Јужна Полутопка

половина од Земјата се наоѓа јужно од екваторот
(Пренасочено од Јужна полутопка)

Јужната полутопка (или Јужна хемисфера[1]) е половината од планетата Земја која се наоѓа јужно од екваторот.

Јужната полутопка на карта на светот, обележана со жолто (Антарктикот не е прикажан).
Јужна полутопка од гледиште над Јужниот Пол.

На неа целосно или делумно се сместени четири континенти (Антарктик, Австралија, највеќето делови од Јужна Америка и јужната половина на Африка), четири океани (Атлантскиот, Индискиот, Тихиот, и Јужниот) и речиси сета Океанија. Летото трае од декември до март, а зимата од јуни до септември. Пролетната рамноденица се јавува на 22 или 23 септември, а есенската рамноденица е на 20 или 21 март.

Географија

уреди

Климата на јужната полутопка е нешто потопла од климата на северната (освен Антарктикот кој е постуден од Арктикот). Причина за ова е фактот што оваа полутопка има многу повеќе вода од северната. Јужната полутопка исто така е многу помалку загадена поради помалата густина на населеност (10-12% од светското население), помалку индустријализација и помали копнени пространства. Покрај ова, воздушните струења се движат во правец запад–исток, така што загадувањето потешко патува на север или југ. На јужната полутопка сонцето минува од исток на запад преку северот. Како што минува сонцето, сенките се движат налево, ураганите и тропските бури се вртат надесно (што е обратно на северната полутопка) поради Кориолисовиот ефект.

Речиси сиот јужен умерени климатски појаси е океански. Во појасот е сместен цел Уругвај, Лесото, Свазиленд и Нов Зеланд најголемиот дел од Чиле, Аргентина, ЈАР и Австралија, како и делови од Парагвај, Бразил, Намибија, Боцвана, Мозамбик и Мадагаскар.

Јужниот Пол е свртен кон средиштето на галаксијата и затоа небото над оваа полутопка е попогодно за набљудување на ѕвездите.

Шумите на ова полутопка се одликуваат со посеебни одлики што ги разликуваат од оние на северната. На пример, Чиле и Нов Зеланд имаат уникатни видови на јужни буки (Nothofagus). Евкалиптусот е автохтоно австралиско дрво, но во поново време се одгледува и во јужна Африка и Латинска Америка за добивање целулозна маса и биогорива.

Список на континенти и земји

уреди

Континенти

уреди
 
Позната слика на Земјата напарвена од мисијата „Аполо 17
 
Постер со легендата „Ушуаја, крај на светот“. Ушуаја во Аргентина е најјужниот град во светот.

Африкански земји

уреди
Целосно
Претежно
Делумно

Азиски земји

уреди
Целосно
Претежно

Океаниски земји

уреди
Целосно
Претежно

Јужноамерикански земји

уреди
Целосно
Претежно
Делумно

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „„хемисфера". Лексикон на Набу речник. Набу речник. 2008. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 26 ноември 2010. (македонски)