Бритни Спирс
Бритни Џин Спирс (англиски: Britney Jean Spears; Маком, Мисисипи, 2 декември 1981) — позната американска поп-изведувачка. Родена е во Мккомб, Мисури, а порасната во Кентвуд, Луизијана каде што започнала да настапува како дете, да добива улоги во некои филмови и телевизиски емисии. Потпишала договор со издавачката куќа Џајв во 1997 и во 1999 го издава нејзиниот деби-албум ...Baby One More Time, кој ќе се продаде во над 27 милиони копии и станува најпродаваниот албум од тинејџерски соло артист.[1] За време на нејзината прва деценија во музичката индустрија, станува позната гигура во популарната музика и популарната култура, а следувал и публицитет во нејзиниот приватен живот. Нејзините први два албума ја направиле поп икона и таа срушила голем број рекорди, додека песните „...Baby One More Time“ и „Oops!... I Did It Again“ станале интернационални број-еден хитови. Спирс е кредитирана за влијанието што го оставила за преродба на музичкиот жанр тин-поп за време на доцните 1990-ти и станала „најпродаваниот артист на сите времиња, пред да наполни 20 години,[2] добивајќи почесни имиња како „Принцеза на поп-музиката“.[3]
Бритни Спирс Britney Spears | |
---|---|
Спирс настапува за време на нејзината турнеја Femme Fatale Tour во 2011 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Бритни Џин Спирс Britney Jean Spears |
Познат(а) и како | Бритни |
Роден(а) | 2 декември 1981 Мисисипи, САД |
Потекло | Кентвуд, Луизијана, САД |
Жанрови | Поп |
Занимања | Пејачка, текстописец, танчер, глумец, снимачки продуцент, автор, моден творец, видео режисер, забавувач |
Инструменти | Вокали, пијано |
Период на активност | 1989 -2016 |
Соработници | The Mickey Mouse Club, Мадона, вил.ај.ем, Dr. Luke, Ники Минаж,Иги Азејлија |
Мреж. место | britneyspears.com britney.com |
Во 2001, го издала нејзиниот трет студиски албум Britney и го продолжила својот бренд, играјќи улога во Раскрсница. Таа презела креативна контрола на нејзиниот четврт студиски албум, In the Zone (2003), кој ги дал успешните синглови „Me Against the Music“, „Toxic“ и „Everytime“. По издавањето на два компилациони албуми, Спирс искусила лични борби и нејзината кариера била прекината. Нејзиниот петти студиски албум, Blackout, бил издаден во 2007 и покрај тоа што имал мала промоција, од него се појавиле успешни синглови како „Gimme More“ и „Piece of Me“. Во 2008, нејзиното непредвидливо однесување и хоспитализацијата ја натерале да биде ставена во конзерваторшип. Истата година, нејзиниот шести студиски албум Circus бил издаден, со глобалниот водечки сингл „Womanizer“ кој се искачил на врвот на табелите низ светот и хитови како „Circus“ и „If U Seek Amy“. Таа ја започнала глобалната турнеја со најголема заработка,[4] The Circus Starring Britney Spears, во 2009. Во октомври, истата година го издала синглот „3“ кој се искачил на врвот на повеќе табели и станал нејзиниот трет сингл кој го достигнал првото место на Билборд Хот 100. Нејзиниот седми студиски албум Femme Fatale, издаден во 2011, станал прв од нејзините албуми да има три топ десет синглови во САД, „Hold It Against Me“, „Till the World Ends“ и „I Wanna Go“. Истата година, го добила својот петти број-еден сингл кога ремиксот на „S&M“ кој ги содржел нејзините вокали заедно со Ријана се искачил на првото место.
