Комета
Комета — мало астрономско тело слично на Астероид но составено претежно од мраз. Составен дел на кометата е „опашката“. Зборот доаѓа од латинскиот збор stella cometa - влакнеста ѕвезда. Тоа се студени небесни тела што кружат околу Сонцето. Кога кометите се најблиску до Сонцето, тогаш дел од нивниот мраз преминува во гас. Гасот и ослободената прашина од мразот формираат долга и светла опашка што струи зад кометата.
Структура на кометите
уредиНајзначаен дел од кометите кога се гледа од Земјата со голо око е прашинеста опашка. Се разбира, кометите се невидливи со исклучок кога се близу до Сонцето. Кометите доаѓаат кон Сонцето, мразот почнува да испарува, испуштајќи прашина и гасови од цврстото јадро. Прашината и гасовите формираат опашки милиони пати поголеми од јадрото. Опашките на некои комети се доволно долги за да можат јасно да се видат од Земјата.
Градба
уредиГенерално се смета дека кометите се состојат од мало густо јадро (со густина од 2х103 кг/м3) кое е вградено во магловит диск наречен обвивка (кома), а околу комата се наоѓа водородна обвивка. Јадрото на кометите се тела со мала маса и мали димензии (големина до 10 км), додека комата и опашката се со многу поголеми димензии (просечна големина на комата е од 50 до 100.000 км, додека опашката е со големина 10 милиони km), но со значајно помала густина. Поради тоа и поминувањето на Земјата низ опашката на кометата не остава последици.
Кометите се движат по елиптични патеки во различни периоди - времето за кое тие еднаш се завртуваат околу Сонцето, почнувајќи од неколку години па до илјадници години. Сјајната комета Хиакутаке, која е забележана од Земјата во 1996 година е проценета на период од 10.000 години.
Именување
уредиДенес се познати релативен број на комети. Кометите ги носат имињата на откривачите (прв кој ја видел, или пак имињата на неколку луѓе, доколку откивањето е настанало независно и временски приближно истовремено). На почетокот, кометите со името на потенцијалниот откривач носи и ознака на годината на откривањето, мала буква која покажува која е таа по ред откриена комета во дотичната година (пр. комета Леви 1990с значи дека кометата е откриена во 1990 година и дека се работи за третата откриена комета таа година). Потоа, откако се одреди патеката на кометата и се докаже дека кометата не е порано позната, со името на откривачот и годината на откривањето, со римски број се означува годишниот редослед по поминувањето на Перихел. Пр. 1974 XII значи дека е дванаесетта по ред комета која таа година поминала периодот на Перихел. Постојат комети кои не го носат името на своите пронаоѓачи. Станува збор за познати комети кои името го добиле спрема луѓето кои ги одредиле нивните патеки или дошле до научни откритија поврзани за истражувањето на кометите (пр. Халеева Комета и кометата Енке).
Име | Откривање | Последна посета | Следна посета | Период (години) |
---|---|---|---|---|
Бјела | 1772 | 1852 | распадната | 6,62 |
Енке | 1786 | 1997 | 2000 | 3,28 |
Фаје | 1843 | 1991 | 1999 | 7,34 |
Халј-Бопова комета | 23 јули 1995 | 1997 | 4377 | 2380 |
Халеева Комета | 240 п.н.е. | 1986 | 2061 | 76 |
Хиакутаке | 30 јануари 1996 | 1996 | 31.496 | 29.500 |
Кохутек | 7 март 1973 | 1973 | 76.973 | 75.000 |
Свифт-Татл[1] | Јули 16, 1862[2] | 1992 | 2126 | околу 130 |