Сено – косена и сушена трева[1], која се користи како животинска храна. Количината на влага се смалува со сушењето од приближно три четвртини во зелената трева на приближно една петтина во сеното. Сеното обично се прави од осатка, луцерка и детелина. Тревата обично се коси на нива или на ливада додека е уште зелена, а потоа се суши. Сеното се компресира во правоаголни бали и се врзува со жица или јаже, а често се складира и во облик на стогови. Сеното претставува основна зимска храна за говедата и коњите.

Сенокос
Стог сено во село Пискупштина

Најдобри услови за производство на сено се во доволно влажни долини и полиња со умереноконтинентална и атлантско-приморска клима, потоа во планински котлини и шумски полјани...

Косењето се врши рачно со помош на коса или со машини (механички косилки и балирки), а потоа се собира рачно со вили или машински.

Стог

уреди

Стоговите се купишта сено[2], накупчени на различни начини во зависност од областа, климата и други особености.

За да го задржи својот квалитет сеното треба да се заштити од надворешните временски услови, а за истото најпогодно е негово складирање во затворени градби.[3]:89 Меѓутоа заштитата од времето може да се обезбеди и со складирање на сеното на отворен простор, во стогови или во големи пресувани бали (цилиндрични или правоаголни). Овие методи зависат од површината на сеното (стог или бала) земајќи го предвид влијанието на времето и заштитата на масата сено.

Традиционално, складирањето на отворено било вршено во стогови од сено, така што најголемиот дел од сеното бил доволно зачуван преку зимата, а горниот слој кој бил подложен на временските промени ќе се искористи како органско ѓубре наредното лето.

За да се заштити стогот да не го јадат животни може да се направи ограда[4][5].

Галерија

уреди

Македонски народни поговорки

уреди
  • За магаре сено, та за него збор.[6]
  • Мама вино не пијат, коза сено не јадит.[6]
  • Не е сено за магаре.[6]
  • Атоите кога се клоцаат, магарињата поарното сено го јадат.[6]
  • Дај му на коњо зоб и сено за да ти носи тоарот.[6]

Наводи

уреди
  1. „Сено“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „стог“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Yost, Spencer (2006), Small-Scale Haymaking, St. Paul, MN, USA: Voyageur Press, ISBN 9780760320969.
  4. Steven R. Hoffbeck (2000). The Haymakers: A Chronicle of Five Farm Families. Minnesota Historical Society Press. стр. 29–32. ISBN 978-0-87351-395-1.
  5. Singleton, GR (1985). „A Demographic and Gentic Study of House Mice, Mus musulus, Colonizing Pasture Haystacks on a Cereal Farm“. Australian Journal of Zoology. 33 (4): 437. doi:10.1071/ZO9850437. ISSN 0004-959X.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Македонски пословици“. Посетено на 2019-05-16.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди

Надворешни врски

уреди