Работата на Спирс ѝ донела голем број награди и признанија, вклучувајќи Греми Награда, 6 МТВ Видео Музички Награди заедно со награда за животно дело, 9 Билборд Музички награди и ѕвезда на Hollywood Walk of Fame. Во 2009, Билборд ја рангирал како осмиот Артист на Деценијата,[5] и како најпродаваниот женски артист во првата деценија на 21-от век, како и петти артист целокупно.[6] Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA) исто така ја признало Спирс како седмиот најпродаваниот женски артист во САД, со 34 милиони сертифицирани албуми.[7] Nielsen SoundScan ја рангирал Спирс како десеттиот најпродаван дигитален артист во државата, со повеќе од 28,6 милиони дигитални синглови од јануари 2012.[8] Има продадено повеќе од 100 милиони албуми низ целиот свет, правејќи ја една од најпродаваните музички артисти на сите времиња.[9] Роулинг Стоун го признал нејзиниот брз успех како еден од Топ 25 Пробивања на Тин Идоли на сите времиња,[10] додека VH1 ја рангирал на единаесеттото место на нивниот список „100 Најдобри Жени во Музиката“ во 2012,[11] и Билборд ја рангирал како најсекси жена во музичката индустрија.[12] Форбс исто така открил дека Спирс била шестата најмоќна позната личност и третиот најплатен музичар од 2011–12, откако таа била на врвот на истиот список во 2002.[13]
Живот и кариера
уреди1981–97: Ран живот и почетоци на кариерата
уредиБритни Џин Спирс е родена на 2 декември 1981, второ дете на Лини Ирен (моминско презиме Бриџис) И Џејмс Парнел Спирс. Нејзината баба, Лилијан Портел била англичанка (родена во Лондон) и еден од пра-пра-прадедовците на Спирс бил по потекло од Малта.[14][15] Нејзините браќа и сестри се Брајан Џемс и Џејми Лин.[16] На тригодишна возраст, таа започнала да присуствува на танцувачки часови во нејзиното родно место Кентвуд, Луизијана и била избрана да настапува како соло артист на годишниот рецитал. За време на нејзиното детство, таа исто така присуствувала на гласовни лекции и лекции по гимнастика и освоила голем број награди на државните натпревари и детски емисии.[17][18][19] Спирс го направила нејзиниот локален сценски настап кога имала пет години, пеејќи ја песната „What Child Is This?“ за време на нејзината едукација во градинка. Таа за нејзината амбиција како дете рекла, „Бев во мој сопствен свет, [...] Дознав што треба да правам понатаму уште од млади години“.[18] Кога имала осум години, Спирс и нејзината мајка Лин патувале во Атланта за аудиција за обновувањето од 1990-те години на Клубот на Мики Маус. Кастинг режисерот Мат Касела ја одбил бидејќи била многу мала за серијата во тоа време, но ѝ ја претставил на Ненси Карсон, агент за таленти од Њујорк. Карсон била импресиониран со вокалите на Спирс и и препорачала да се запише во Професионалното Уметничко Училиште за Настапи; кратко потоа, Лин и нејзините ќерки се преселиле во апартман во Њујорк. Спирс добила прва професионална улога, глумејќи како замена за главната улога на Тина Дермак во мјузиклот Ruthless!. Таа исто така се појавила како натпреварувач на популарното телевизиско шоу Star Search, а одиграла голем број улоги во неколку реклами.[20][21] Во декември 1992, Спирс била примена во Клубот на Мики Маус, но се вратила во Кентвуд откако шоуто било откажано. Се запишала во Парклајн Академијата во близина на Меккомб, Мисисипи. Иако била пријателка со голем број од нејзините соученици, го споредила училиштето со „почетната сцена во Clueless со сите групи. [...] Ми беше многу досадно. Бев одбрана во тимот за кошарка. Имав момче и одев дома и имав формален Божиќ. Но сакав повеќе од тоа.“[18][22]
