Кристофер Колумбо

Кристофер Колумбо (италијански: Cristoforo Colombo) (1451 - 20 мај 1506) — морепловец и адмирал од Џенова, Италија, чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500 и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.

Кристофер Колумбо
Портрет на Кристофер Колумбо
Роден1451
Џенова, Италија (иако оспоруван)
Починал20 мај 1506(1506-05-20) (возраст 55)
Ваљадолид, Кастиља
НационалностЏенова (иако оспорувано)
Други имињаЏеновски: Christoffa Corombo
италијански: Cristoforo Colombo
каталонски: Cristòfor Colom
шпански: Cristóbal Colón
португалски: Cristóvão Colombo
латински: Christophorus Columbus
Занимањеморепловец од Кастиља
ЗвањеАдмирал на Атлантски Океан;
ВероисповедРимокатоличка
Сопружник/циФилипа Мониз (1476-1485)
ДецаДиего
Фернандо
РодниниЏовани Пелегрино, Гиакомо и Бартоломео Колумбо (браќа)
Потпис
Карта на патувањата на Колумбо.

Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот третпат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лиф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбовден) се слави во САД и наоколу во светот.

Патувањата

уреди

Прво патување

уреди
 
Реплика на „Св. Марија
 
Колумбо во освојување на „Новиот Свет“, хромолитографија од 1893 г.

Вечерта на 3 август 1492, Колумбо отпловил од Палос со три бродови, „Св. Марија“, „Ниња“, и „Пинта[1]. Бродовите биле во сопственост на Хуан де ла Коса и браќата Пинзон (Мартин и Виченте Јањез), но монасите ги присилиле жителите на Палос да придонесат кон експедицијата. Колумбо најпрво допловил до Канарските Острови кои биле во сопственост на Кастиља. Таму бродовите ги дополниле залихите и направиле поправки, а на 6 септември тргнале во петтонеделно патување преку Атлантскиот Океан.

Според некои легенди, посадата била толку исплашена и тагувала за нивните домови да се заканила дека ќе отпловат назад кон Шпанија. И покрај тоа што вистината не се знае, сепак се верува дека морнарите се изјасниле во форма на жалби и сугестии.

По 29 денови без да видат копно, на 7 октомври 1492 (запишано во бродскиот дневник), посадата приметила птици како летаат накај запад и веднаш го променила правецот за да ги следат птиците накај копното.

Копното било конечно забележано во 2 по полноќ на 12 октомври од морнарот Родриго де Триана (исто познат како Хуан Родригес Бермехо) на бродот „Пинта“.[2] Колумбо го нарекол островот „Сан Салвадор“ (денешните Бахами), и покрај тоа што домородците го нарекувале Гуанахани. Сè уште не се знае кој од бахамските острови бил островот на којшто Колумбо се истоварил. Претпоставките се Самана Ки, Плаја Ки, или Сан Салвадор кој во 1925 бил наречен така бидејќи се верувало дека токму тој бил островот на којшто Колумбо прв стапнал на копно. Домородците на коишто наишле, Лукајците, Таинците или Араваците биле мирољубиви и пријателски расположени. Колумбо ги надгледувал домородците и како тие живееле.

Колумбо стигнал и до северно-источниот брег на Куба на 28 октомври а подоцна, на 5 декември и на северниот брег на Хиспаниола. Таму, на утрото на Божиќ, 1492, „Св. Марија“ се насукал и бил напуштен. Колумбо бил пречекан од домородците кои му дале дозвола да остави некои членови на некогавата посада. Колумбо го основал градот „Ла Навидад“ и оставил таму 39 членови на неговата експедиција.

На 5 јануари 1493, Колумбо запловил накај дома преку Азорите. Пловел низ силни ветришта и поминал низ силна олуја. Откако го напуштил островот Св. Марија во Азорите, Колумбо се упатил кон Шпанија, но, уште една олуја го принудила да се упати кон Лисабон. Се вкотвил веднаш до патролниот брод на кралот на 4 март 1493 каде што дознал дека 100 бродови ги снемало во олујата. Кралот на Португалија, Жуао II не бил во Лисабон, па Колумбо му напишал писмо и чекал на одговор. Кралот побарал да се најдат во Вале до Параисо (северно од Лисабон). Некои историчари тврдат дека Колумбо намерно се истоварил во Португалија.

Португалија и Кастиља не биле во најдобри односи во тоа време. Колумбо отишол да се сретне со кралот во Вале до Параисо. Откако поминал една недела во Португалија, се упатил со брод накај Шпанија. Нековото пронаоѓање на ново копно брзо се прочуло низ Европа. Колумбо стигнал во Шпанија на 15 март.

Во Шпанија Колумбо бил пречекан како херој. Таму на кралската фамилија им прикажал киднапирани домородци, злато коешто го нашол во новите територии, како и претходно непознатите тутун, ананас, мисирки, и најголемиот хит меѓу морнарите, хамокот. Колумбо не донел никакви зачини. Во неговиот дневник, Колумбо напишал дека во новите територии има многу „аји“, тип на пипер кој е повреден од црн пипер и е многу јаден од месното население.

Во неговото прво патување, Колумбо ги посетил Сан Салвадор во Бахамите (за кои бил убеден дека се Јапонија), Куба (која мислел дека е Кина) и Хаити (каде што нашол злато).

Второто патување

уреди

На 24 септември 1493, адмиралот Колумбо тргнал од Кадис, Шпанија со 17 бродови и посада од 1200 луѓе со цел да го конолонизира новооткриениот регион.

Третото патување и апсењето

уреди

На 30 мај 1498, Колумбо тргнал за третпат кон Новиот Свет. Овој пат зел шест бродови, а со него патувал и младиот Бартоломеј де Лас Касас. Бартоломеј подоцна ќе биде извор на делови на капетанските дневници на Колумбо.

Четвртото патување

уреди

Колумбо патувал и по четврти пат со наводна цел да го пронајде патот до Индискиот Океан преку Молучкиот Проток.

Колумбо како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Извори тврдат дека на бродовите никогаш официјално не им биле дадени имиња
  2. Клементс Р. Маркам, изд., Дневникот на Кристофер Колумбо (за време на Неговото Прво Патување, 1492-93), Лондон: Општеството Хаклујт, 1893, стр. 35.
  3. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 66.
  4. YouTube, Burning Spear - Christopher Columbus (пристапено на 17.4.2018)
  5. IMDb, 1492: Conquest of Paradise (пристапено на 18.2.2022)