Автомобилски регистарски таблички во Македонија

Автомобилските регистарски таблички во Македонија се состојат од сина лента во левиот дел од табличката на која стои код NМК (пред февруари 2019 МК), регионален код со две букви, правоаголно поле во кое се испишани регионалниот код и двозначниот алфа код на кирилица, четирицифрен бројчен код и двозначниот алфа код. (на пример: SK1234 AB).
Новите таблички започнале да се издаваат од 20 февруари 2012 година, најпрвин во Скопје, а потоа и во другите градови.

Македонска табличка (февруари 2019—)
Македонска табличка (2012 — 2019)
Македонска табличка (1993–2012)
Тековните регистарски кодови (2020–)
Тековните регистарски кодови (2019–2020)
Тековните регистарски кодови (2015–2019)
Стари регистарски кодови (2013 — 2015)
Стари регистарски кодови (2012 — 2013)
Стари регистарските кодови по општини (1993 — 2012)

Цена за нова табличка изнесува 1.200 денари.[1]

Како последица на Преспанскиот договор, од февруари 2019 година на табличките наместо меѓунарониот код MK доделен од ISO се користи кодот NMK.[2]

Автомобилски регистарски таблички

уреди

Со најновите измени на Правилникот за регистрационите подрачја од 30 мај 2019 година, во Македонија има 34 регистрационо подрачје.[3] Во следната табела се подредени според нивниот латиничен код:

Код Регион Општини покриени со кодот Изглед
BE Берово Берово  
BT Битола Битола, Mогила, Новаци  
DB Дебар Дебар, Центар Жупа  
DE Делчево Делчево  
DH Демир Хисар Демир Хисар
DK Демир Капија Демир Капија  
GE Гевгелија Богданци, Гевгелија, Дојран  
GV Гостивар Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше  
KA Кавадарци Кавадарци, Росоман  
KI Кичево Кичево  
KO Кочани Зрновци, Кочани, Чешиново-Облешево  
KR Кратово Кратово  
KP Крива Паланка Крива Паланка, Ранковце  
KS Крушево Општина Крушево
KU Куманово Куманово, Липково, Старо Нагоричане  
MB Македонски Брод Македонски Брод, Пласница
MK Македонска Каменица Македонска Каменица
NE Неготино Неготино  
OH Охрид Дебрца, Охрид  
PP Прилеп Долнени, Кривогаштани, Прилеп  
Пехчево Пехчево
PS Пробиштип Пробиштип
RA Радовиш Конче, Радовиш  
RE Ресен Ресен  
SK Скопје Град Скопје; Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Чучер-Сандево  
SN Свети Николе Лозово, Свети Николе  
SR Струмица Босилово, Василево, Ново Село, Струмица  
ST Штип Карбинци, Штип  
SU Струга Струга  
TE Тетово Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце, Тетово  
VA Валандово Валандово
VE Велес Велес, Градско, Чашка  
VI Виница Виница  
VV Вевчани Вевчани  

Неважечки регистарски кодови

уреди
Код Локација Забелешки
TV Титов Велес Заменето со VE (Велес) кога дотичниот град бил преименуван.

Други таблички

уреди
  • Дипломатските таблички се сосотојат од: буквен код на државата (NMK), бројчен код на државата или странската организација, буквите CD, серискиот број и годината на издавање.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Tарифник за поединечни услуги“. Министерство за внатрешни работи. Посетено на 13 април 2021.
  2. „Конечен договор за решавање на македонско - грчкиот спор за името и за стратешко партнерство“. Влада на Македонија. 18 јуни 2018. Архивирано од изворникот 28 март 2021. Посетено на 13 април 2021.
  3. Правилник за ознаки на регистраските подрачја, МВР, 30 мај 2019.