Во јуни 1997, Спирс разговарала со нејзиниот менаџер Лу Перлман за да ѝ се придружи на женската поп група Innosense. Лин го прашала својот пријател и адвокат Лери Рудолф за да ѝ каже негово мислење и му испратила снимка во која Спирс пеела песна од Витни Хјустон на караоке заедно со нејзини слики. Рудолф одлучил да најде издавачка куќа за Спирс и поради тоа му било потребно професионално демо. Тој ѝ испратил на Спирс необична песна од Тони Бракстон; таа ја вежбала една недела и ги снимила вокалите во студио со аудио инженер. Спирс отпатувала во Њујорк со демото и се запознала со менаџери од четири издавачки куќи, враќајќи се во Кентвуд истиот ден. Три од издавачките куќи ја одбиле, велејќи дека публиката сака поп бендови како Бекстрит Бојс и Спајс Грлс и дека „нема да има следна Мадона, следна Деби Гибсон или Тифани.“ Две недели подоцна, менаџерите од Jive Records се јавиле кај Рудолф.[23] Постариот претседател Џеф Фенстер изјавил за аудицијата на Спирс, „Многу е ретко да слушнете некој на толку години да испее толку емоционална содржина со комерцијален апел. [...] За кој било артист, мотивацијата 'око на тигарот' — е екстремно важна. И Бритни го имала тоа.“[18] Таа ја испеала „I Have Nothing“ (1992) за менаџерите и потпишала договор со куќата.[24] Тие ја назначиле да работи со продуцентот Ерик Фостер еден месец, кој го обликувал нејзиниот глас од „понизок и со помалце елементи на поп“ до „[глас кој] лесно се разликува и е од Бритни без грешка.“[25] Откако го слушнал снимениот материјал, претседателот Клајв Калдер нарачал целосен албум, Спирс била оригинално предвидена како „музика од Шерил Крау, но помлада и повеќе современа“ но се почувствувала подобро откако имала состаноци со продуцентите на нејзината издавачка куќа бидејќи „Имаше повеќе смисла да одам поп, затоа што можам да танцувам на музика која повеќе ме опишува.“ Таа патувала до Cheiron Studios во Стокхолм, Шведска каде половина од албумот бил снимен од март до април 1998, со продуцентите Макс Мартин, Денис Поп и Рами Јакоуб покрај останатите.[18]
1998–00: ...Baby One More Time и Oops!... I Did It Again
уредиОткако Спирс се вратиле во САД, започнала промоционална турнеја за да го промовира нејзиниот нов албум. Нејзиното шоу содржело четири песни и била придружена од два позадински танчери. Потоа следел нејзиниот прв концерт, каде настапила како предгрупа за 'N Sync.[26] Нејзиниот деби издаден, ...Baby One More Time, бил издаден во јануари 1999.[27] Дебитирал на првото место на американската табела Билборд 200 и добил двапати платинест сертификат од Здружението на музичките сниматели на Америка после еден месец. Албумот исто така се искачил на врвот на табелите во петнаесет држави и продал десет милиони копии за една година.[28] Станал најпродаваниот албум од тинејџерски артист.[19] Истоимената песна „...Baby One More Time“ била издадена како водечки сингл од албумот. Оригинално, издавачката куќа Jive Records сакала музичкото видео да биде анимирано; сепак, Спирс одбила и ја предложила последната идеја, таа да глуми католичка млада девојка која е во училиште.[25] Синглот продал 500,000 копии во својот прв ден од издавањето и се искачил на првото место на Билборд Хот 100 списокот и останал на првото место две последователни недели.[29][30] „...Baby One More Time“ подоцна добила Греми номинација за Најдобра Женска Поп Вокална Изведба.[31] Песната исто така се искачила на врвот на табелите во Велика Британија (каде останала две недели) и станала најпродаваниот сингл од женски артист, продавајќи 460,000 копии.[32] Подоцна станала 25-тата најуспешна песна на сите времиња во историјата на британските табели.[33] Спирс е исто така најмладиот женски артист кој има продадено над милион копии во таа држава.[34] „(You Drive Me) Crazy“ бил издаден како третиот сингл од албумот, Станал топ-десет хит и му помогнал на албумот ...Baby One More Time да продаде 26 милиони копии.[35]
