Милано-Санремо 2014

Милано-Санремо 2014 — 105. издание на еднодневната класична велосипедска трка Милано-Санремо. Се одржала на 23 март на растојание од 294 километри и била четврта трка во сезоната на Светската турнеја.

Милано-Санремо 2014
Светска турнеја на UCI 2014, трка 4 од 30
Групата во Савона
Детали за трката
Date 23 март
Растојание 294 км
Време 6ч 55' 56" (26.352 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Александер Кристоф (НОР) (Катјуша)
Втор  Фабијан Канчелара (ШВА) (Трек Фактори Рејсинг)
Трет  Бен Свифт (ВБР) (Тим Скај)
2013
2015

Трката била освоена преку масовен спринт од Норвежанецот Александер Кристоф, пред Фабијан Канчелара и Бен Свифт.[1]

Рута и фаворити

уреди

Организаторите на трката вовеле многу промени во рутата за изданието во 2014 година, со новото искачување Помпеијана помеѓу постоечкото Чипреса и Поџо при крајот на трката, додека претходното искачување Ле Мани биле тргнато. На ова се гледало како воспоставување рамнотежа во корист на искачувачите отколку за спринтерите, а многу спринтери, вклучувајќи го и победникот од 2009 Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ) изјавиле дека нема да настапат. Меѓутоа, во февруари 2014, организаторите на трката објавиле дека нема да се вози на новото искачување поради лошите временски услови.[2]

Бидејќи немало замена на искачувањето, рутата била истата како онаа во 2007 и поради тоа била во корист на спринтерите, поради порамниот терен отколку минатите години. Подоцна, Кевендиш и Андре Грајпел (Лото-Белисол) одлучиле дека ќе настапат на првиот монумент во сезоната. Петер Саган од Канондејл бил сметан за еден од главните фаворити на трката, поради неговите спринтерски вештини и способностите за искачување. Кевендиш, Грајпел и возачот на Џајант-Шимано Џон Дегенколб биле сметани за фаворити при масовен спринт на крајот на трката, додека Фабијан Канчелара (Трек Фактори Рејсинг), Филип Жилбер од Ванти-Груп Гобер, возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Геранс и Том-Јелте Слагтер од Гармин-Шарп ќе бараат начини за победи со бегство во последните искачувања. Геранс не настапувал на трката поради болест.[3]

Екипи

уреди

Бидејќи Милано-Санремо е трка од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. На седум други екипи им биле дадени специјални покани за трката, со што се создала група од 25 екипи.

Екипи кои настапиле на трката:[4]

Преглед на трката

уреди
 
Седморицата бегалци во Савона

Милано-Санремо 2014 била освоена со силен спринт на Александер Кристоф од Катјуша, кој го отпочнал спринтот на околу 150 метри пред целта и се одвоил јасно пред Марк Кевендиш. Фабијан Канчелара од Трек Фактори Рејсинг завршил втор по третпат на трката, а петти пат на подиум во седум години.

Бен Свифт од Тим Скај бил изненадување на третото место, пред Хуан Хосе Лобато (Мовистар Тим) и Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ). Двајца од фаворитите ја пропуштиле завршницата, Џон Дегенколб имал дупната гума пред Поџо, а Андре Грајпел имал грч по потерата да стигне до групата на Поџо.

Трката била возена во ужасни услови со град и пороен смрзнувачки дожд, кој паѓал на возачите со часови. Раното бегство од седум возачи изградило значајна предност, но тие биле достигнати на Чипреса, кога Винченцо Нибали (Астана) започнал напад. Имал предност од 35 секунди пред главната група, но не успеал да се задржи пред нив, кои биле предводени од Катјуша и Кенондејл.

При крајот групата се намалила на 27 возачи, кои стигнале до завршницата, а Кристоф извонредно бил доведен од колегата Лука Паолини и се покажал како најсилен на крајот на тешкиот ден.[5]

Резултати

уреди
Велосипедист Екипа Време
1   Александер Кристоф (НОР) Катјуша 6ч 55' 56"
2   Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
3   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
4   Хуан Хосе Лобато (ШПА) Мовистар Тим и.в.
5   Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ и.в.
6   Сони Колбрели (ИТА) Бардијани-ЦСФ и.в.
7   Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
8   Сака Модоло (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
9   Гералд Чолек (ГЕР) МТН Кубека и.в.
10   Петер Саган (СВК) Канондејл и.в.

Наводи

уреди
  1. „Велосипедизам: Кристоф изненади на Милано-Санремо“. telegraf.mk. Телеграф. 23 март 2014. Посетено на 25 март 2014.[мртва врска]
  2. „Помпеијана надвор од Милано-Санремо“. Cyclingnews.com. Future plc. 28 февруари 2014. Посетено на 22 март 2014.
  3. „Gerrans ruled out of Milan-San Remo“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 март 2014. Посетено на 22 март 2014.
  4. „Почетна листа за Милано-Санремо 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 23 март 2014.
  5. „Резултати Милано-Санремо“. Cycling News. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 2014-03-24.

Надворешни врски

уреди