: Овој мост, кој порано бил затворен за пешаци, бил отворен во декември 2007.
Цитау е единствениот град долж линијата Одра-Ниса, каде шесте постоечки гранични мостови, кои ги поврзуваат Германија и Полска се сè уште затворени, иако обете држави се членки на Шенген-зоната.
Познати луѓе
уреди- Федор Апелт — војник
- Ернст Бајер — лизгач на мраз, олимписки првак во 1936
- Убе Бенинг — германски стопанственик
- Макс Фидлер — диригент и композитор
- Мориц Хаупт — филолог
- Лу Хајлман — политичар
- Фриц Херч — генерал
- Теодор Лојполд — олимписки велосипедист
- Алберт Лудовици — глумец
- Михаел Х. Катер — историчар и автор
- Јохан Кригер — композитор и оргулар
- Јохан Кунау — композитор и оргулар
- Сеп Кунце — фудбалер
- Ерик Лангковски — филмски продуцент
- Волфганг Макач — орнитолог и зоолог
- Хајнрих Маршнер — композитор
- Штефан Мајер — политичар
- Улрих Пинер — тенисер
- Георг-Вилхелм Постел — генерал
- Хајнц Рихтер — олимписки велосипедист
- Вернер Рихтер — генерал
- Марко Рудолф — олимписки боксер
- Лиза Тецнер — писателка
- Штефен Телцер — хокеар
- Алберт Цимерман — сликар
- Макс Цимерман — сликар
- Роберт Цимерман — сликар
- Рихард Цимерман — сликар
Наводи
уредиЕнциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Цитау“. |
- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ Едвард Виктор. Список на кампови, подкампови и други кампови по азбучен ред.www.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps. htm
- ↑ „Културни траги“. Tourismus Marketing Gesellschaft Sachsen mbH. Архивирано од изворникот на 2011-01-06. Посетено на 2 септември 2011.
- ↑ „Црква Свети Јован во Цитау“. Euroregionales Kulturzentrum St. Johannis Zittau e.V. Посетено на 2 септември 2011.[мртва врска]
- ↑ „Linien-Übersicht“. Ostdeutsche Eisenbahn GmbH (ODEG). Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 2 септември 2011.