Спирс позирала за насловната страница на Роулинг Стон од април 1999. Сликата ја покажувала Спирс како лежи на кревет со градник, шорцеви и отворена маица. Американското семејно здружение (AFA) ја опишало сликата како „вознемирувачки микс од детска невиност и возрасна сексуалност“ и ги повикало „Американците кои го сакаат Бог да ги бојкотираат продавниците кои ги продаваат албумите на Бритни.“ Спирс на ова одговорила, „Кој е проблемот? Јас имам силни морали. [...] Би го направила тоа повторно. Помислив дека фотографиите се добри. И бев изморена од споредбите со Деби Гибонс и баблгам попот цело време.“[36] Кратко пред тоа, Спирс изјавила дека ќе остане девица сè додека не се омажи.[19] На 28 јуни 1999, Спирс ја започнала нејзината прва водечка турнеја ...Baby One More Time Tour во Северна Америка, која била позитивно прифатена од критичарите,[37] но се појавила контроверзија поради нејзините специфични парчиња облека.[38] Следело продолжение на турнејата, насловено Crazy 2k, во март 2000. Спирс премиерно извела неколку песни од нејзиниот втор албум за време на настапите.[22]
Oops!... I Did It Again, нејзиниот втор студиски албум бил издаден во мај 2000. Дебитирал на првото место во САД, продавајќи 1,3 милиони копии, рушувајќи го рекордот за најголемиот број продадени копии во првата недела од кој било соло артист.[39] Албумот продал 20 милиони копии ширум светот.[40] Роб Шефилд од Роулинг Стоун рекол дека најдоброто нешто во албумот е тоа што „барањето на Бритни за задоволство е комплексно, софистицирано и страшно, правејќи ја вистинско дете на рокенрол традицијата.“[41] Водечкиот сингл од албумот, „Oops!... I Did It Again“, се искачил на врвот на табелите во Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија и некои други европски држави.[34][42] Албумот како и водечкиот сингл добиле Греми номинации за Најдобар Поп Вокален Албум и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба.[43] Истата година, Спирс ја започнала турнејата Oops!... I Did It Again World Tour, која имала заработка од 40.5 милиони долари; таа исто така ја издала нејзината прва книга, Britney Spears' Heart-to-Heart, која ја напишала заедно со нејзината мајка.[19][44] На 7 септември 2000, Спирс настапувала на 2000 МТВ Видео Музички Награди. За време на настапот, го соблекла нејзиното црно одело и продолжила да настапува во костим за капење со боја на место, по што следеле танцувачки рутини. Критичарите го паметат овој момент како времето кога Спирс станала попровокативен настапувач.[45] За време на шпекулациите од медиумите, Спирс потврдила дека е во врска со членот на бендот 'N Sync, Џастин Тимберлејк.[19]
Кариера
уредиНејзиниот прв албум „...Baby One More Time“ се појавува на светскиот пазар во јануари 1999, со што Бритни станува голема меѓународна ѕвезда. Со вториот албум „Oops!... I Did It Again“ го потврдува статусот на мега ѕвезда и идол на многу тинејџери во светот. Синглот „Oops!... I Did It Again“ се појавува на врвот на светските топ-листи во мај 2000 година. Третиот албум „Britney“ излегува во продажба во ноември 2001, па по кратка пауза го издава и албумот „In the Zone“ во ноември 2003. Синглот „Toxic“ станува огромен мега-хит и искачувајќи се на врвот на сите светски топ-листи, ѝ ја носи на Бритни првата Греми награда. Во 2007 година, по долга пауза Бритни се враќа на музичката сцена. Со албумот „Blackout“, таа прави вистински бум на топ-листите и докажува дека сѐ уште е мега-ѕвезда. Мега-хитот и прв сингл од албумот „Gimme More“ ја враќа на врвот на сите светски топ-листи. Во 2008 со нејзиниот прв сингл од албумот Circus, Womanizer, таа за вторпат, по скоро 10 години, се искачuva на првата позиција на Билборд.
