Соломони

земја во Океанија

Соломоните[1], или официјално Соломонски Острови[2] или Соломонови Острови (англиски: Solomon Islands) се земја во Меланезија, источно од Папуа Нова Гвинеја и содржи околу илјада острови.Заедно тие покриваат површина од 28,400 км2. Главниот град е Хонијара, сместен на островот Гвадалканал.

Соломонски Острови
Solomon Islands  (англиски)
Знаме Грб
ГеслоTo Lead is to Serve  (англиски)
„Да се ​​води значи да се служи“
ХимнаГоспод ги чува нашите Соломони
Кралска химнаБоже, чувај го Кралот
Локација на Соломоните
Локација на Соломоните
Локација на Соломоните
Главен град
(и најголем)
Хонијара
9°28′S 159°49′E / 9.467° ЈГШ; 159.817° ИГД / -9.467; 159.817
Службен јазик англиски
Демоним соломонец
Уредување Уставна монархија
 •  Крал Чарлс III
 •  Генерален гувернер Давид Вунаги
 •  Премиер Џеремаја Манеле
Законодавство Национален парламент
Независност
 •  од Обединетото Кралство 7 јули 1978 
Површина
 •  Вкупна 28,400 км2 (139.)
 •  Вода (%) 3,2
Население
 •  проценка за 2021 г. 707.851 (167.)
 •  Попис јули 2005 552.438 
 •  Густина 18,1 жит/км2 (200.)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
 •  Вкупен 1,479 милијарди долари 
 •  По жител 2.307 долари 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
 •  Вкупно 1,511 милијарди долари 
 •  По жител 2.357 долари 
Џиниев коеф. (2013)37.1
среден
ИЧР (2019) 0.567
среден · 151.
Валута Соломонски долар (SBD)
Часовен појас (UTC+11)
Се вози на лево
НДД .sb
Повик. бр. +677

За Соломоните се смета дека се населени од меланезиски народ илјадници години. Обединетото Кралство основало протекторат врз Соломонските Острови во 1890 години. Некои од најгорчливите битки за време на втората светска војна се одвивале на Соломоните од 1942 до 1945 година, вклучувајќи ја и Битката за Гвадалканал. Самоуправувачка влада беше основана во 1976 година и независност после две години подоцна. Државата е дел од Комонвелтот на Нациите.

Од времето на етничката војна во 1998 година, криминалот ја разниша стабилноста и граѓанското општество на Соломоните. Во јуни 2003 година мултинационални сили предводени од Австралија и Регионалната асистенционална мисија на Соломонските Острови приостигаат и го враќаат мирот во државата. Северните Соломони се поделени помеѓу Независни Соломони и провинцијата Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја.

Историја

уреди

Историчарите тврдат дека папуанско население започнало да се населува на островите во 30.000 п.н.е. Австронезиски народи дошле на островите во 4.000 п.н.е. и при тоа донеле културни елементи карактеристични за тие народи. Во периодот од 1.200 до 800 п.н.е. започнале да доаѓаат полинезиски народи, особено народот Лапита. Првиот европски што ги открил островите бил шпанецот Алваро де Мендоња де Неира кој дошол од Перу во 1568.

Мисионери започнале да ги посетуваат островите во 19 век. Британија објавила протекторат на јужниот дел од островите во 1893 и со тоа се ставиле темелите на Британскиот протекторат на Соломоните.

Со крајот на Втората светска војна, британската колонизаторска власт повторно се зајакнала на државата. Подоцна се оформило движењето „Масина Руру“ кое дејствувало на сите острови, но по извесен период главните водачи биле притворени. Како и да, Соломоните на 2 јануари 1976 година се стекнале со самоуправување и на 7 јули 1978 година прогласиле независност.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Соломоните,

Соломоните се архипелаг кој се наоѓа источно од Папуа Нова Гвинеја. Оддалеченоста на најисточниот и најзападниот остров во архипелагот е 1.500 километри. Островите Санта Крус се сместени северно од Вануату и се оддалечени повеќе од 200 километри. Бугенвил е географски дел на Соломоните, но политички е дел од Папуа Нова Гвинеја.

Климата на Соломоните е топла со просечна годишна температура од 27 °C. Од јуни до август е најладниот период додека пак од ноември до април се врнежливите сезони.

Политички систем

уреди

Соломоните се уставна монархија и имаат парламентарен систем на владеење. Кралот Чарлс III е монарх на Соломоните и на чело на државата. Негов претставник е генералниот гувернер на Соломоните и тој е избран од парламентот со мандат од пет години. На Соломоните има парламент со 50 члена избрани за мандат од четири години, но парламентот може да се распушти ако за тоа се согласат мнозинството пратеници. На чело на владата е премиерот кој е избран од страна на парламентот.

Административна поделба

уреди
 
Карта на Соломоните.

Државата е поделена на 10 административни региони, од кои 9 се покраини раководени од избрани покраински собранија, а 10- та е градот Хонијара раководен од Градскиот Совет на Хонијара.

Стопанство

уреди

БНП на Соломоните е 600 долари по глава на жител и со тоа ја прави државата помалку развиена. Повеќето од 75% од населението е вработено во рурален сектор и во рибарството. Повеќето индустриски производи мора да бидат увезени од странство. Главниот извоз на Соломоните е дрвото и поради тоа во последно време соломоновите шуми се загрозени. Останати земјоделски производи на Соломоните се копрата и палмовото масло.

Население, религија и јазик

уреди

Во 2006 повеќето од населението на Соломоните се изјасниле како меланезици, односно околу 94.5%. Покрај нив има и микронезици со околу 1.2 % и полинезици со 3%. Има околу 74 јазици на Соломоните, но четири од нив се исчезнати. Службен јазик на Соломоните е англискиот.

Религија

уреди

Религијата во Соломоните е околу 97 % Христијанство со следните доминантни цркви: Англиканска Црква 32 %, Католичка црква 19 %, Јужноморската Евангелистичка Црква 17%, Седумдневна адвентистичка Црква 11,2 %, Обединета Црква во Папуа Нова Гвинеја и Соломонски Острови 10,3 %, Христијанска Братска Црква 2.4 % и други христијани 4,4 %. Останатите 2,9 % припаѓаат на локалните религиски верувања и други религии како што се Бахаи верувањето.

Верници во Соломоните Острови
Христијани
  
97,40 %
Без Религија
  
0,20 %
Будисти
  
0,30 %
Народна Религија
  
1,30 %
Други
  
0,70 %

Култура

уреди

Во традиционалната култура на Соломоните, обичаите на постарите луѓе се предаваат од една генерација врз друга за да се формираат духовните вредности на Соломоновата култура и традиција. Најпопуларниот спорт во Соломоните е Крикет. Радиото е највлијателниот медиум во Соломоните заедно со јазичните различности и неписменост.

Наводи

уреди
  1. Правопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007
  2. Правопис на македонскиот јазик, Б. Видоески, Т. Димитриевски, К. Конески, Р.У. Скаловска, стр. 167, Скопје.

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Вести
Патување
Друго

Поврзано

уреди