Руда
Руда — вид на камен што содржи минерали со вредни елементи како метали се вади од земјата со рударење. Ископаниот материјал потоа се рафинира за да се добијат саканите елементи.
Класата или концентрацијата на рудниот минерал или метал и обликот во кој се јавува истата го одредува трошокот на вадење на рудата. Исплатливоста на експлоатацијата зависи од вредноста на металот во рудата и степенот на негова застапеност. Металните руди може да се соединенија како оксиди, сулфиди, силикати или „самородни“ метали (како што е самородниот бакар) што се јавуваат концентрирани во Земјината кора. Покрај нив, постојат и „благородни“ метали како златото што се среќаваат во самостоен неврзан облик. Рудата потоа се обработува за да се добијат саканите метали, раздвојувајќи ги од камењата и другите непотребни минерал. Рудните лежишта се создаваат по пат на различни геолошки процеси. Тие процеси се основа за поделба на рудите, според кои тие се групираат.
Ископување
уредиРудните наоѓалишта се експлоатираат по следниве постапки:[1]
- Истражување и извидување за утврдување на местоположбата, големината и вредноста на лежиштата
- Проценка на ресурсите со математички пресметки за количината и класата
- Изготвување на претпроектна студија со цел да се утврди теоретската економска корист одрудникот. Со ова се одредува дали треба да се вложува во понатамошни истражувања и се востановуваат главните ризици што би произлегле од тоа.
- Изготвување на проектна студија за финансиската исплатливост, техничката изводливост и финанскиските и техничките ризици. Во овој момент се решева дали проектот треба да оди понатаму или да се напушти. Тука спаѓа планирање на рудникот со моделирање на искористливиот дел, металуршките процеси, пазарната побарувачка и вредност на рудата, трошоците на инженерските и техничките работи и инфраструктурата, финансиските услови и анализа на животниот век на рудникот.
- Проценка на влијанието врз животната средина[2]
- Градежни работи, постаување на инфраструктура и вградување на опрема
- Работа со рудникот (експлоатација)
- Рехабилитација на земјиштето за негова поинаква употреба во иднина
Поважни рудни минерали
уреди- аргентит: Ag2S за добивање на сребро
- барит: BaSO4
- берил: Be3Al2(SiO3)6
- боксит Al(OH)3 и AlOOH, се суши до Al2O3 за добивање на алуминиум
- борнит: Cu5FeS4
- волфрамит: (Fe, Mn)WO4
- галенит: PbS
- злато: Au, обично се среќава со кварц или како шлих
- илменит: FeTiO3
- каситерит: SnO2
- кобалтит: (Co, Fe)AsS
- колумбит-танталит или колтан: (Fe, Mn)(Nb, Ta)2O6
- магнетит: Fe3O4
- малахит: Cu2CO3(OH)2
- молибденит: MoS2
- пентландит:(Fe, Ni)9S8
- пиролузит:MnO2
- сфалерит: ZnS
- уранинит (пехбленда): UO2за добивање на металичен ураниум
- халкозин: Cu2S за добивање на бакар
- халкопирит: CuFeS2
- хематит: Fe2O3
- хромит: (Fe, Mg)Cr2O4 за добивање на хром
- цинабарит: HgS за добивање на жива
- шелит: CaWO4
Галерија на руди од Македонија
уреди-
Титановата руда рутил од наоѓалиште во Веселчани
-
Цирконова руда од наоѓалиштето Козјак
-
Кијанитна руда од наоѓалиште во Штавица
-
Доломитна руда од наоѓалиште кај Прилеп
-
Калцитна руда од Сивец
-
Maгнезитно-железната руда оливин од наоѓалиштето во 'Ржаново
-
Магнезитна руда од наоѓалиште во Пчиња
-
Рудата гетит од Алшар
-
Мангановата руда спесартин од наоѓалиштето во Лојане
-
Металната руда алмандин од наоѓалиште во Пелагонија
-
Мермерната руда калцит од наоѓалиште во Мрзен
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Експертиза Архивирано на 9 август 2013 г. и услуги Архивирано на 10 август 2013 г. - „Рудплан“ (македонски)
- ↑ Управување со животната средина Архивирано на 10 август 2013 г. - „Рудплан“ (македонски)
Надворешни врски
уреди„Руда“ на Ризницата ? |
- НИУ Рударски институт (македонски)