Приватен живот
уредиВо почетокот на 2002 година, нејзината тиригодишна врска со Џастин Тимберлејк прекинува.[46] Таа станува сѐ повеќе провокативна и примамлива за медиумите и папараците. Нејзиниот бурен приватен живот секојдневно го следат камерите на папараците. На 3 јануари 2004 таа се мажи за Џејсон Александар, а по само 55 часа нивниот брак завршува.[47] Во јули 2004, Бритни ја објавува свршувачката со Кевин Федерлајн. Таа го раѓа првото дете, Шон Престон, на 14 септември 2005,[48] a следната година таа го раѓа своето второ дете, Џејден Џејмс Федерлајн на 12 септември 2006.[49] На 30 јули 2007 бракот на Бритни со Федерлајн е официјално завршен[50] и таа се посветува на нејзиното враќање на музичката сцена. Во октомври 2007, таа го губи старателството врз своите деца.[51]
Есента 2014 година, Бритни започнала врска со Чарли Еберсол.[52]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- 1999: ...Baby One More Time
- 2000: Oops!... I Did It Again
- 2001: Britney
- 2004: In the Zone
- 2007: Blackout
- 2008: Circus
- 2011: Femme Fatale
- 2013: Britney Jean
- 2016: Glory
Компилации
уредиНаводи
уреди- ↑ Фолклард, Клер (2003). Гинисова Книга на Рекорди 2003. Bantam Books. стр. 288. ISBN 978-0-553-58636-7.
- ↑ Ругиери, Мелиса (19 декември 2000). „Music Notes“. Richmond Times-Dispatch: стр. D.13
- ↑ Честопати ја именувале како новата „принцеза на поп-музиката“ Сузан Хопкинс (2002), Girl Heroes: The New Force In Popular Culture, University of Michigan Press, стр. 60
- ↑ Есмаилан, Ани (21 мај 2010). „15 Most Profitable Female Tours Ever“. Hollyscoop. DNA Group. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 26 октомври 2012.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеbbad
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име21sells
. - ↑ „RIAA — Gold & Platinum — May 3, 2010“. Здружение на музичките сниматели на Америка. Mitch Bainwol. 2010. Посетено на 26 октомври 2012.
- ↑ Business Wire. "The Nielsen Company & Billboard's 2011 Music Industry Report". Соопштение за печат. посет. 26 октомври 2012 г
- ↑ Муди, Клеми (3 ноември 2011). „Britney Spears pictured backstage at Rock Of Ages with Shane Ward“. Daily Mirror. Обединетото Кралство: Trinity Mirror. Посетено на 26 октомври 2012.
- ↑ „The Top 25 Teen Idol Breakout Moments – Britney Spears“. Роулинг Стоун. Wenner Media. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 26 октомври 2012.
- ↑ Грахам, Марк (13 февруари 2012). „VH1's 100 Greatest Women In Music (Complete List)“. VH1. Архивирано од изворникот 2012-03-04. Посетено на 26 октомври 2012.
- ↑ Персоналот на Билборд (12 јуни 2012). „Music's Sexiest Man & Woman: Poll Results“. Билборд. Prometheus Global Media. Посетено на 26 октомври 2012.
- ↑ „The World's Most Powerful Celebrities“. Форбс. 16 мај 2012. Посетено на 26 октомври 2012.
- ↑ Тома, Лиз (17 септември 2008). „Exclusive: First photos of Britney Spears' newly-discovered British family“. Daily Mail. Обединетото Кралство: Daily Mail and General Trust. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ Спирс & Кракер 2008, стр. 4
- ↑ Спирс & Кракер 2008, стр. 211
- ↑ Спирс & Кракер 2008, стр. 56
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 Дели, Стивен (15 април 1999). „Cover Story: Britney Spears: Britney Spears : Rolling Stone“. Роулинг Стоун. Wenner Media. ISSN 0035-791X.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 Новинар од персоналот (31 јули 2008). „Britney Spears' Biography “. Fox News. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ Спирс & Кракер 2008, стр. 75
- ↑ Лауфенберг 2005, стр. 616
- ↑ 22,0 22,1 Мунди, Крис (25 мај 2000). „Cover Story: The Girl Can't Help It“. Роулинг Стоун. Wenner Media. ISSN 0035-791X.
- ↑ Hughes 2005, стр. 145
- ↑ Тејлор, Чак (24 октомври 1998). „Air Waves: Jive's Britney Spears Sets Top 40 Abuzz With Rhythm-Leaning 'Baby One More Time'“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. 110 (43). ISSN 0006-2510. Посетено на 3 ноември 2011.
- ↑ 25,0 25,1 Hughes 2005, стр. 147
- ↑ Blandford 2002, стр. 28
- ↑ „Britney Spears, Teen Queen: Rolling Stone's 1999 Cover Story“. Роулинг Стоун. 2011. Архивирано од изворникот на 2011-03-30. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ Blandford 2002, стр. 30
- ↑ Бландфорд 2002, стр. 29
- ↑ Бронсон 2003, стр. 377
- ↑ „Rock On The Net: 42nd Annual Grammy Awards – 2000“. National Academy of Recording Arts and Sciences. RockOntheNet.com. 2010. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ „Record-Breakers and Trivia“. Everyhit.com. 2010. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ „Best Selling Singles Of All Time“. Everyhit.com. 2010. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ 34,0 34,1 „Britney Spears “. The Official Charts Company. 2010. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ Петридис, Алексис (27 ноември 2008). „Britney Spears: Circus“. The Guardian. Лондон: Guardian Media Group. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ Blandford 2002, стр. 36
- ↑ Стивенсон, Џејн (7 октомври 1999). „Spears takes aim at fame“. Jam!. Quebecor Inc. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ Бландфорд 2002, стр. 38
- ↑ Скенс, Ричард (25 мај 2000). „Oops!...She Sold 1.3 Million Albums: Britney Spears“. Роулинг Стоун. Wenner Media. ISSN 0035-791X.
- ↑ Стаф, Мајкл (20 мај 2010). „Oops! Week: 10 Fun Facts“. BritneySpears.com. Brandcasting Unlimited. Архивирано од изворникот на 2010-06-06. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ Шефилд, Роб (8 јуни 2000). „Britney Spears: Oops!...I Did It Again : Music Reviews : Rolling Stone“. Роулинг Стоун. Wenner Media. ISSN 0035-791X.
- ↑ „ultratop.be — Britney Spears — Oops!... I Did It Again:“. Ultratop. Hung Medien. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ „Rock On The Net: 43nd Annual Grammy Awards – 2001“. National Academy of Recording Arts and Sciences. RockOntheNet.com. 2010. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ „Britney Spears on 100 Top Celebrities“. Форбс. 2000.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Монтгамери, Џејмс (6 септември 2007). „Britney Spears' Greatest VMA Hits: Barely There Costumes, Giant Snakes And A Scandalous Lip-Lock“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-04-02. Посетено на 10 ноември 2012.
- ↑ McIntosh, Steven (April 30, 2021). „Britney Spears: Does the latest documentary tell us anything new?“. BBC News. Архивирано од изворникот на July 2, 2021. Посетено на May 6, 2021.
- ↑ „Judge dissolves Britney's 'joke' wedding“. NBCUniversal / Microsoft. Associated Press. April 6, 2004. Архивирано од изворникот на December 21, 2021. Посетено на December 21, 2021.
- ↑ „Britney Welcomes Home Sean Preston“. People. September 21, 2005. Архивирано од изворникот на January 16, 2007. Посетено на December 21, 2021.
- ↑ „Britney's Baby Name: Jayden James Federline“. People. October 24, 2006. Архивирано од изворникот на July 16, 2007. Посетено на October 19, 2019.
- ↑ Hall, Sarah (July 30, 2007). „Britney, Kevin Back to Being Single“. E!. Архивирано од изворникот на October 26, 2012. Посетено на October 6, 2010.
- ↑ „Spears will lose custody of children“. CNN. October 2, 2007. Архивирано од изворникот на September 1, 2010. Посетено на June 11, 2010.
- ↑ „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 24.